Ја побарала ОТКАКО класната ја известила дека Вања не е на час. Иначе да, во вакви случаи од страна на полицијата и најблиските се држат под лупа, ваљда го имаат мвр во предвид тоа. А додуша и некогаш давање информации може дополнително да ја загрозат, то ест да му дадат до знаење на тој што ја држи дека му нашле траг.
Само колку филмови по витински приказни се снимани по вакво сценарио. И јас помислив на ова искрено само се молам да не е ова. Траг нема да и најдат ако е ова.
Епа добро, полицијата знае најдобро и ќе седиме пасивни со скрстени раце. Свесни ли сте што значи дете да ти исчезне во Центар-Карпош и три дена да имаш волку малку инфо? Мислев на камери, скоро секој локал има камери, од внатре, а фирмите имаат и од надвор, на паркинг.
Не е ништо чудно. Девојчето не стигнало на прв час и класната ја известила мајката. Откако мајката не успеала да ја добие, се кренало паника. Најверојатно ја барала по најблиските пред да ѕвони во полиција. Што би направила ти во таков случај?
МВР сите поголеми случаи ги води јавно, баш повеќе изгледа дека ништо немаат за ова но нормално нема да речат ништо немаме од истрагата то никогаш нема да го претстават во јавноста.
Затоа погоре пишував дека ми е чудна ситуацијава. Добро го познавам тој дел. Да е насила, не е. Тоа е факт. Одма некој ќе реагира. Манипулаторите имаат тактика. Греота за девојчето. Се надевам дека ништо нема да и направи тој што ја земал.
Од кога класните раководители ги информираат родителите во 07:30 дека детето не е на настава? Би требало да е обратно, родителот да го информира класниот кога детето ќе отсуствува. Значи класната била предупредена, да се јави кај мајката ако ќерка и не е на училиште без нејзина претходна најава?
Затоа што си има нормални наставници кои одма реагираат ако нема дете на школо!! Алал да и е на наставничката. За постот, може друг да го напишал. Полека со осуди. Јас тргнувам од себе. Во кризна моменти сум робот, исклучувам емоции и решавам што може да се реши. Доста со осуди зашто вака зашто така.
Дали за сите ученици кој што нема да пристигнат на прв час, класната има задача веднаш да се јави на родител? И дали одма треба да се алидира на лиднапирање или пак мижеби ќе се посомневаш дека бега од час и слично?
Си имале вибер група кај што родителите би пишале "Вања денес нема да дојде, болна е" ама такво нешто немало и класната пишала зашто не дошла. И така дознала и мајката
Јас кажав дека НЕ судам. Само имам многу прашања,кој што не ми се поврзуваат со реакциите на класната и мајката. Како добро изрежизирано сценарио е ова, како ефтин филм. ПАК КАЖУВАМ НЕ СУДАМ! Само се прашивам себеси и ве прашувам вас за мислење. Сакам детето да е во ред.
Можеби затоа што сите си ги познаваат децата. Ако е проблематично што бега ќе се знае, ама ако е дете примерно мирно секако ќе реагираш другачие. И да, може да се пишувала со некој педофил со лажеб профил и да ја грабнал и тоа е киднапирање... тоа е по мене најочигледното нешто. Малце ли ги има со лажни профили по фб. Тоа дека не нашле ништо, фала богу нема да кажат НИЕ НАЈДОВМЕ СЕ ПИШУВАЛА СО ТОЈ И ТОЈ... Се може да се види и избришани пораки и повици преслушани... само ние знаеме 1%. Да ни е на памет сите ова , што имате поголеми деца parental control на соц мрежи обавезно и airtag device околу 2000 ден е ако имате iphone, и во јакна или патика.