Луѓе мои... МВР го нашле телото во њива, значи имало траги. Може и за тоа имало сведоци, ние не знаеме. Дадоа информации, но не дадоа детали како стигнале до тие информации. Може 10 сведоци имало за грабнувањето, вие тоа не го знаете, полицијата го знае и веројатно испрашувале комшии и луѓе..
Читам и неможам да се изначудам дека прашувате едно те исто зошто ова зошто она, како никој не видел, објаснето ви е и пак ама како, ама зошто, еве и да видел некој нешто може ќе помислил фрлаат ѓубре, се селат, сето ова го напишаа неколку пати, вие упорно. И од каде знаете дека немало сведоци, може во моментот не пријавиле, туку откако објавија за девојчето, да не сакате вас/нас да дојдат и да ни кажат? Сигурно и да видел некој нешто пријавил во МВР, и не мора нас да ни кажат. А ти си бил/а на семафори и си јa снимал/а зградата, ама откако се случи сето ова. Па како е можно некој ништо сомнително да не видел додека чекале на семафори, да сабајле сите поспани, се брзаат за на работа, тоа ќе гледаат, ќе се вртат додека чекаат на семафори дали има нешто сомнително. Си пиша додека си чекал/а на црвено било ова, а да било зелено ќе застанеш на сред улица и ќе анализираш? Очигледно не сте слушнале за заштита на сведоци. А за стариот кажаа не се работи само за 500 евра, има нешто друго во оваа работа, и прашање е дали ќе се открие, има разни шпекулации, може ќе ни сервираат и нешто друго.
Грешна перцепција имаш. Од кога вреќа за спиење се користи за фрлање ѓубре? Отварање и затварање на гепек, гепекот на ова возило е од средна класа а девојчево е високо 175см. Толку лесно го ставија телото во гепек? Исто како ти кога пазариш, отвараш гепек, фрлаш кесите и затвараш. Така и со човечко тело високо 175см? И тоа сето на брзина, повеќе души собрани во зграда и пред зграда да носат и "флраат" толку тешко "ѓубре" итоа во вреќа за спиење? И притоа никој да не слушни ни глас, ни викање, ни врева ни чекори, ни тропање? Дај ти се молам, нема логика ова што го кажа. Плус зградава е на самиот булевар и семафор, и зелено да било еве имникој да не свртил глава. А звуци зарем никој не слушнал околу од продавнички, во зградата, во ходник. Плус во 7 сите одат на работа, зарем никој не се погодил од станарите да слегува по скали и да излегува од зграда, да има раздвиженост пред зграда? А сите се ориентирате за камери, и само камери. Некогаш судот не признава камери, туку бара очевидци на настанот или сведоци. Башка камерите не снимаат јавен простор. Инаку да, за тоа дека не мора јавноста и ние да знаеме дали некој видел или пријавил тајно си во право, тоа е и во интерест на истрагата и за безбедност на очевидецот. Ама тоа дека можеби фрлале ѓубре толку мажи и никој не се посомневал, не ти држи вода.
Последен да му е да даде Господ ПОСЛЕДЕН. Се надевам роденденски ќе го шлакаат МВР не знам шо праи??? Овие поддржувачиве се исти ко нив Мрднати
Да, сабајле поспани ќе гледаат баш дали била вреќа за спиење. Веќе пишаа дека Палчо имал простории во зградата, од каде знаеш како се случило тоа, може сето ова во просториите па таму си ја вршеле работата, пак со истото, како не слушнале, како ова, како она, можеби ја успеале некако, и аман од каде знаеш дека никој ништо не видел, тебе лично ли да ти кажат сведоците? Мораат да бидат заштитени, што не ви е јасно не знам веќе. И ама се фативте со тоа ѓубре фрлање аман, како пример го кажав тоа .
Се виде колку на мравка не гази. Гнаса. Заради такви како него мајката никогаш повеќе нема да си го види детето. Тешко и на сестричката. Ќе си го добијат во затвор.
