Слушам на Канал 5 во Само вистина, Зиков вели дека таткото на Вања бил дел од партијата на Палевски… машала апла будала бил уклучете дискутираат околу случајот
Вчера прочитав, мк е една од неколкуте земји во европа што има доживотен затвор како казна. Се надевам ова е актуелно инфо.
Ама ова ништо не е. Може вака долго звучи ама екстрадиција и со месеци и години може да трае, така што 2 месеци е прилично брзо, и тоа ако се оди како подмачкано.
Да, ама тој доживотен е 25макс. И исто ко да не е, пошо 25 од секоја возраст не е до смрт. Жално.. На другарка татко и ги уби мајка и и дедо и, доби доживотна, ова беше пред 20 години, и еве веќе 7 е пуштен од затвор, заради добро однесување.
Штом викам некој тежок верник или патриот или оние кои се сликаат со заклани животни на празници автоматски знам дека се со тешка дијагноза и нарцисоидизам.. Исто за Џефри Дамер и Тед Бунти, Нетфликс филм направи со познати холивудски ѕвезди што сакаш...
Премногу загрижувачко ми е што на темава упорно и упорно се пишува зошто мајката пријавила саат време после исчезнувањето. Искрено се надевам дека само заради чалам зборувате тука дека не би се загрижиле за вашето дете, малолетно, во основно училиште, доколку наставник ви се јави дека не е во училиште каде што се очекува да биде, и не е достапно на телефон. Се надевам дека секој родител би презел нешто, а не да претпоставува дека е со дечко, дека бегал од час, дека не знам касни или било што, особено не во денешно време кога секоја будала може да те собере со кола, кога секоја будала може да подведе малолетник, кога очигледно и сопствениот татко може да те продаде за ситна пара.
Кога ќе пишувате нешто, може да се ставите во прво лице, да размислите па да пишите. На пример, одите наутро кон работа, 7 часот, се разминувате со безброј луѓе и возила, гледате свашта, не сте ни сосема свесни за да размислувате и регистрирате, ниту пак можете во таква гужва. Гледате и две маженца кои вадат вреќа од зграда, внесуваат во багаж и заминуваат. Можеби сомнително, ама поминувате - заминувате, не ни помислувате на нешто страшно и лошо. Заборавате. Поминуваат неколку часа, гледате на вести, читате на социјални мрежи, се вознемирувате. По некое време добивате флешбек, си поврзувате 2 + 2, ама не сакате да верувате дека во случајов е 4. Сепак, се решавате да споделите во полиција. Анонимно за јавноста, секако. Не верувам дека некој би истрчал на фејсбук да пише дека видел во таа и таа населба таква случка што би личела на киднапирање. Искрено, никој не би излегле да споделиме такво сведочење јавно, прво за да не ја загрозиме истрагата и жртвата, второ секако и за лична безбедност, зашто не знаеме кој е извршител и во што може да западнеме ако се експонираме јавно. Ниту би сакале, ниту би требале, ниту би ризикувале. Од оваа причина, ни полицијата нема да сподели дали има или не сведоци, нас секако не ни е ни важно, ако имало - сигурно помогнале, полицијата си ја завршила работата и тоа е тоа. Ех кога само радозналоста би ја замениле со емпатија...
Моја претпоставка е дека чуварот кој прави обиколки за прочистителната дека забележал и пријавил. Порано пред две три години кога се случи да има муабети дека се загадуваат станици за вода, бунари со отрови имаше чувар 24h сега во последно време само поминува на одреден период . Не е пожар во прашање затоа што убиството и палењето се случило утрото во 10 часот. Колата е пријавена попладнето ококу15-16часот. Така да да бил пожарот причина за пријавување, мн порано би ја нашле колата уште сабајлето. Делов се гледа од горе од кај црквата така да лесно би го виделе. Инаку не дека телото е закопано на 5, 10 метри од колата. Ама сепак е истата околина значи тука е во тој периметар. Затоа што и да сакаш по друг пат не можеш да стигнеш.
Има казна доживотен затвор кај нас. Ако не сите, ама Палчо сигурно таква ќе добие. Полицијата инаку заврши со своето, обвинителство е на ред
Реално, јас барем, секогаш се надевам на најдобриот можен исход. Долго се надевав дека ќе е некоја посреќна варијанта, баш денес прочитав за иста возраст девојче во Германија, што е најдено живо здраво после 7 дена, плус минус. Реално, би ги разгледала сите можни опции пред да кренам паника, ама тоа зависи од околностите. Ама исто реално, мислам секоја посветена мајка има инстинкт, интуиција за детето. Ниту ми е несфатливо зошто пријавила веднаш, ниту би ми било несфатливо да пријавела подоцна. Едино не разбирам како е сето тоа битно, као ќе го мерат мајчинството на мајката што вака или онака постапила. Мислам зошто, која е побудата? Луѓе без осет.
https://alfa.mk/potpishano-baraneto...lcho-neizvesno-e-dali-ke-bara-politichki-azil Потпишано барањето за екстрадиција на Палчо, неизвесно е дали ќе бара политички азил
Тоа шо имаше на нет постирано слика како се сликал со внукот на жртвата и тоа при слободно движење може му се заканувал и сака да се одмаздува преку внуците, прав психо...
Каков народ сме чудесија релативизирам, измислуваме хипотетички работи, па ова па она, па во колку саати чкрапалото го штракнал, па дали се мислел или не. Убиец на дете е и на стар човек и то плански спроведено. Овде најпрво потфрли целиот систем на државата. Че ме прашате зошто? -Од не знам која година имал околи 5-10 пријави за насилство и други работи и никој никогаш ништо не презел повеќе од тоа. Човекот си помислил дека никој не му можи ништо и ми делува ко да има god syndrome. И дојдовме до овде. Во нервоза, вознемиреност и што уште не би посакал смртна казна. А сеа најмалку што можи е да добијат сите доживотна казна. Не ме интересира "ама овој само возел, шофер бил, овој само ги придружувал". Сите возрасни луѓе со фамилии со деца, свесни, направија ваков чин. Чин за кој прв пат слушам во Македонија, посегнаа по животот на некое дете.
Јас мислам или е поврзано нешто со тие станови, зградата кајшто живеела Вања или нешто дознала што не треба па затоа ја убиле.