Епа пак ова не го одговара прашањето зошто ја однеле директно во пустелија ако ја планирале за заложник. Во овие села знаете колку стари и напуштени изолирани куќи има кај што би можеле да ја кријат без никој да ја забележи? Ова одат директива за да ја егзекутираат.
Овој на снимката во Цитроенот совозачот многу млад ми изгледа да не е тој каратистот? Во таа бела вреќа да излезат и никој да не ги виде во бело се познава силуета, не ми се верува...
Како бе можете ладно да гледате видеа.. дали сте нормални? Што сеирџиски народ ќе бевте брее. @RainBow ај малку види овде.
Моментално многу квалитетна емисија на Алфа. Објективно образложено, без конспирации. Одлично поставени прашања, чиста мисла и критика до системот онаму каде потфрла, а пробува да се затскрие!
Да, така и пишуваше, или пак на тв кажа нз кај, дека бил ископан гробот многу прецизно, не рачно со мотика туку веројатно со машинерија. Планирано е дефинитивно.
Не знам што им се вртело во глава ама ако главната цел е егзекуција едно нешто ме двоуми мене. Мислам дека ако сакале да ја убијат тоа би го направиле уште во влезот на зградата т.е во подрумската просторија. Одвлечкај, заколи и избегај. Дури ја најдат ќе бидат далеку тие веќе. Ама па тогаш ако Палчо единствено има клуч ќе знаат дека е тој. Ама тој ќе може да си направи некое алиби и батињата да му ја завршат валканата работата, да се извади со нешто друго. Дупката кај што бил фрлен фризерот се претпоставува дека е од ископ на злато.
Видеото се отвара без проблем. Провери дали си правилно логирана, дали има некаква забрана/проблем од твојот профил.
Искрено и зашто тука продолжи дискусијава, нели темава е за исчезнати лица? Не ми иде некако. Најубаво е да се затвори темава ама знаеш дека ќе продужат на фб, твитер и кај не.
Што кажа Момировски? Откри што е тоа што го криеле Спасовски и Бубевски? Не сум во можност да гледам.
https://4news.mk/video-se-pojavi-snimka-od-dvizheneto-na-voziloto-vo-koe-se-smeta-deka-bila-vana/ Еве ако не ви отвара преку фб
Моментално говори за 10 m од поставеноста на камерата дека може точно да се види што се случува, кога и каде движи Вања. Воедно обелодени дека е можно Спасовски да има шпиун во Турција заради брзиот и ефективен доток на информации и екстрадиција на Палевски која е правно невозможна од легитимни и законски причини. Додека за Панче се збори дека од страна на полиција не се повело сметка за неговото исчезнување, и полициските службеници не поставиле вистински прашања. Каде движел, зошто, дали имал пасош, возило со себе, какво и слично. Многу факти и информации, предложувам да гледаш.
Кај виде сеир? Реално, на видеото се гледа скоро па ништо. Го фатиле ситроенот и кангото како поминуваат низ пустелија, ни фаците салам им се гледаат, ниту може со точност да се потврди што е тоа што го носат назад. Едино што се потврдува во колку сатот е запалена колата.
Дека се крие нешто се крие, не знам дали го приметивте вчера каков беше обиџуко, не ќе да е само пошо е потресен, неспиен и уморен, друго нешо е у прашање. Ги напраивме малоумни и издрогирани некои шо поинаку мислат ама има огромна позадина зад ова. Дали 2% од вистината јавно ја кажаа. Што се дешава зад ова којзнае, веќе све се очекува искрено. Само дека е ради користољубие ко првично шо рекоа, се поише и поише мислам дека не е .
Дали и кога ќе објават резултати од обдукција и кога ќе го донесат психопатон од Турција? Дознав нешто, ама не сакам да шпекулирам пред време ама се повеќе мислам дека не е заради пари работава.