Ако немаат досие, не значи дека им е првпат, може првпат да се откриени. Како можеш со сигурност да тврдиш дека се наместени, која си ти бре? Признание и затвор тоа такс ли оди, сигурно имаат еден куп докази против нив, посредни и непосредни. Не биле психопати вели, куку боже. Дегенот од Велес сликан со качуља преку лице и мачета во рака, баш одава впечаток на еден домаќин и филантроп.
@CameliaMiller каде е пронајдена колата, до каде е пронајдено закопаното тело на девојчето има грубо 4-5км. Колата е на едниот влез во СЦГ (од Магистралниот пат), девојчето на другиот (од страната на Градските гробишта Бутел), измеѓу не е празно подрачје туку тука се куќите. И колата и девојчето се најдени во ненаселени подрачја, ниви. Така да мислам дека треба да се престане со тоа дека полицијата не барала околу колата и не го нашла девојчето на 27ми. Полицијата потфрли со Панче, најверојатно поради годините, а не со девојчето.
Да да најтрезвено размислуваш, среќа што си тука и не просветлуваш и нас а богами и МВР и јавноста оти да не беше ти логично никој нема да размислеше. Повеќе глави поубаво мислат така ми одговори пред некој ден Соберете се малку со теории на заговор, шо ви е, само вие сте гневни?
Ај ќе почекаме да почне судење. Засега го нема оружјето... Викам јас, мора да направат исклучок и да ни покажат доказ од надзорни камери. Боже ме прости ама мислам дека овие го убиле велешанецот но некој друг девојчето... Некоја друга екипа им влегла во трага и се случил тежок монтиран монструозен криминал... Ќе чекаме да видиме што ќе се случи. Многу е важно да се дознае овие психопати, каде биле утрото на 27ми.
Тој со качуљката ми е ист како и сите што ставаат патка фејс на профилна, тој калибар. А која е твојата призма на гледање? "да му веруваме на Венко/Оливер"? Дајте аплаузи!
Не знам што ви е теории ова она значи ова кај нас се случи не е секојдневно за мало дете се работи. Сите сакаме да дознаеме што е работата, зошто го убиле девојчето. Слободно може да пише кој што сака. Сте запнале па не знам што, сите ги интересира, сите за оваа тема зборуваат.
Не, не може секој да пише што сака. Теории и шпекулации при недоволно информации не се во ред. И кога има некоја информација, не е во ред да се извртува од некој.
Каде се надзорните камери во главен град на секој кош што има? Не се случило киднапирањето во некое забутано село ало ме бидете наивни, и вие се криви ама има поголема риба пред нив сто посто..нешто одвнатре не ми дава да верувам на приказната.. што правиле толку души со Палчо свеќа ли му држеле
Е не е исто, ‘патка’ фејс и мачета не е исто, како сакаш гледај. Не аплаудирам никому, тоа им е работа, мене не ми аплаудира никој кога добро ќе си ја завршам работата, зошто на нив би им ? И никој не бара од вас да аплаудирате. Али не им ја умалувајте одговорноста со тоа што велите дека се НАМЕСТЕНИ! Тоа правите. Изиграни можда се, ама наместени не. Што не те намести тебе или мене некој дека сме убијците? Браниш убијци на дете!
Немој жити мене. Еве солза пуштив за нив. Дај бе затворете ја темава. Ова веќе не е ни близу до некоја морална граница.
А што ви е чудно за тоа дека мајката така напишала на статусот на ФБ. Можеби некој се препознал и кажал дека ја видел Вања на пат до училиште, па по тоа се водела. Можеби татко и ја пречекал во влезот и ја повикал да влезат во тие помошни простории на Љ, па таму ја внеле во вреќата. Е сега за тоа како никој не видел како ја изнесуваат, може виделе ама не им изгледало сомнително. На почетокот сите се обидуваа да се сетат дали ја виделе Вања каде оди, каде се упатува, на никој не би му текнало дека уште од зградата е земена во вреќа.
Дечки, ајде престанете со теории на заговор. Девојката излегува за школо во 7.20. Овие абдали ја чекаат во влез, ја совладуваат, со селотејп на уста, раце и нозе и во вреќа за спиење ја изнесуваат до кола и ја ставаат во багажник и тргнуваат со двете коли. Фатено е на камерите како се вози Палчо во реното пред цитроенот, за на извесна локација да застанат и тој се качил во цитроенот. Најверојатно имале контакт со таткото и тој им кажува дека е пријавено во полиција, затоа е таа паника и му викаат овие соучесниците дај да ја пушиме оти ќе не фатат секако, ајде за Панче не се крена полицијата, ама сега сме во голема невоља и овој вади пиштол и ја застрелува. Најверојатно затоа и таткото е во притвор, инаку лесно може да се претпостави кога децата излегуваат за школо, ама ваљда имало комуникација меѓу Палчо и таткото и затоа и тој е обвинет. На 27ми ко ја најдоа колата, враќале камери назад и ја забележале заедно со реното пред зградата. Реното е на друг сопственик дадена на користење на Десна, викнати се на разговор и тие кажале дека на Палчо ја дале колата пред извесно време. Тука полицијата сфаќа дека и тој е дел од групата и нормално му влегуваат во трага, најверојатно имал контакт во полиција и затоа тој избегал на 30ти за Србија кога видел дека ќе ги разоткријат за неколку дена. На камерите ги има и приведените на бензинска како купуваат бензин, ванаби мафијаши се, арно кажа Оливер, малоумници. Да не ја запалеа колата, тешко ќе им се влезеше во трага. Ама... Плус во саботата полицијата ги тресела неговите дома и дури тие биле таму се јавил тој и им кажал дека е во Турција, дека го местат и сакал да се врати да "објасни" дека не е крив туку е местенка. Во меѓувреме овие другите кога сфатиле дека сите се уапсени а овој избеган, го кажале и Палчо како соучесник и дека ги убиле и Панче и Вања, каде се закопани, се со ред. А биле на распит само за поврзаноста со колата. Затоа завчера Оливер цело време повторуваше, според нивно кажување, според нивно кажување... Да не објавеше овој будалата дека има докази дека Вања е најдена убиена и дека чека на полицијата и им даде 30 минути ако не ќе објавел тој, немаше ние да дознаеме во неделата вечер, туку ќе имаше полицијата време да изврши увид и наредниот ден да излезе на прес и да објави се до детали. Желни за политички поени, Богојевски објави пред време, ама среќа веќе знаеле дека е во Турција и од таму го собраа во станица пред да пребега на друго место. И да знаеле пред време дека е Палчо, немало доволно докази и немало тела. Ама пропеале двајца мислам и се раскри релативно брзо.
Прво кој си ти да ти покажуваат снимки од истрага, друго кажа министерот дека се пронајдени два пиштоли и телефонот на девојчето, и доста веќе со глупиве теории и фантазии го отупе ептен, не знам што чекаат што не те банираат веќе од темава. @RainBow Ако ја читаше темава ќе знаеше дека имало и помошни простории и споредни влезови во зградата, ама изгледа ве мрзи да читате, подобро ви е вака да тресите глупости, си наоѓате занимација.