Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Ама факт е дека се немаат претерано заангажирано за Панче. Немал историја на деменција за да се изгуби, ќерка му веројатно поима немала дека имал непријатели. Го снемува со кола и лични документи. Возрасен човек е. Едноставно не е на прв поглед алармантно ништо посебно, посебно ако и тој копал злата со баграва и полицијата тоа го знаела, дека акаат по планини и ридови.

    И јас ќе речам треба ОДМА за секој да се постапува, ама никаде дечки за возрасен не се трга во потрага како за дете. Сите ние имаме право да "исчезнеме".
     
    На sparklie, Ivan4e04, VDT2906 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.315
    Допаѓања:
    13.269
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека кажала и убаво знаеле тие дека чоекот со кола го снемало.

    Е сеа дали слух добар имал, пак доаѓаме на тоа дека секакави се примаат у полиција да работат?
    Таква им е работата нив, да треба 200% они да бидат сконцентрирани и да имаат способност да ги запамтат, запишат, регистрираат сите информации, ако не се способни, тешко на сите нас.

    Иначе Оливер толку изгубен и исплашен беше на сите пресови ама на последниов апла.
     
    На Lisandra, Mnik и simoncelicius им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.307
    Пол:
    Женски
    За жал, за возрасен одма се помислува дека пошол некаде по своја волја.
    Се лутиме на институциите, а ништо не правиме за промени.
    Законите ни се глупи.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Не е за жал, со причина е така.
    Малкумина од возрасните навистина се киднапирани. Повеќето по своја волја ги снемува. Треба да постојат апла индикации за криминална позадина за да фатат да бараат саглам.

    Никогаш нема да биде исто исчезнат возрасен човек и дете. Таман на 14 години "своеволно" да замине, полиција ќе бара.
     
    На daylight, bertold, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.372
    Допаѓања:
    126.307
    Пол:
    Женски
    Не е исто, ама не треба двоење.
    Ама, ни треба ново решение.
    Лесно е да претпостави за возрасен, но кога не може со сигурност да се каже...
    За 24 часа многу нешта може да му се случат на човек (и на дете и на возрасен). И да не го повреди никој, може сам(о) да си наштети или да падне некаде и да се здобие со сериозни повреди.
     
    На Skorpija25, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Може, ама суицидни не поаѓаат од дома со лични документи, картички од банки и сл. Ако имал несреќа со автомобил тоа бар одма се дознава/гледа. Кога го нашле возилото во Скопје ја прашале ќерката дали има тука причина да биде, рекла дека колку што таа знае, нема пријатели и роднини таму.

    Поалармирана е полицијата ако некој снема, а дома му останат документи, картички... некој што тоа зема со себе, не изгледа како некој што има намера да се самоповреди. И колку што разбрав од порталиве, вратата дома заклучена му била, ја обиле? Ако е така, значи дека нема ни насилен упад дома. Едноставно не е е толку "смрдливо" неговово. И ќерката што после 2 дена пријавува ти кажува дека не било баш толку невообичаено да го нема ден-два.

    Исто, во средно кога бев, имаше девојче што често бегаше од дома (да не навлагам премногу, си имаше проблем со наркотици). Ја пријавуваа одма од дома, нормално, ама бидејќи беше постојано, немаше потраги од вакви размери. Затоа што ја наоѓаа за ден-два. Мислам сега после толку години таа е ок и живее нормален живот, ама многу нешта зависат од ситуација до ситуација. За Вања излезе и толкава узбуна и поради тоа што сигурно мајката кажала во полиција какви проблеми/сомнежи има, и тоа што детево нема историја да бега.

    .
    Мене друго ми е необјасниво. Ај возрасниве сите избркани од ум. Ама приказнава во која Вања пишува благодарност за татко и', мене ми кажува дека каков и да е, таа го осеќала близок и добар. Не можам да си поверувам во неговава улога во сето ова. Не можам.
     
    На Lisicko, Ahoy, senjorita-v и 6 други им се допаѓа ова.
  7. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    12.064
    Пол:
    Женски
    И јас за тоа ги почитувам, посебно Турците. Затоа само во турски затвор да ги стрпаат.
    Тој палецот сега нека го види пеколот на земјата таму.
     
    На Feminka22, Mnik и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Па кај ќе прочитаат, 200 страни се напишаа.
     
    На bertold и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata Мислам праша за доживотен, има во Мк таква казна баш Код имаа емисија и ги посетија во затвор, неколку затвореници си ја кажаа својата приказна. Затворени се во посебно крило, посебно обезбедени. Што е до мене, ако стварно е толку лошо во турски затвор, ич нека не го враќаат назад.
     
