1. Ме интересира зошто мајката не е на распит? 2. Од каде да бидеме сигурни дека девојчето е киднапирано утрото во понеделник, а не неделата или саботата?!
Најдовте становите, имотни листови, бизниси... Ај сега матични, банкарски сметки, кредитни скорови, доручек, ручек, вечера. Мањачко е малку...
Абе како излегуваат работи, којзнае што све се дешава. И они пак ќе си продужат со животот, само детево отиде. Којзнае кој све е умешан...
Мене не ми е јасно како народов има време да копа по лични податоци на рандом луѓе. Инспектори и детективи не им се рамни.
Мене за сестричката ми е жал.. се надевам дека е добра после оние информации дека е на болница (ако е точно), и дека ќе си оди од вукојебинава далеку да си почне нов живот. Душе невино. @Ajronmen фб е преполн со стасуси. Чекам кога ќе објават и кога мајкава изгубила невиност како тргнало.
Случајот е јавен. Луѓето не се! Особено оние шо треба да продолжат со некаков живот. Јавноста ја засега дали има убиец и дали е лишен од слобода. Не ја засега јавноста кои се причините ако причините не ја засегнуваат безбедноста на јавноста. Сѐ друго е радозналост и проста македонштина.
Информациите за имотот се апсолутно непотребни, освен за радознали што воопшто не ги засега случајов, туку рекла казала муабети за семејството на детето. Единствено нешто што треба да не интересира за случајов е колкава казна ќе добијат монструмите!
Јас од едни комшии во Скопје што ми беа, знам како си поминаа во Турски затвор, ги фатија со дрога. Едвај ги пуштија некако овде да лежат во затвор, куп пари плати адвокатот за да ги донесат назад, месеци траеше процедурата. Мажот осакатен дојде, не сакам да навлегувам во детали. Не па за ваков случај. Мислам дека убаво ќе е да си поседи таму.
Ама не. Обвинетите биле луѓе, имале семејства, нивните семејства не биле криви, ама жртвата и семејството нејзино, нешто се сомнителни, за нешто сами се криви. Како се вика ова во психологија?
Податоците се ваљда од полиција или официјален извор, надоврзувајќи се на користољубие како мотив и поврзаност помеѓу штракнатите. Сигурно полицијата знае многу повеќе од што пласира во јавноста, па или протекуваат некои информации или сочекуваат посоодветен момент за споделување.
Јас кога видов дека Турција има најстрог закон кога е во прашање убиство на дете прво ова си го помислив. Што не го остават таму што е можно подолго да му се одмили животот и тек коа веќе нема да сака да живее да го пратат на втора рунда овде во Македонија. Инаку еве и денес не е смирено во однос на полиција на местото на самиот настан. И денес постојано се запираат коли, се распрашува каде одиш и од каде доаѓаш. Каде си бил периодов, дали си забележал нешто чудно. Зошто имаат потреба од ова ако случајов е " расчистен " не разбирам.
Дувлово нивно како некој култ со Палчо на чело. Сега кога ќе размислам не ми е толку чудно оти поставија прашање за секта на пресот.
Мене друго не ми влегува во глава, зошто таткото ќе ја киднапира ќерката, кога тој самиот е доста имотен? Има два стана, големи, на атрактивни локации кои вредат многу. Доволно е еден да продаде само. Ја остава жена му бивша со децата да живеат во стан на негово име, небитно како го добил, штом под претпоставка еве ја киднапирал ќерката, можел и станот да им го продаде. Значи не е клошар, напротив. Прашањето е, зошто учествува во грабнувањето? Мотивот пари се помалку има смисла. Исто и зошто е убиена. Испаничиле овие безрабетниците глупави, ама не и Палчо. Многу работи испливаа, изгледа има и друга позадина случајот. Не проаѓа сега дека таткото ја убива за пари од причина што тој има пари.
Да не излезе местото гробница на крај и за други нерасчистени случаи. Многу ми е позната таа област, језа да те фати. Мада реално добро е што има полиција, ама сепак прашањата се сомнителни.