Појасно не може да биде дека е класична ликвидација, а не грабнување заради пари. Свирепо убиство не се класифицира ако е убиена само со истрел во грб. Прочитајте го членот свирепо убиство и ќе ви стане јасно дека девојчето е малтертирана, убиена на свиреп начин. Оваа не се шпекулации, ова е член од законот кој точно опишува кога убиството се класифицира како свирепо. Не мислам дека постојат теории, заговори или МВР крие. Само што некои познавање ми дават за право да се сомневам и да сум скроз убедена дека овде не се работи за парите од станот и дека мотивот е друг. Би требало кога ќе заврши истрагата, да имаме целосна слика и одговори за целиот случај.
Многу е замрсена работава. Мислам дека ова е освета, за нешто што трае со години….има некои долгогодишни закачки,мислам дека е тоа. Не знам дали е случајност или не,но мајката живее во стан, чија зграда е на монструмот Палчевски. Детето не можам да го преболам….
Ако не се лажам, свирепост може да значи и задушена, па пукање. Како и да е, исто се осеќам и јас. Деновиве механички ги живеам, ги гледам децата дома такви безгрижни и само солзи на очи ми идат како да ги заштитам. Душата ме боли за Вања, за мајката и сестричката, ги изгореа за цел живот.
Официјално кажаа свирепост? Нели користољубие беше, или обвинителство го преквалификува во свирепо убиство откако заврши обдукцијата?
Нас треба само да не интересира како и колку ќе ги казнат,се друго е сеир и љубопитност. Делото го извршија,што,зошто и како ништо нема да ни смени.
Така е ама не може рамнодушен да си после ова. Стварно ова е невидено нешто. Иако не ми е јасно зашто темава не се затвори привремено барем. Сеа не збориме за исчезнато лице па тука да се пишува.
Не е сеир и љубопитност. Ваквите случаи секогаш предизвикуваат реакциј во јавноста и секој сака да знае што се случило. Не е тоа интимна работа, па ајде нема што да не интересира. Исто како што за Тијана во Србија се кажа се, така мора и сега. Колку и да е тешко и болно.
На оваа снимка не им се гледаат добро лицата ама има куп снимки низ целиот пат што го оделе, плус на бензинската. Совозачов личи на Видевски.
Како не е, кога имаше во пријавата поради кои дела и за што се товарат обвинетите и им е одреден притвор.
Членката праша за случајот на Вања, дали е преименувано од користољубие во свирепост. Јас не слушнав да е променет мотивот од страна на мвр.
Да, тоа неспорно дека има и други, ама само оваа јавно излезе. Мојот одговор повеќе се однесуваше на 'страшнава снимка' што беше споделена на форумов. Ниту е страшна, ниту е морничава, ниту од аспект на сеир ја коментираше некој. Буквално само две коли што поминаа, и чад од далеку снимен.
Многу грешиме што збориме дека убијциве или учеснициве во убиствово не ни личат на убијци туку на будали. Познато е дека убиец не се раѓа, туку се станува, односно приликата го прави убиец. Што се докажа и сега.
Никој при здрав ум не би гледал сеир во случајов, повеќе има интерес и коментари заради загрозување лична безбедност и заштита.
Не знам зошто ама не верувам дека таткото туку така го предал своето дете. Не ме распнувајте, ама мислам дека и тој е наместен во случајов. Неговите слабости, коцка, алкохол, дрога што и да се ги искористиле во случајов. На видеото каде крева палци човекот ми изгледа како да не е тука, како да лебди, како да не е свесен што се случило. Или можеби само јас не сакам да поверувам дека е вмешан. Затоа што е татко и Вања го обожавала... Дека има нешто поразлично од тоа што се прикажува, јасно ни е на сите, ќе дознаеме, ама не е фер да се шират претпоставки како починало девојчето. Болно е. Се одјавувам од темава со надеж дека нема пак да ја посетам. Ми се гади што за политички цели се користи случајов
Штотуку ја изгледав Заспиј ако можеш акцентот беше ставен дека сепак институциите потфрлиле и дека можеле одма да интервенираат да ја пронајдат Вања, како? Мајката пријавува киндапирање- началникот на СВР веднаш интервенира да се прегледаат снимките на сејф сити меѓу кои и камерите во дебар мало како и кај зградата кај Вања. Оп го наоѓаат возилото на Панче т.е трасата на неговото движење за кое знаат дека е исчезнато на камера го следат и спречуваат се….
Епа јас што јадев гомна низ 10 страни наназад, за што се расправав? На 27 го наоѓаат запаленово возило и знаат дека е возило на исчезнат граѓанин кој го бараат. И толку. Се завршува приказната. А граѓанинов никој не се позамара да го побара. Притоа човеков од Велес, колата му ја наоѓаат во Скопје и тоа уџум. Затоа и ми се сере коа ќе прочитам дека полицијата експресно го решила случајот. Ова му доаѓа - операцијата успешна-пациентот мртов .