@nena2010 видеото е само од коли како поминуваат, ништо повеќе. Не, не сме направиле пуканки, едноставно сите сакаме разрешница. Свесна сум дека не можам да помогнам тоа да се случи побрзо, свесна сум дека не можам очи да оттргнам, дека не можам да разберам, дека снемуваме трпение веќе, дека не сум инспектор ама не можам да ја тргнам трагедијава од мисла и притоа и да сфатам што се случило. Прва работа се родителите со деца што ги гледам секој ден потресени (живеам до гимназија). Второ се моите дома што не им кренав телефон два саати пошто бев на состанок и одма се испаничија. Отидов вчера до маркет преку улица без телефон, исто се испаничија дека касно било не сум се јавувала. Сите сме на штрек и само сакаме да знаеме што се случува, сите имаме деца, внуци или блиски. Случкава не смени, значи сите скроз не побудале иако ниту се дружам со такви ликови и во такви кругови.
Овој Момироски спомна дека и претходно пробале да ја киднапираат Вања истиве ликови? Или лошо слушнав. Спомна и дека имал докази...
Да ,има запустени куќи.Ама сепак ,е населено може лесно некој да примети. По рутава они иделе преку Визбегово.Се уклучиле најверојатно кај Пантер мис.Не движеле по патот кај црквата. Чудното околу случајов ,што постојано ги менуваа информациите во јавноста.Затоа и се сомневаме.Најверојатно имаат уште снимки.
Па јас на многу места прочитав (мислам на фб статуси) дека вилицата и раката и биле скршени ама не можев да поверувам, мислев луѓето си измислуваат. Официјално инфо нема, се надевам не е така.
Од лицата што ја имаат киднапирано. Што наведува на тоа дека е плански направено сето тоа, а не дека се уплашиле па ја убиле после.
Ако е вистина тогаш е уште почудно, зошто возрасни стари луѓе би малтретирале дете со план да го убијат? Одмазда? Ништо друго не ми доаѓа на ум и ми нема логика. Се надевам ќе излезе на виделина...
Обвинителниот акт или крвичната пријава не знам точно е преименувана во свирепо убиство, за жал. Значи отпаѓа дека била задушена во колата. Не можам луѓе значи со случајов да се помирам. Уште сум потресена, само на тоа мислам, не ми излегува од глава. Жално, прежално!
А можно ли е девојчево да има нешто несакајќи дознаено, слушнато за прљавиве игри на психопатот Александар и другиве хоштаплери па ради ова да има настрадано? Не знам, памет неам, ова е лудило.
Мене ми е многу чудно зошто не се прогласи ден на жалост како што било пракса во минатото...барем еден ден кога беа всушност погребани починатите...сепак се работи за двојно убиство..
Единствена олеснителна околност во случајов е што ако ништо друго знаеме дека не станува збор за серија киднапирања ниту за несомнично, рендом киднапирање, туку со позадина.
Мое мислење после се и свашта по нетот е дека убиството е планирано подолго време И дека не е од користољубие Ова е убиство заради некаква омраза планирано поодамна Кој со кој е закачен ,кој на кој обеќал нешто? Кој не исполнил нешто? Верувам дека низ судскиот процес ке се разбере У врска со снимката и колите у цитроенот на совозачкото е каратистот он ја има и совладано Таткото е алката му се светат него за нешто Велешанецот сигурно не сакал да учествува у сето ова и морало да се тргне
Хмм...ништо чудно ..сега се може да си претпоставуваме се надевам дека ќе има судска разрешница и сторителите ке добијат соодветна казна
Прво, зошто се психопати, зошто нормален човек под никаква околност нема да се изживува врз дете. Ама ти нема да малтретираш дете и свирепо да го убиеш ако поентата ти е да извлечеш пари од некој. Што значи преку детето, се одмаздуваат на некого, зошто се знае дека тоа најмногу боли...