Миленко не знам што изјавил, не го пратам. И убаво реков накратко, не навлегов во детали, а деталите се гадни. Дали ќе ги кажат во јавност - не знам. Само битното е тоа што очигледно дека не било заради пари.
Стварно, еј. Им се кажува да читаат поназад. Веќе објаснето зошто, веќе објаснето.... Они не. Имаат време да смислат теории, ама немаат за да прочитаат.
Што те тебе брига кој постава теории и какви, за дете се работи случајот е замрсен секако дека ке има теории и ке се дига фама. Отвори на ју туб некој што мистериозно умрел со години се поставуваат теории. Оди верувај му на Спасовски што исто вака цврцореа со Филипче и за модуларната болница и за автобусот запален.
Никаде не реков дека скроз му верувам на Спасовски. Поназад реков дека он не е светец. Во други случаи има потфрлено. За споменатите случаи не е само до министрите, туку и до обвинителството и судството. Ама во овој случај рано е да се вперува прст. Ама, ич не верувам на рекла-кажала муабети и вадење теории од лица кои не се дел од надлежните. И како што рековме јас и Старк, упорно верглате едни те исти прашања кои поназад се одговорени 20+ пати.
Сте го спомнале Миленко што кажал. Мене па Миленко, Латас и сличните ми се ист профил на ликови ко Палчо и компанија. Таков психопатски вајб ми имаат. Миленко поготово, ко brother from another mother на Палчо. И двајцава ќе ти пукнат ушните тапанчиња ако ги слушаш подолго од 2 минути, арогантни и нападни. Плус, додека се водеше ко исчезната вакви "фаци" ко нив не ми текнува да гукнаа, не ги интересираше случајот уопште, којзнае дали биле информирани дека дете е исчезнато, а ко се дозна дека Палчо стои позади тоа, никнаа ко печурки истригирани сите и невидени експерти станаа, да го исполитизираат случајот.
Потфрлено? Тоа се работи за убиства односно прикривање на тежок криминал и никој не е во затвор не е само потфрлено како мала грешка.. Ако продолжи ова вака нема само ова дете да е едиствено ако ставаме за 3 дена се под тепих, јас живеам во европска земја овде полиција не чека 2 3 часа, одма реагира за 5 минути е во акција
Значи ако излетал некаде во некоја провалија со колата, не тражат кола тражат лице, боже ме сачувај..
Не се истрајни Реков. Да се позамараа за Панче може порано ќе сфатеа некои работи. Ама ако, нека поседи у Турција малце. Пратиле позади скрин. Кај муслимани за жени и деца, не се простуе ни под разно. За тоа многу ги почитувам. Има мамата да му ја тиит. Знам едни за друго ги фатија. И требаше да ги екстрадираат кај нас, ама бајаги почекаа, до пола година. Ако, нека седи малце таму. После кај нашиве. Не бе, лабаво, џабе дигаме паники. Ова Taken 3 дел… Као у сред Скопје.
Нека полежи де, и онака Турција сакал да ја види, ете му ја. Личен опис да му сменат комплетно, со киселини у очи да го полеваат и место вода тоа да пие.
Имам мала сестра, а преемотивна сум на вакви ствари, а има психопати на секој чекор и тоа некои моќници што сакаат да ги прикријат.
Еве, што зборевме поназад дека е нелогично и веројатно пропуст. Изговорот на Оливер е дека не добиле пријава за колата, туку за човекот, ама...
Ама човек у нормални околности не смеат да си дозволат таков огромен пропуст, не смее да се толерира такво нешто. Зарем за инат мислиш јадеме гомна против Мвр?
Не, бре. Она што штрчи е дали ќерката во полиција кажала јасно дека сосе колата го нема или се фокусирала само на татко ѝ. И дали тој што запишал имал добар слух. Можно е и Оливер да се побрка малце бидејќи мораше да внимава колку ќе му излета од уста.