Абе Каме, никој ништо не вика за пријавување, ете и јас кажав дека не би реагирал. Еве и ти и Ана дадовте примери, ама што знам, мене не ми се споредливи со вреќава за кампување. Може и постојат поразлични ко што кажуваш, кој знае. Мене онака кога ќе ми текне на најобичните, стварно не ми делува ко нешто скроз најнормално комшиите да земале за да истовараат ствари во нив. И ова не е ни теорија, ниту се правам експерт, ниту па донесувам заклучоци. Само ми е чудно и ете, не ми делува ко нешто секојдневно за ништо да не помислам кога би го видел. Не знам зошто за секое поразлично лаичко мислење се рипа ко пресудно да е.
Ова бранителите на Палчо и компанија се сето потенцијални педофили, манијаци, криминалци. Нека засукаат ракави од Мвр и по една кривична сегде кај што има простор.
Не знам што е попаметно. Дали да не се споделува групата кај што го бранат воопшто за да некој од малоумните што го поддржуваат палчо (ги има и тука секако) да не се зачленуваат, растат на број, да не си наоѓаат другарчиња и допрва да расте таа мочана партија негова. Или пак да се споделува за повеќе луѓе да направат репорт.
Работата е што еве ти кажувам, а верувам и повеќето луѓе, зафатени се со своите мисли, проблеми, ситуации. 10 години на тој семафор чекам, два пати на ден, еднаш не сум седнала да гледам. Во зградата бивша и сегашна, постојано некој реновира, се сели, носи, разнесува... ретко кој човек ќе обрне внимание. Да не збориме што НЕ ОЧЕКУВАШ таква храброст или лудост, на Илинденска во 7:20 сабајле девојче во влез да киднапираат и стават во вреќа. Едноставно паметот нема да ти исперцепира така, освен ако не видиш дека вреќата се мрда или има контури на човек. Втора варијанта е, да видиш и да се направиш дека не гледаш нешто сомнително. Јас лично пријавувам, но општото мислење во државава е: не се мешам. Луѓе апла насилство не пријавуваат (пр. комшии, ја тепа жена му, или си ги тепаат децата), па си викаат - не е моја работа, "трн во здрава нога не ставам". И за крај, дури и да има сведоци, можеби има, нема никогаш да кажат, ќе ги заштитат.
Мхм. Овде може и ќе најде некој мисир да го жали, таму нека го погалат малце прво. Само да не скине конци "случајно" ми е страв. Сакам да си поживее, да изгние. Ако кај нас 20 години е макс, без помилување ако преживее овој на 80 ќе излезе.
Професор од правен на канал 5 објаснуваше. Папири, па морало на суд таму да донесат одлука, па ние да пратиме дополнително, па некоја комисија да преиспита па тек тогаш.. https://kanal5.com.mk/zapochnata-e-...dicija-na-ljupcho-palevski-od-turcija/a614937
Pf Tamu ako sfatat za so lezi, tie 2 ko 22 ke mu se vidat. Ama ako, samo napred braca Turci Treba od Otomansko nekoja metoda uf
Искрено, за тоа зошто биле толку ладнокрвни, освен нели логичниот одговор дека се ненормални, ми се мота низ глава дека може не им е ни прв пат да убијат некого. Можеби е прв пат да се дигне олкава бука за 14 годишно девојче, ама за луѓе како Панче не се дигало толку галама. Штом него ладнокрвно го убиле и продолжиле и понатаму да планираат киднапирања, не им е прв пат. Мора, значи мора да истражат (а верувам дека више и го прават тоа) дали некој нивен отисок го има порано во некое друго кривично дело. А иначе нека не ве чуди што има луѓе што го бранат. Цел свет така функционира. Во Америка имаше случај каде монструмот Крис Вотс си ја уби бремената жена и ја закопа, ги уби нивните две малечки ќерки од по неколку години и ги фрли во силос со нафта, па не призна се дури не падна на полиграф и неговата швалерка не сведочеше против него. До ден денес си има фан база, еден куп жени му пишуваат. На Чарлс Менсон има цели групи на луѓе што му се восхитуваат. Тоа се социјални испрдоци, психопати, наркомани, длабоко пореметени луѓе. А сега лидерот на култот им нивен ќе го јаде курот немиен, па мора да поплачат малку. Игнорирајте ги.
Само да не добијат некоја смешна казна па да се правдаат дека "таков е законот" Закони не се неменливи, како да ви кажам. Сменија закони за свој гз да спасат сега скоро нели, за заштита на деца, жени нисмо знали е секогаш. И во Србија изгласаа закон убијци на деца да добиваат доживотен затвор. Оти таткото на Тијана се избори. Знам дека не делува закон ретроградно ама ако нема ригорозни казни (не мислам на смртна) досега што мислеле?
Е богами, освен доживотен за сите нив, ништо друго нема да се прифати. Не се ваљда толку шлаке судовиве