А, од кај знаете дека никој не видел? И да има сведоци, полицијата нема на јавноста да ѝ каже. Колку забегувате некои, ми иде кај Оливер да ве ставам. Таман да ја види вашата „експертиза“.
И јас, де. Јас и ти би се посомневале. Други не. Луѓето имаат свои маки. Не загледуваат сите што прават другите.
Ве читам и ви се чудам како можите сѐ со политика да поврзувате. Еден нормален ако имаше, немаше лабаво да си одат на средба да договараат избори, ќе притискаат ден на жалост да се прогласи барем. Ама не, сите гледаат да си седнат на фотелјата, а вие каква корист имате од тоа, вие си знаете. Не знам зошто овој успех (или неуспех според некои) го поврзувате со Оливер. Работата ја сработи специјална единица во МВР, во која верувам работат луѓе од сите партии, како и непартиски луѓе. Ако на некој албанец му е сеедно дека е убиено македонско девојче или на некој од опозиција дека е убиено девојче за време на владеење на нивни опоненти, тогаш очигледно имаат проблем со психа. Или пак вие шо правите сценарија дека е логично да е така. Има дупки во целата приказна...има, да, благодарение на такви што сакаат да добијаат некакво влијание врз народот, па нудат доверливи информации на тацна. Да не се споделуваа за јавноста непознати информации во неделата, верувам дека и МВР и ЈО ќе имаа повеќе одговори. Вака, ем незавршена предистражна постапка, ем сите информации што ги имаат се од изјави на приведените, ем не смеат да споделат сѐ со јавноста. Упорно барате логика за психопатски ум. Тие да резонирале логично, немаше да убиваат ни за пари, ни за одмазда, ни од кеиф. Мислам дека е пребезобразно одново и одново да ја преиспитувате мајката. Мислите дека ако беа вмешани и двајцата родители, ќе најмуваа сто други луѓе за да ја убијат? Со заседи, грабнувања? Искрено, до крај се надевав дека таткото ќе е невин, во најмала рака дека и да споделил информација била од невнимание. Но штом има оформено предмет против него, веројатно имаат докази, не се водат само по исказите на оние тројца. Одморете малку со сценариите, дајте да ги пуштиме на мир да издишат и Вања и Панче. ПС: ко печурки никнаа нови членови само за темава. Не ви е малку чудно? ППС: се надевам дека од обдукцијата нема да бидат споделени детали, едно да не се реметат нормалните луѓе, пред сѐ деца, друго да не се задоволуваат болните умови и нагони на психопатите.
Не е тоа нива. Тоа е земјен пат кој води до една прочистителна станица. А после неа ако продолжиш доаѓаш до рамниште кое од Стенковец го користат за слетување со падобрани. Инаку да истиот пат го обезбедува полиција и не дозволува приод. На мапа кога гледш доаѓа до забуна дека е Голиово, што мене прво ме збуни зошто се споменуваат различни села ама информациите доаѓаат највероатно на мапа кога се гледа. А цело време се работи за истото село и истото место, само физички малку подалеку од каде што е запалена колата. И тој пат го знаат само тие што живеат тука во таа општина. Вака од регуларната улица никогаш не би помислил дека има пат кој води некаде. Затоа и говедово го знаело затоа што е во соседното село роден ....
Значи во групата има и закани за Оливер Спасовски по живот. Глејте дека ќе испадне дека сакаат дестабилизација и дека се платени за ова. Ова не е наивно, се закануваат на министерот и тие кажуваат кои биле вистински Македонци. Притвор за овие. Ако почне сега МВР да апси, да приведе 100 души, од тие што се закануваат и го бранат, е ќе видиме тогаш каков ќе биде угледот на државата и дали нема да е ова еден обид за дестабилизирање од внатре. Овие не се косовари, не се странци, нашите Македончиња се, мили они, јадните.
Буквално, верувам дека може и мн луѓе да се сведоци и да се испрашани, ама никој не смее тоа да го спомне! На Оливер ми се смучи од вакви што измислуваат приказни, шират дезинформации, вчера ми се чинеше дека му беше преку глава од глупите новинарски прашања.
Значи, можеш милион слични примери да наброиш, ама полна вреќа ко онаа од сликите да ја носат двајца луѓе, не можеш да ме убедиш дека не е сумљиво. Не, јас кажав дека не се должни да кажат за сведоци, или било што. Ама не е ко најсекојдневно нешто, за човек ништо да не помисли ако го забележи.
Ама еве и да ти е сомнително, што ќе направиш? Ќе пријавиш во полиција? Ќе застанеш да ги прашаш што прават? Реално, колкумина од вас би го направиле ова? Скоро па никој. Тука во несвест паѓаа зошто мајката толку рано пријавила во полиција за исчезнато дете, не па ќе ти пријавуваат нечие сомнително однесување. Можеби отпосле, откако се дозна за девојчето, некому и му текнало, па пријавил, ама претходно не верувам.
