Форумче ќе бидеш бесен кога за премин на црвено увек работат камери, и пешаци знам што биле казнувани, за ова увек нешто се дешава, не работеле, не снимале не знам ти што. На Партизанска пази, најпрометната улица со најмногу семафори во Скопје Надам се имаат снимки, знаат каде тргнала и ја бараат натаму ама за нејзина безбедност не објавуваат. Е стварно се надевам на тоа.
Ама ја за инспектор зборам, не за сообраќаец. Потребата е што поназад има 10тина мислења дека полицијата добро си ја вршела работата. Едно е да се надеваш дека добро ја врши работата, друго е да си свесен дека овие што треба да ја вршат таа работа не се баш квалификувани.
Зошто се проверени разговорите ништо не алудира дека договарала да избега,друго било примерно дете што не бегало што до сега немала ваков испад,родителот затоа се сомнева.Они верувај повеќе посакуваат да избегала а да е жива и здрава,него ли да е киднапирана или недај боже самоубиство.
Еве пак ќе те прашам, која е потеребата сега да се спомнуваат такви случаи? Дека МВР не е сјајно, знаеме, ама баш сега за тоа да се пишува не ја гледам целта? Освен што ќе се создаде тензија, друга „корист„ од вакви постови не гледам.
Збориме затоа што ни помогнале такви кои си ја извршуваат должноста правилно. А, неколкумина упорно сакате сите да ги етикетирате поради поединци.
Се работи за ИСЧЕЗНАТО ДЕТЕ. А не за местенки, дроги, бизниси или слично што немаат допирна точка со вакви деликатни работи. Некои претерувате стварно. Камерите да се виделе, лаптопот да се проверил, ова да се направи,она да се направи. Полицијата од вас чека да им кажете како се постапува во ваква ситуација
И мајка ми никогаш не дозна кога бегав од прв час физика, па затоа е со ставот дека сум била совршена. А класната никогаш не и се јави да и каже и да отвараат дебата дали сум киднапирана. Но окау… Ќе ја дознаеме вистината, Скопје е мало. Верувам ќе биде добро детето
Па да не ни се замараа а не ни имаа телефони освен домашен.Во денешно време каде имаме вибер групи за се нешто така функционираме.Еве мојов е второ одделение и ако не оди во школо известувам и наставник и плус во дневниот престој.
Добро се будите и онака природно ви иди да се карате на тема за исчезнато дете? Срамота. Јас не сум ни фан на теории на заговор, туку споделување на слики од девојчето тука и на балканските земји со цел да се најди. Ако имате пријатели - пратете им. Само нека се споделува. Во поглед полицијата. Сите знајме дека си има свои маани. Ама секогаш е подобра опција него потпирање на човек кој сепак на крај на ден нема тренинг за ова. Башка и некој наназад спомна дека блиски на девојчето работеле МВР.
Точно. И поентата е дека АКО тоа дете е киднапирано, тие што го прават тоа не се сами, наивни сте ако верувате дека никој од МВР не потпомогнува киднапери. Темава е за вакви дебати, што очекувате да се пишува?
Имале договор со класната. Родителот да најави отсуство. Девојчето го немало. Класната не добила известување и се јавила. Ништо чудно.
Добро,вистина е невобичаено класен веднаш да се јави дека дете не дошло на час,иако навистина е за пофалба реакцијата на наставникот. Колку само доцнат деца во школо,или доаѓаат на втор час или после одмор. Јас досега немам слушнато наставник веднаш да алармира дека дете не е дојдено во школо иако треба. Мислам дека веќе навистина претеруваш. Најди си работа.
Јас не знам што толку се фативте за тоа што известила класната, па уште муабети имале договор сигурно, ко да знаеле нешто дека ќе се случи. Што ви е? Ама озбилно прашувам. Па и споредби со од пред 20години како било ние кога сме бегале. Не е исто ко сега, сите преку Вибер комуницираат. Аман, претерувате малце. Имајте осет повеќе. Се надевам дека девојчето е добро и за брзо ќе се најде.
Не знам што им е на членкиве. Се запнаа иако милијарда пати им објаснивме дека е нормално класен да се јави кога нема некое дете.