Поддршка за монструмот? Дали се нормални? Вчера го слушнав министерот како рече дека некое лице добивало закани. Не знам дали за ваквите е најдобра смртна казна или да ги измачуваат до бесвест.
Била е или ќе оди сигурно. Не за дали е виновна туку сигурно ќе ја испрашуваат дали е добивала закани, дали ги знае киднаперите, дали се е сомневала на нешто и слично.
Никој не рече деја треба со име и презиме да ги кажат кои се ама можеја да кажат дека чупето е видено и дека постојат сведоци и се трага по неа. Друго има камери во околина на зградата на ниедна од тие камери не е видено ништо сомнително туку се наводно видени подоцна на камера низ град и на бензиска пумпа кај што полнат бензин. Трето првичното соопштение е дека трагата на девојката се губи кај кафе Броз за после да излезе дека била киднапирана внатре во влезот за што нема никаков доказ освен изјавите на овие гревови за кои ќе видеме под какви околности се земени кога ќе се отвори малце подетално истрагата. Засега има многу нелогичности и пропусти случајов и ништо ама буквално ништо нема некаква смисла
Јуле на некои луѓе никад не им е доста. На крај се ќе знае. Судењето мора да е јавно, како што беше и за Тот, за Саздо, за Пино...
А на распит освен осудениве и ете мајката, бил ли некој нивен близок? Нели обично треба да се испрашаат сите кои биле во постојан контакт со осомничениот? Или грешам?
Па и треба да се знае. Првично да, изгледаше дека таткото ја грабнува за пари, клошар, наркоман, коцкар, ама еве сега и не е баш така. Колку би добил од станот? Башка требале да ги делат парите. Не е до толку заглавен да ја коцка ќерка му, оти плус имале убав однос. Пари не ќе да е.
Можеби. Ама не кажуваат во јавност бидејќи ако се слушне дека мајката била на распит одма сомнежи ќе има дека и она има учество во убиството.
Твоите тврдења имаат нај смисла и за ова си во право. На почетокот за исчезнувањето зошто мајката веднаш пријавила ти беше чудно и невообичаено и во право беше.
На снимкава не се познава никаков лик на сторителите, останува уште таа од бензиската пумпа и на неа ако е вака матно и не се распознаваат никакви фаци дебилнава полиција нема никакви докази против осомничените и постој веројатност да си излезат со кауција и после да ја тужат државата за уништена чест и углед до со толку дебилни институции и држава имаме што мислам дека морониве немаат доволно докази за случајот а гревовиве се уапсени да се задоволи потребата за правда на народот.
Една работа, пробуваме да си рационализираме нешто за кое што ние самите не сме способни, барем се надевам. Тоа што за нас е рационален мотив, не значи дека и за нив е рационален мотив. Луѓе и чедоморства вршат и за потривијални мотиви, ако воопшто може да се каже така, а па не вакви ликови кои од фацата им се гледа дека се неок, скроз очекувам петапарачки мотив да имаат.
Освен видео докази постојат и материјални докази и изјави со детали околу настанот и локација на телата. Ќе излезеле со кауција, аха, нека се тешат во тоа групичето.
Толку од тоа дека снимки од грабнувањето нема. Ако ваква пустелија ги има забележано на камери тогаш ги има на секоја низ тарсата.
После сите вести, точни и неточни, рекла - кажала муабети, влевање страв кај народот, плус со оглед каде живееме и колку сите професионално работат без мито, местенки и прогледување низ прсти, мислам дека заслужуваме сите ние да имаме пренос во живо од судењето. Само така нема да можат да заташкаат и да наместат како и секогаш.