Можеш да украдеш кола од кај сакаш, и многу веројатно нема да те фатат и да бараат само кола, како што би барале човек. Па, веројатниот одговор е да. Ако не ги фателе, да пропеат, ни тела ќе најделе ни ништо. Јер во нивите, шумите, доловите, камери нема. Ко што има и други исчезнати што не се најдени, или најдени се тие ама не и нивните убијци. Еве, како би нашле закопано тело, без да знаат кај да бараат, без докази и сведоци.
Па треба да најдат,тоа им е работа,за тоа учеле имале пракса и теорија нели.,ТАА Е СТРУКАТА НЕЛИ-КРИМИНАЛИСТИКА. И хирургот работи тоа што учел со години,од кај да знаеме ние ?
На толку криминал во државата, треба некој проект -полицаец за секој граѓанин, не мислиш? Учеле криминалистика-ај не ме смејте, не е темава за смеење.
Тоа беше гарант трол, има секакви пациенти. Голема веројатност да е случајност затоа што така изгледа секоја киднапирана девојка, врзана или убиена.
Тоа е процес кој би траел со месеци или години и кај најискусните инспектори доколку нема сведок и убиец кој би прозборел. Среќа па овие ги најдоа и прозбореа иначе ке се влечеше се ова со години .
Не ми е јасно зошто нашиве не се позамараа со тоа кој стои зад лажниот профил. Као нив тоа не ги занима,нека си видат Косоварите. Зарем не е тоа битно во истрагата?
Да затоа се платени од државата,не дека се глупи и не знаат,ама во МАКЕДОНИЈА има корупција,и секој кримал се става под тепих,па после следуваат уцени.
Ова е многу сериозна работа, Палчо ќе проба да се брани на сите можни начини. Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење - Република (republika.mk)
Него голема сличност гледам со случајот од 1989 год кога на исто место каде што е закопана Вања е најдено тоа девојче Биљана убиено. Тогаш Палчо имал 25 год. Тоа ми е голема коинциденција.
Прво-учеле за криминалисти, второ за тоа се платени. Колку криминалисти има вработени таа полиција? И тие за доктори што учеле, не одиш за проблеми со срце кај гастролог, а кај сестра уште помалку. А дека се пика криминал под тепих, не видов некој да го тврди спротивното.Затоа и се деси ова што се деси. Ама за овој конкретен случај, не разбирам што не е јасно- сторителите се најдени и затворени. Па да се множат затворени сторители, од сите ешалони, да речеме аирлија - не да се хистеризираат будали со, ,правда за Палчо,, он златен, спасител на државата
Свирепо убиство, киднапирање, исто место, тоа се доста сличности за 2 милионски народ. Он добро го познавал тоа место затоа што неговите имале имот таму.
Па не би рекла, свирепо е ама нема сексуални карактеристики, начин на извршување, годините на девојчето не се исти, место на живеење, немало траги на повеќе соучесници, не е ликвидација, немало изнуда (нема ни кај Вања официјално ама има индиции). Општо цел тој дел накај Скопска Црна Гора е примамлив за криминалци зошто има повеќе излези за бегство.
И јас мислам дека на монструмов ова не му е прво убиство,изгледа како на шала му се и скоро сум сигурна дека ако раскопаат по тоа Бразда таму ќе најдат и други тела,типов е тежок психопат.
Не мораше да се трудиш да образложуваш затоа што иронично ми беше прашањето. Затоа и ги ставив тие три смајлиња што ти првично го имаше ставено. Али толку ме сфати. Ете ти го одговорот на твоето прашање.