„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“. - Ременски. https://mk.voanews.com/a/frosina-remenski-grupata-na-palevski-neoficiјalno-imala-spisoci-za-iznudi-i-likvidacii/7387169.html?fbclid=IwAR2mWfgHHif3YF7elKfqmAxj3LIsBdmfwsgDtPRuoLdI03r6esPe925oJsE
За какви бре две три недели зборуваш ти неслушање со таткото? Официјалните податоци викаат дека ГУБЕЛА прв час, а не дека била болна. Тоа и мајката го изјави. Јас само размислував во насока дека губењето на час е информација што ја дознаваш пред самото фактички губење на час од некоја вонредна X причина. А бидејќи не живееле заедно, по некој дифолт за таква ноторна работа би знаела мајката изутрината. И повторно НЕ, Не ја напаѓам мајката, ниту викам дека била лоша мајка или слично, само ги разгледувам сите аспекти на приказната и случувањата потоа. Затоа поставив реторичко прашање дали планот бил да се грабнат и убијат двете девојчиња? И не не е лупање, туку реконструкција на настанот кој ја заинтригира јавноста и во која истата очекува разрешница со фаќање на сите виновници. П.С нареден пат кога ќе ми реплицираш обрни внимание на правопис.
Во изјавава на мајката, последна, кажува дека детето и' е болно. Без оглед, таткото имал инфо дека едната ќе биде сама. Биле во контакт со него, можело девојчето само да му каже. Многу невина информација што е нормално да ја споделиш со родител.
Не обрнувам, убаво ми е да сум неписмена. Која си ти да реконструираш настани? И глупави небулози? Поента ми беше дека таткото знаел се за девојчето како и мајката, она подеднакво зборела со нив двајца, тоа што се разведени не значи дека мајката повеќе знае. И не, губење на час дознаваш неколку дена пред, не е ова факултет па ќе кажат две минути пред часот.
Можеби е сега болна. Во сите претходни податоци стои дека ГУБЕЛА прв час, еве една од првите вести- https://4news.mk/zoshto-vana-go-pro...e-prodolzhila-po-partizanska-kon-univerzalna/ Секако дека е невина информација, туку се поставува прашање дали ќе ја споделиш веднаш во 7ч сабајле, а од друга страна веќе убиството е целосно испланирано за 20 мин подоцна. Затоа се прашувам, дали и двете сестрички биле мета, а по игра на случајот едната од X причини останува дента дома и така си го спасува животот?
Дента кога исчезна Вања, беше кажано дека помалата сестра губела прв час. Ова со здравјето е друго. Од една страна, не беше во ред што Весна го откри тоа. Од друга страна, па и мајката сама откри. Камо ова да ги запре теоретичариве...
Не ти се случило во петок да ти кажат дека следната недела ќе губиш часови по математика на пример оти наставничката е отсустна?
Се случува секако, ден или два претходно може да ти кажат. Ама надлежниве не убедуваат дека убиството е однапред и долго планирано, па води кон тоа дали и двете биле мета? И дали фактот што останала сестричката дома е среќен сплет на околности. Или пак целта била само Вања?
Еве, јас со теорија- не верувам мајката воопшто да дала некоја изјава сега, ама ај. Српските медиуми се посебен вид лешинари. Зошто би давала изјава за српски медиум? Аман, оставете ги луѓето на раат (не ти Некст) , сите со итните и битни прашања.
Види, моето ниво не ми дава да разговарам на овој тон, просто овој тон на комуникација не е мој стил. За губење на час во било која образовна институција можеш да дознаеш или непосредно пред губењето или ден два претходно. Исто така, твојата поента е бесцелна, ниту пак си била ти таму да знаеш што знаел таткото, а што мајката, ниту пак кои се информациите споделувани во кругот на семејството. Во темава се дискутираат сите аспекти на случајот, сите сме слободни да си искажеме наши видувања или некакви аспекти кои можеби не се кажани, бидејќи сите знаеме дека има многу дупки и нелогичности во официјалната приказна. Доколку некој отвара поширок видик од твојот, не мора веднаш да го напаѓаш, размисли поубаво....
Кој ти кажа? Штом губела прв час во понеделник, тоа значи дека губела класен час, а класната сигурно ги известила претходно. Сигурно не биле известени сабајлето. Плус, од каде знаеш дека и претходната недела не губеле часови од истата наставничка/наставник? Не ми се верува за што се фативте
Кога ќе се фатите за некои работи и никако не попуштате. Зошто сестричката губела час, како никој не видел кога ја киднапирале или пак сликата со Палчо и мајката 47478292 пати ја постиравте. Сега најважно е зошто ја убиле што е било причината.
Aхх ете ви сеа, небитно политичко тело, не била вмешана политика и политички атак мхм, ете овие да ти испаднаа мастермајндс, екстремисти, (десничарски ваљда? ) терористи, а и русофили секако, тоа се подразбира, а и што ли уште не. Се знаеше кај тера работава. Кој беше баш пред некој ден и овде сподели или пренесе вест со слична конотација, Тање ли беше. Уште тогаш знаев дека шо информаџија и да испадне од тој момент јас ќе верувам 100%но и без размислување. Сепак безбедност е у прашање.
Ајде барем се прекина со шпекулации од типот "сигурно шипци ја однесле на Косово" дека по дифолт тие се криви и сомнителни секогаш. Сите со теории за некакви си заговори од страна на МВР повикуваат да им ја кажат вистината од друга страна овие излегуваат на прес и ви кажуваат ама вие не верувате,абе ништо не ви е доволно. Шо луѓе сме бе цццц
Ич не ми е веродостојна професоркава или што и да е. Со сигурност имаше објавено дека била задушена, а потоа било пукано во неа, уште пред обдукцијата. Си игра со емоциите на јавноста. Си собира поени?? Дајте да не наседнуваме на вакви "сезнајковци".
Ако не било ова ќе било друго, татко му е ги зема ги шета сигурно и двете ќе ги однесе некаде ќе ги пушти друг ќе ги киднапира, имал и клуч од станот буквално кога сакал се мотал дома ко да не биле разведени, но може го поштедил помалото оти болно, тие може и двете да ги киднапира цела банда се забегани, не ми се верува уште дека ги уби чупето заради било која причина и да си ја наведе..