zosto sega smenija, sega ubistvo od koristoljubie samo za starecot no ne i za Vanja Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за грабнувањето на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и нејзиното убиство и за убиството на 74-годишниот Панче Жежовски. „Четворица како соизвршители сториле две кривични дела – грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин, едно на малолетно лице и едно од користољубие. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице“, соопштија од Обвинителството. ubistva na SVIREP NACIN, SVIREP! panika gi fatilo kako da ne ? 6.УБИСТВО НА СВИРЕП НАЧИН (ЧЛ. 123 СТ.2 Т.1) Како лишување од живот убиството само по себе е насилен и свиреп акт со кој се предизвикуваат болки и страдања кај жртвата (физичко и психичко страдање на жртвата). Убиството на свиреп начин се карактеризира со зголемен, енормен степен на физички маки и страдање на жртвата, како и свест и волја на сторителот за причинување на такви страдања на жртвата. Теoријата и јудикатурата се согласни дека поимот на свирепост вклучува два елементи: објективен и субјективен. Во објективна смисла убиството може да биде свирепо ако е извршено на одреден начин и со одредено средство, ако времето на извршување траело повеќе од неопходното за лишување од живот на жртвата и ако жртвата трпела поинтензивна и поголема-додатна свирепост од неопходната за лишување од живот. Всушност објективниот елемент води кон постоење на осбено тешки маки, болки и страдања од физичка или психичка природа за жртвата. Наспроти објективниот, субективниот елемент не упатува на свеста на сторителот дека жртвата страда и постоење на волја од страна на сторителот за настанување на таквите страдања ). Всушност во субјективна смисла потребна е свест и сакање односно согласување жртвата да се лиши од живот на свиреп начин со цел да се предизвикаат поинтензивни болки и повеќе страдања. eden kursum v celo ko sto velat ne e svirep nacin a stom ovie ubistva se klasificirani kako svirepi,imale uzasna smrt i sto? sega nekoi psihopati gi branat ovie ludaci na nekoja fb grupa?
На мапата на Телма што ја обележаа, за колата зборувам кај е запалена, баш ниви личат. Сфатив каде е колата, но во однос на неа на сликиве, каде е закопано девојчето? Ова ич не е мало пространство, а не знаев дека тука има прочистителна станица.
Така е, ама се прават многу паметни и јаки останатите и зборуваат за некаков си морал. Нема морал во вакви ситуации
@quattro Od ona sho mozev da vidam na maps Kamera ja faka pocetokot na ulicata. Taa e ednosmerna I kaj vlezot ima 2 od zgradata Ama dali rabotat e prasanje sex shopot dole otvara u 10 Zabarot isto Bike marketot karsi isto nakaj 9-10 Frizerskoto studioto u toj red isto 9-10 Magniflex isto Znaci ostanuvaat, lugje od ulica, komsiite od karsi ili stanarite sho moze da vidat Sve drugo e zatvoreno
Верувам не носеле таква модерна, не сте виделе стари од татковците во војска, на акција кога оделе? Изгледаат апсолутно неупадливо, како рандом тепих или што да е да носиш. Скоро се селев и речиси се' со кола селев освен мебелот, и црни вреќи од најголемите (дап, девојче од 50кг собира сигурно), и платнени, и да не зборам дека тепих селев и после го фрлив, и дека големите работи замотани ги носев со некого најчесто... и во 12 ноќе, а не 7 сабајле. Никој не ме пријави за ништо, пошто луѓето не очекуваат едноставно, посебно што детево не претало во вреќата па ај...
Не видел, или има заштитени сведоци или навистина во тој момент немало никој во влезот Ајде утре појди пак и снимај од 7.15 до 7.30 и изброј колку луѓе ќе излезат/влезат во зградата. Не зезајте бре луѓе, не е летно време да е топло па надвор да има луѓе и да е раздвижено. Какво беше времето на 27ми сабајлето? Никој не обраќа внимание на детали додека оди по пат, особено па во голем град. Сите што викате дека вие би приметиле, лажете. Ајде кој сака да се контрира, кажете ми од сабајле во 7.20 од дома до работа/школо, со колку луѓе се разминавте? Не памтите а? Така и си мислев.
https://vecer.mk/makedonija/palcho-...ato-foto-09b6207e-2ad6-48a4-a6fc-a2cb33f093ba Еве вашиве шо ги наместиле, манипулирале, што ги жалите, ептен препоштени и домаќини луѓе си биле.
Да, овојпат мвр си ја завршија работава. Прашање е зашто Палчо досега не бил во затвор на толку гоменици направено.
А јас мислам најдобро тебе од биро за јавна безбедност да те повикаат таму да му поделиш совети како да го расчистат случајов целосно, бидејќи нели имаш познавање од криминалистички истраги и професионални стандарди. Сомненијата се клучниот фактор за да се отпочне процедура и да се отповика и отпочне некој процес. "Што ако" "Зарем" "Очевидец и сведок", без овие нешта, не може да се формира сомнение за нешто. Ти за да пријавиш нешто, прво се прашуваш самата: "Што ако комшијата ми украл тоа и тоа" пример. Не си сигурна ама велиш "што ако". Епа така и јас а и другите, "зарем немало некој во тој момент" .