    На Ivan4e04, VDT2906, Ste Fani Ja и 9 други им се допаѓа ова.
  10. denicijaa

    denicijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    188
    Абе луѓе, зар мислите ако не беше колата на Панче, немаше да е друга? Штом тие планирале да киднапираат или да киднапираат и убијат дете, колата ќе ги спречела? Мислам дека ќе го направеле по секоја цена и со друго возило. Не им било жал дете да убијат, па ќе им биде тешко кола да украдат. И да ги барале Панче со возило, неможеле да им влезат во трагата така брзо, со оглед на тоа што не се возело тие денови.

    Јас не верувам во тоа искрено, според времево на камериве и кога е запалено возилово, се одиграло пребрзо и немало време да се реагира.

    Испаѓа се за 2 саати се завршило. Па ако се пресмета дека пријавено е 8.30, еден час поминал, тие веќе биле на ливадите. Па додека дојде полицијата, додека се стигне до снимките, продавници отворени/неотворени, сведоци, еве и пола саат нека треба. Не е така едноставно.
     
    На Ivan4e04, VDT2906, bertold и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски
    Во 7:55 се веќе таму а во 9:30 колата веќе гори што значи дека завршиле и си отишле. Се завршило брзо, девојчето за жал немало шанси одма е убиена. Тоа некако ги побива досегашните претпоставки дека е грабната заради пари т.е. откуп. Ниту таткото ниту Палчо имаат релано мотив. Со тоа што татково може да е наместен а Палчо и екипава се умешани ама како извршители. На постот со видеото на Фуркан има еден коментар на албански од Бујар Јашари е, прочитајте го малку е чуден преводот од гугл ама ако некој знае тука албански би можел да ни го преведе убаво.
     
    На Ivan4e04, Снегулк@23, ideniki1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.288
    Допаѓања:
    76.382
    Пол:
    Женски
    Турска серија стана ова. Веќе на ништо не верувам и незнам дали и некогаш ќе ја дознаеме вистината :(
     
    На Harper, Ivan4e04, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    8.637
    Пол:
    Женски
    Како и да е ,не е како што кажаа во 10 е убиена туку порано .
     
    На Bubish26, lovely91, Lisandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    А мене исто така ми мириса, дека таткото ги има кажано кои се, за одредена компензација,па така ги имаат фатено. Можеби помала казна или шо знам. Може само ми мириса, може не е точно. Така ми оди паметов сите денови.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    8.637
    Пол:
    Женски
    Видете реалноста е дека се крие многу позади се ова .
    Не е туку така ко што кажуваат.
    Палчо е клучниот во играва.
    Да видиме тој што ке има да изјави.
    Веројатно и мајката ке има изјави ама рано е ,болката и е свежа претпоставувам сега нема да ја чепкаат.
    И не,не сугерирам дека она е вмешана ,ама реалноста е дека не знаеме што она знае и дали има информации и какви .
     
    На VDT2906, Skorpija25, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. barbie24

    barbie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Точно и јас го мислам истото. Мајката ќе мора да одговори и таа на некои прашања.
    Исто така никаде не сретнав досега објаснување- како што сфатив сестричката инцидентно останува дома ради губење прв час. Пошто наводно било точно и прецизно планирано киднапирањето и убиството, дали планирале да ги грабнат двете девојчиња? Бидејќи за губењето час може да дознале само утрината или евентуално неделата вечерта. Пак некако само мајката е од прва рака информирана дека Вања ќе е сама утрината....
    Еве нападнете ме, ама и мајката ми е на некој начин единствено лице кое од прва рака би ги имало сите информации....
     
    На baby-star, Unread, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.497
    Допаѓања:
    114.938
    Пол:
    Женски
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Џабе
    На форумов е битно мајката да каже шо и како знаела и зашо сестрата губела часови, па да може мирно да спијат членовиве.
    Тоа е најбитно...
    Ништо друго не е битно.
     
    На *Amethyst*, Ivan4e04, GirlVolley и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Татко му колку шо знам комуницирал цело време со децата и мајката и ако биле разведени заедно живееле.
    Факт е дека мајката слепо му верувала, го бранела и го задржала во својот живот еден наркоман, коцкар и психо.
    Сигурно и знаела дека е во големи долгови, тие се разведени а станот се води на негово име.
    Многу работи се чудни во фамилијата но очигледно ништо од тоа нема да објават.
     
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Дај боже да не објават ништо, па да пукнат од радозналост сите
     
    На sparklie, Ivan4e04, Stefi_555 и 22 други им се допаѓа ова.