Тој беше уапсен од ко беа спроведени другите, тие кажаа за него, ако се сомневале во него на старт ќе беше уапсен, ако било каков сомнеж му бил даден, но се терала сликата како тој е совршен татко.. Можело и да избега за тоа време...
Абе се тоа стои, мислам познат факт е. Ама- за овој случај, виновниците (или обвинетите) се фатени. Да не беше дете во прашање од сред Скопје грабнато, веројатно ќе беа и помалку ажурни и активни. Тоа што изиграле солидно во ,,една утакмица,, од многуте, не ги прави шампиони. Не велиме дека се за машала, ама реално немало простор и можност да ја спречат трагедијата на Вања. И да, деца се побитни од стари, луѓе се побитни од коли, ништо не е нелогично во постапувањето.
Бранители на убијци. Што нејќе некој метеор да ги акне, на место да ги остави. @RainBow размислете за заклучување на темава бар до судењето, вон здрав разум е веќе.
Кога е тоа благовремено? Цитроенот прв пат е приметен од истите тие камери на денот на грабнувањето, утрината. Уште не ти е јасно? Кога да реагирале, еве кажи ми?!
@orevokrsacka Да, у право си. Првпат им е, наместени се, едни фини луѓе, да посакаш само да ги имаш на трпеза на неделен ручек, да размените животни видувања.
како? исчезнат е 74 год човек со се колата си викаш, еј греота чоеков, има жена и деца, дајте да го бараме дома му останале греалките уклучени. Значи не искочил до продавница или не избегал, па ќе остаи сѐ запалено дома. Гледаш дали вратата од дома му е насилно отворена. Гледаш у околина дали има камери, глеаш го киднапираат, си викаш еј има нешто, дајте да го бараме повеќе може ќе виделе кои се, као шо се гледаат на видеово у Цитроенов а они, се замараа за ОБСЕ поише да не се избрукаат со криво знаменце
Не, не ми е непотребна, туку е точно наменета за вас, за да намалите со доживљај дека сте врвни детективи. Јас, за разлика од вас не правам триста сценарија во глава и се што коментирам е врз основа на официјални известувања. Вие од друга страна си правите претпоставки од рекла, казала муабети (кои може да се точни, а може и не) на кои не им е место на ваква осетлива тема, а особено па не на партиски инсинуации и кошкања.
Епа и јас истото го правам. Коментирам фактичка ситуација, врз основа на официјални известувања. ФАКТ е дека полицијата не се заинтересирала да го пронајде Панче и неговото возило. Добро? Кои ти се тие 300 сценарија? Која претпоставка? Кое политичко кокошкање ти го виде во мојот пост? Стварно не знаете што зборите. Доживљај можеш ти да смалиш.
Да ги гаѓаат со нуклеарка, во движење, со дрон на пример, еве не знам. Луѓево си замислуваат во сф филм живеат во 2123 ваљда, еден сомнителен потег и некој робот ќе те упука, не знам што друго да мислам.
Прежално и престрашно. Кој знае колку психопати како овие шетаат слободно покрај нас и можеби планираат нешто слично, а ние се замараме колку имотни биле родителите, кој колку стана имал и каде.
А од Велес до Скопје има смарт сити? Оно пат нема, ако ме прашува некој мене, али кој знае што може да има. Ја мислам Елон Маск да ја реши ситуацијава, тие неговите сателити све гледаат, друго чаре нема. Ај сега една петиција-Елон за прецедник.
Тебе баш те приметив цело време си критички настроена, само и само критикуваш, а често и вадиш работи од контекст за да докажеш не знам каква поента, ама се со цел да упатиш критика. Мене ова ми е во политичка конотација. Може грешам, не знам. Второ, можеби не се заинтересирале доволно за Панче, признавам, ама како тоа влијае на случајот на Вања? И ти ли веруваш на теориите дека можеле да го спречат убиството ако биле поажурни претходно со Панче? Како би ги спречиле, еве не знам? Панче е приајвен на 24/ти, законски мора да поминат 24 часа за да МВР реагира. Честопати (и ова не е само кај нашето неспособно МВР ) кога се работи за стар човек, полицијата не помислува на убиство ниту пак на киднапирање, најчесто се мисли дека залутал, евентуално ако го пребарувале возилото да не има некоја незгода доживеано. Значи, доколку возилото било скриено во шума (ова е моја претпоставка ) никако не можеле да го најдат претходно т.е пред 27-ми. Како, еве објасни ми те молам, со поажурно однесување МВР би го спречиле грабнувањето и убиството на Вања? Со возење по локални патишта, каде што нема камери, замисли си
Ама, не барале кола одма. Сијаличката им светнала кога виделе каде се движи колата и кога била заедно со Реното. ОБСЕ не го мешај. Посебен оддел се грижеше за тоа.
Да ти олеснам еве ќе ти признаам од партијата на Палчо сум јас. Нека те земат тебе овие од МВР, значи како брзо успеваш да процениш и да извлечеш признание алал да ти е. Само излеа заборави дека видеото од надзорната камера што го покажува движењето од цитроенот е токму на локален пат- онаму каде што тврдиш дека нема камери. Толку. После други имале теории и биле влезени во филмови. Оф беее.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1837657176688580&id=100013329454961&mibextid=Nif5o Уште сега ми мириса дека ова говедо нема да одговара за стореното. Случајов од старт ми е многу сомнителен и убеден сум дека киднапирањето и убиството на Вања не е идеја на Палчо туку има некој над него во самата служба што го нарачал. Ако се пролонгира ова со екстрадицијата следно што ќе се деси или ќе добие некако политички азил што не верувам а второ многу поверојатно ќе му биде исценирана смртта и ќе го снема од мапата со нов идентитет и документи. Ова удбашко говедо не стапнува во затвор памтете ми ги зборовите