Никој нормален и совесен родител, не признава дека детето си го познава 100%. Детето дома е едно, во училиште е друго, со друштво е трето.
Кај пишала дека сигурно е киднапирање, тоа прашувам? А ако пријавиш во полиција не значи дека одма сумњаш во тоа. Може да сумња во што знам, сообраќајка, да ѝ се слошило негде, полиција и болниците ги проверува Башка за дете се работи, нормално одма ќе пријавиш и објавиш
Ко загинаа две деца како го водеа тој случај, пуштаја јавно снимки кај шо се движат, кај шо беа последни видени, тогаш не можеше да се претпостави дека се киднапирани? И тие беа деца и ги снема. Тогаш имаа материјал за да објават сега немат ништо, а не дека следат некои принципи на истрага па по тоа треба да се водат.
А, ти што би помислила ако го пуштиш детето во школо и ти се јавуваат дека не е таму? Дека се шета во 7 сабајле? Ај, намалете со теорииве жити се!!! Особено со напади кон родителите и класната. Они постапиле најправилно во случајов. Или требаше мајкава сама да изиграва детектив? Или па мува да не ја лази дека детето и го нема? Свашта!!!
Добро де,затоа се викаат на разговор сите познаници.И деца со кои се дружела се викани,дури родителите се понудиле своеволно децата да ги однесат во станица.И да, родителите си ги познаваат децата,мајката на Пино одма знаеше дека нешто не е во ред,и ред други.Ако детето бегало на повеќе наврати не им е ништо чудно ниту пак неочекувано.
Ич да не се замараш. Ќе пишам за себе. Како јас постапував во Мк. Ако децата не одеа на училиште ги известував учителките. И ако децата мои имаа некаков проблем, јас им кажував да ме известат. Секогаш се јавуваа после часови или во текот на денот. Имавме и групи на вибер. Најчесто таму известувавме ако некое дете не доаѓа на училиште.
Ај не рипај. Ти се знаеш, бетер си од детектив. Имаше случај каде што мајката беше вмешана во исчезнување на своето дете, заедно со љубовникот.
Па ако објавиш статус СЕ БАРА, сигурно не објавуваш со помислата “дали некој ја покани на кафе?”. Многу добро пишува во постот. Не знам што не разбираш.
Знам дека значењето е исто ама не пишувајте "загинале" ако само се изгубиле а се живи, малце морбидно е
Па се бара зашто не знае каде е. Што да пише друго? Може ќе се јавеа рецимо од болница во полиција еве кај нас донесоа девојче со истиот опис Пак прашувам, каде алудира на киднапирање?
Мајките секогаш помислуваат на најцрното сценарио, пошо се мајки, како да ти кажам... Што ви е чудно не знам... Ама еве и да имала претходно сомневања за киднапирање (што е скоро ич веројатно) сигурно нема да пише јавно, м?
Тогаш се водеа за изгубени деца! Ова е друго дело. Они си се шетале. И ги имаше на камери. Тоа е друго ова е друго. Пријатели мои живеат во просторот каде се бара, им ја побарале снимката од камерата од куќата, девојчето го нема на камера.
Мене ми е смешна сега довербава во полицијава, зошто да сме реални сите убаво знаеме колку си ја работат работата. Иначе, некој поназад имаше прашано, во секоја станица има инспектор за интернет криминал и тие истите нели апликации, алатки, што ти ја знам имаат за проверување компјутери, телефони, ама ја тој еден гад што го познавам, во глобала не е со школо никакво за на таа функција (партиски го вработија) и си го користи работното место за хакирање профили на луѓе што не ги сака или што сака да ги намести за нешто. Ова го знам од прва рака, не зборам од памет. И после чудете се како луѓе немаат доверба во полиција и ни идат разни претпоставки.
Се дознаваат во полиција, од обични луѓе не. Али пак е теорија, и ако нема некого, нормално ќе објавиш, не знам што требала да прави?
Еве родителите чекаат народот да им каже на полицијата што треба да прават, оти они не знаат. Мислам дајте малце симнете се на земја. Не дека полицијата е сјајна, ама вие па ептен неписмена ја направивте
Види, има разлика од обичен џандар, до инспектор. Едниов е со три месеци курс, другиов со факултет. Не дека имаме којзнае каква доверба во МВР или дека инспекториве не се корумпирани... ама споредба на обичен џандар со инспектор ич не ви држи вода. А и плукањето по МВР сега баш нема некоја поента или корист или спомнување на разноразни случки од корумпирани службеници. Која е потребата за истото?
Валидно е да се разгледува од сите можни перспективи. Реалноста е таа дека имаме многу малку информации за случајов и можеме само да нагаѓаме. Не е во ред што се напаѓаме овде една со друга со зајадливи коментари, срамота е. Има подобар начин да се укаже некому дека не се сложувате со неговото мислење.