Е, колку се де? Десетина стана преку сила. Сте запнале со тоа не видел никој, та не видел никој? Од каде знаете вие дали видел некој? Може виделе и кажале во полиција. А, сосема е возможно и никој ништо да не видел во зградата, оти како прво е со мал број станари, а како второ едно чудо луѓе ви кажаа дека монструмов имал простории во зградата. Доволно е само да ја одвлечкале таму додека ја врзувале во вреќа. Што се однесува до чудењата зошто никој не видел ништо надвор, сериозни сте?! Вие реагирате на се што ќе видите и се памтите? Секојдневна глетка е некој нешто да носи, дали тепих, дали мебел, небитно... Дај, олабавете со теориите кои немаат никаква основа. Дека има неразјаснети прашања, има, ама, истрагата се уште е во тек како прво, а како второ секако дека нема се да споделат со вас.
За Палчо има потерница од Хрватска за 2 ипол илјади евра. Мислам... ебате богаташот да те гонат за ситни пари.
Ако е точно дека ги фатило паника, тогаш можеби мислеле дека мајката нема да дознае додека девојчето не треба да се врати од школо. А бидејќи убиецов сигурно има извори насекаде, добил дојава дека е пријавена за исчезната. Не знам што е толку неверојатно да се сфати и некои нон стоп нагласуваат дека дури во 12 мајката пишала на ФБ. И друга работа, да мајката пишала дека последно е видена во дебар маало веројатно зошто таму е последниот сигнал од телефонот.
Пази ги фатило паника дека мајката пријавила во полиција па затоа го убиле девојчето а не ги фатило паника кога ја киднапирале и врзувале во влезот дека некој може да ги виде или надвор ко излегувале кадешто има камери. Тој што оди да киднапира има однапред детерминиран план на изведба и не се сере во гаќи ако полицијата биде известена тоа по дефолт се знае и е ризик што уште од старт се превзема. Од друга страна го имаш таткото што наводно една недела молчи а ќерка му убиена. Па незнам каков монструм да е пропалица наркоман, коцкар you name it на убиено дете ако претходно постоело договор меѓу нив дека ќерка му ќе биде пуштена жива па ќе пукнел во себе и ќе ги пријавел уште истиот ден не да оди во 11 часот ќерка му да ја пријавува за исчезната Благе везе нема приказнава ништо ама баш ништо од се што споделија официјално не верувам очекувам наскоро нови детаљи и новости оти ова досега што го соопштија е навреда на интелигенција
А кој ќе ја земе колата на негово име? Даваш документи кога ренташ. Ја зеле од Панче колата баш со таа причина, да се наведе трагата во друга насока. Овој го снемува, неговата кола пред зградата на Вања, ама реното валда не мислеле дека ќе го поврзат со случајот. Ама не им текнало дека на бензинска има камери. Некој рече дека се сакале да ја украдат колата на Панче, и тоа е можно да се случило, овој ги видел, излегол... Сигурна сум дека штом одма признале двајца за убиствата, испеале се од А до Ш и веќе се се знае. Овој монструм си имал контакти во полицијата, му дојавиле и ја кидна тој, ги остави... Како што процурија и вестите и Богојевски објави пред време. Очекувам да го санкционираат за тоа, треба да се најде кој споделува класифицирани информации
Прво види на кого реплицираш, јас никаде не напишав дека размислувам на ваков начин, баш ги побивав овие теории што ги спомнуваш. Кажувам само за зградата дека е мала, десетина станови, но не на 2-3ца туку на различни луѓе. И дека Палчо има помошни простории.
Баш ова. Иако е навистина неверојатно таму да нема сведоци, и јас како други секојдневно со години баш таа раскрсница ја поминував, на Илинденска 24/7 има сообраќај и луѓе, нема кога нема. За да нема сведоци или биле баш неочигледни, посебно што никој не очекува дека во тоа што го носат жив човек има, а второ, и да има сведоци, заштитени се и веројатно и во текот на судењето нема да се каже кои/како се.
Нели зградата негова е, само од таа зграда у строг центар колку пари можеш да направиш а не е и единствена која ја градел. Е тоа не знам.
Не е негова, на пропаднатата негова фирма се помошни простории. Мател, градел, пустел, и тогаш бил кримос. Пари не се вечни, ете сега очигледно немал, а и тоа сектата треба некако да се финансира.
Знаеш Палчо како градел (а и повеќето во Дебар маало)? Мали се плацовите таму. Се договара со сопствениците дека ќе им даде процент од зградата, остатокот го продава. Во меѓувреме додека се гради зградата им плаќа кирија на сопствениците. Имајќи предвид дека се што изградил е матно или нелегално, а во времето кога градел се менуваа владите, сосема веројатно е да му се одолговлекува изградбата. Со сигурност знам дека зградата кај Тифани (во чело од Партизанска, на почетокот) ја градеше со години и познавам луѓе, чии плацови ги зема, кои со години живееја под кирија, пред да се вселат. Може и бил богат порано, ама сосема возможно е сега да е шворц.
Не мора да се плати се е достапно, 11 стана има влезот а станот кај што живееле е на име на таткото на Вања а не како што се објаснуваше до сега на мајката или на нејзините родители.
Ова го зборувам цело време ама се бришат коментари и не може да им објасниш на теоретичариве на заговор дека не постојат 5 стана кои мајката не сака да ги врати