Тоа е тоа ИРЛ што го потенцираат, а и јас и други на форумов со години. Врскички ваму, врскички таму, за се' нешто врскички, ај бе мала работа, ај бе ќе пукаме у планина, ај ќе ловиме дивеч без дозвола и забранет, шо е бело малце да се шмркне, бабата ги утепа по дома оти до брашно чувале нелегален отров... беззаконието, дивеењето, секој што сака прави, ситно, ситно... води до крупно. Само никој од себе не трга, што оставаме на децата после нас, и се' некој друг е крив. И не дека не е некој друг крив, ама тој некој постојано ние му даваме моќ да прави што сака. Повеќе од пола држава дрка ташак на партии, та едни, та други, та трети. Психопатска држава станавме, топол народ, жими мајка. После тој ама мирен бил. Бил, за македонски стандарди. Ништо лошо не правел, само копал злато, шибал жена деца, шо.
Во држава каде што ако видите некој да мава шамар на некој на улица ќе речите нивна работа, во држава каде комшиите се мават од ќотек пак ќе речите остај ние не се мешаме нивна работа, во држава каде слушате како тој над вас си го тепа детето ќе речите нивна работа. А сега 100 зошто се има, и се очекува дека некој ќе ви даде одговор. И да видел некој нешто најголем дел би рекле нивна работа. Така да сега залудно е се. Само нареден пат ако нешто се види сомнително добро е да се пријави макар и да било погрешно. Имаше Игор Јурич баш за татко кој си ги киднапира децата мислам дека ги однесе во Австралија, на девојка им паднале во око на железничка и го пријави случајот, децата ги вратија кај нивната мајка, али менталниот склоп на Македончето не е таков.
Како на татково му било сеедно да му ја убијат ќерка му? Не можам да сфатам, не ми е јасно? Дали е овој човек или ѓавол?
Ја мислам дека тогаш тргнала работата надолу. Што не знаел дека ќе ја убијат. Он ја ,,пазарил” за откуп да зимаат од Зорица. Е дали она им покажала заби, или се растурила калимерата..пошо овие сите се дружеле. И Александар со нив Зашо, ако се договорени да земат откуп, да ја убијат? нешто тргнало у непосакуван правец. Може она се разбудила и ги познала, може Александар се пишманил, плус сигурно он кажал дека пријавила.
Се согласувам од збор до збор! Се ми е прсомнително, де е некако кажано-недокажано. Плус сите се од иста партија. Без разлика не викам дека не се криминалци и се. Ама искрено што се немам видено и дочекано од државава ж, што очекувам дека и волку ниско би паднале ако им смета некој. Се надевам дека грешам. Премногу ми жал за девојчево… за таа мајка… не знам што да мислам веќе. Ама се некако ми е нелогично.
Можеби работам на такво место, можеби мој близок работи. И јас сабајле да видам 5 мажи со вреќа за спиење, ќе ги прашам "што ќе ви е вреќава?"
Ни крив ни должен? Мравка не би згазил????? Луѓево имаат ли грам памет бре?!? Ако некој за ова мисли дека е ни крив ни должен значи истиот тој би го направил ова дело. Како дозволивме толку психо да има околу нас не знам ..
Сега пребарував низ групата што го поддржуваат...значи нз што да кажам. Фамилијарни луѓе со деца го бранат
Кај ги најде 5 кога се двајца. Палчо си седи во реното и чека. Ја ставаат во багашник, се качуваат в кола и тргнуваат. Сериозно, уште мислите дека " го местат "? Ако е така зошто избега и зошто верните негови следачи него го посочија како член на бандава и извршител на убиствата?
Ама кај пишав јас дека го местат? Јас не бранам никој, напротив Леле сега се фативте за тоа 5 души, незнам како погрешно разбирате. И двајца да се, и еден да е, ти би ги прашала што ќе прават со вреќата? Прочитај ми ги претходните мислења, па потоа коментирај дали бранам некого.
Сега го најдов ова, може сте го прочитале. Две компетентни лица велат дека е свирепо убиство, а е од користољубие. https://alfa.mk/sluchajot-vana-krie...-i-nelogichnosti-vo-argumentite-na-ojo-i-mvr/
Сувишно е се да се пише на темава кога убиените не се меѓу живите. Се надевам дека и тука и од Господ ќе си ја добијат казната за своите злодела.
Точно не постоела воопшто изнуда туку делува како со намера ја киднапирале да ја убијат, дали се замерил овој Палчо со дедото на Вања па се одмаздува преку детево. Сигурно ќе истражи обвинителството, единствено преостанува да се верува на истражните органи. Јавноста може илјадници верзии да исценира.
Кај што ти е знакчето ниви, баш таа правоаголната се гледа на Телма што е обележано, за колата, затоа ја најдов на мапа. Реално не е баш во непосредна близина телото, и точно, овде може да оперира само некој што го знае многу добро местото. А и полицијата да ја најде колата сигурно имало дојава некаква, не е дека што велиш прометен пат па ајде патролирале.
Да луѓе не е докажана причава, значи се истражува и ќе се прибираат докази, и палчо ќе се испрашува. Јас не знам, слепи ли сте, глуви ли сте дека не е крај. Па и да им се пуштеле снимки, па и се по ред па сега и бранење на убиец еј. Можеби сега ќе сакаат да им накалемат максимум години за да лежат што повеќе. Може со закон користољубие не е иста тежина како свирепост. Еве зборевте дека нема да му го фатат крајот, го фатија, сега пак друг муабет се сврте.