Кога ќе видиш онакви параспури од луѓе молкнат нешто во параспур автомобил,последно нешто шо ќе помислиш е дека е киднапираат некого. Стварно забегувате.
Па баш дека е Центар може да биде незабележително, дека е раздвижено, има гужва, негде кај што немало раздвиженост можеби по ќе приметиле нешто, сепак велам можеби.
Па ние не сме држава, ниту сме биле некогаш. Ние сме протекторат, заробени сме во интерест на глобализмот и големите сили, се водиме само на хартија како држава, политичариве се фигури само пред тв, затоа и врска немаат за ништо, така и ги местат а и такви бараат, да им служат. Нашиов народ е таков, се подмитува итоа за ситно, има луѓе за кафе или чај чекаат да ги честат и одма ги восхитижуваат тие што ги честеле, само од интерест живеј, што мие мило да мие живо, а туѓото нее важно. Епа затоа не бива ништо од нас, ниту ќе биде некогаш. Наскоро ќе станиме и кантона, западна Македонија албанска, источна бугарска, типично ко во Швајцарија. И мене мие чудно ова, како никој не видел ниту чул нешто. Вчера баш поминав покрај зградата кај што живее Вања ко одев на факултет, дур чекав на семафор баш ја снимав зградата дур беше црвено и ја прегледав снимкава после. Самиве скали на влезот се свртени кон булеварот, и баш тука е семафорот на влезот и тука застануваат возила. Околу има продавнички колку што забележав. Се чудам како никој ништо не видел, ни тие околу зградата, ниту луѓево што возат и чекаат на семафор, во 7.30 се случило, е баш тогаш е најраздвижено луѓето дека одат на работа и никој ништо не видел. Мистерично е. А и во зградата како никој во ходниците не слушнал ништо, ни глас ни викање ни тропање, а да имало некој и него ќе го суределе да нема сведоци. Не знам што да кажам, ова е нешто големо, не ми се верува. Тој стариот за 500 евра го убиле, па и со неговата кола, зарем немаат возила и пари да изнајмат еве овие па неговата, итоа стар Цитроенот. Не знам што да речам. Спасовски спомна нешто и за дестабилизација на државата од друг странски фактор а детево е земена како невина жртва. Боже господе што се дешава не можам да верувам, се надевам ќе излезе вистината на виделиво. А овај идотов Палчо веќе била отпочната екстрадицијата, требало да се преведи уште документот на турски.
А зошто упорно прашувате како можело никој да не видел? Да речеме дека постојат и сведоците се заштитени. Можеби се пријавиле следниот или по 2-3 дена? Дел од заштитата на сведокот е нели ние да не знаеме ни дека постои како таков. Не знам зошто ова прашање уште го поставувате, кога и да има некој што видел, нема да се знае тоа.
Таму е стварно прометно у 7 и нешто. Ама може стварно личело како да фрлаат нешто. На кој ќе му текне. На најочигледната локација. Тоа е многу паметно до негде. На најочигледното место, на никој нема да му текне
Овие глупаци се се' ама паметни не. Или не им е прв пат па се лежерни биле. Или пак стварно се прости како камења. Друго нема.
Тоа е рутата што ја оди секој ден, таму требала да движи, натака требала да се упати. Не дека некој буквално ја видел. Што требало да пише мајката? Последен пат е видена сабајле у ходник коа облакаше патики.
Kao ubica Jurićeve (15) označen je mesar Dragan Đurić (34) iz beogradskog naselja Surčina. Na konferenciji za novinare, zakazanoj za 10.00 (7. avgust), ministar Stefanović potvrdio je da je Đurić uhapšen u popodnevnim časovima prethodnog dana, kao i da je osumnjičeni priznao da je počinio zločin, te da je policiju odveo do mesta na kojem je pokopao žrtvu. Prema rečima ministra: (Prilikom privođenja) on se nalazio u svojoj mesari u Surčinu, potpuno mirno je sekao meso i ponašao se kao da se ništa nije dogodilo. Potpuno odsustvo bilo kakvog kajanja, potpuno odsustvo bilo kakvog ljudskog ponašanja. Од убиството за Тијана. И после како таткото на Вања бил толку смирен. Не било можно. Кој би го направил тоа. Па и да има вмешаност и да нема нормален родител не се однесува така луѓе, отидов на операција татко ми не беше мирен додека не му се јавив. Ама, овој е психопат како и овој убиецот на Тијана и затоа се однесува така. Не се прашувајте како е можно, нема што да прифаќате тука, едноставно такви луѓе постојат.
И што ако живеат со тој товар? Секако ќе бидат обележани. Ама што се криви деца, внуци да плаќаат за грешките на родителите.