И упорно не сфаќаат дека така би изреагирала класната и за било кое друго дете. Па тоа и треба да биде нормална пракса, а не постапка која ќе се осудува и вештачи од Фемина експерти.
Сериозно очекувате МВР да се обраќа на секое до јавноста? Ако имате тронка познавање од општа култура, ќе знаете дека секое инфо кое се изнесува јавно, ја попречува истрагата, и доколку се работи за киднапирање, може да му даде предност на киднаперот. Не е ова евровизија, па одма да знаете резултати од телеволтинг, Бог да чува. Јас па ако се изнесуваше јавно од МВР на секое, ќе го сметав за крајно непрофесионално. И да, капа симнувам на мајката и класната за брзата реакција. И јас ако си го пуштам детето на училиште и ако ми се јават дека не е таму, а не е достапно, ниту можам по другари и другарки да го добијам, паника ќе кренам... макар и да испадне да е бегање од час. Ваљда не сте родители и не гледате исто на работите. Плус времињата се други, не е безбедно. Има киднапирања, убиства, трговија со бело робје и органи, не е веќе времето на баба ми. Нормално е да помислиш на најлошо и да реагираш. Децата од најмали ги учам да не одат со непознати, да не влегуваат во коли, да не се делат од група... ваљда не ги учам оти сум лудача, туку сум поучена од настаните во околината и во светот. Само глупости се треси и тука и на ФБ, па се нешто сумливо, па сите инспектори и детективи. Сите одма знаат како се наоѓа киднапирано дете, професионалци, само мајкава и полицијата глупи и сумливи. Во ред е да сме загрижени, да дискутираме, ама Боже мој, полека малку, имајте осет, п... му м....
Абе ајде ако се јавила зошто се јавила,ако не се јавила ете гајле и е ништо не работат.Ако мајката одма пријавила зошто пријавила,ако пријавела во 12 ееее немајка не се замара.Дојдовме до степен нешто сосема нормално да ни е чудно.За деца од 14 год зборуваме не за средношколци,па и за тие.
Види и јас сум против теории на заговор, ама на вакви теми, подобро е да се има дискусија, отколку да се молчи. Ние како општество треба да придонесеме највеќе што можеме. Не знам дали си гледала како се одвиваат барања во други држави, ама народ се крева на нозе, бараат во околина дење, ноќ, било каков најмал доказ. Не сакам да се расправам во ваква тема, ама пасивност не смее да се дозволи.
Ти не се караш, јас не се карам, други не се караат. Ама мора во секоја тема да има дежурни полицајци. Добро е што има заинтересираност за случајов. Треба внимавање со кого се комуницира. Во денешно време на никој не можеш да му веруваш.
Твоите дебати се цело време едно исто, сумливо е класната што се јави, и тоа 100 пати. Пишаа и други дека родителите од другите деца се огласиле дека тоа го прави класната редовно за сите деца, ама не, тебе ти е сумливо. Тоа што го прави класната е за поздрав, не е сумливо. И не само што не е сумливо, јас би тоа да е принцип во сите школи кај сите наставници.
Секое школо треба да има пракса да се известува родител дека детето не е на училиште. Што ви е вас бе што гледате лошо во тоа. Во цел свет е така. Ќе се јави ќе праша ако е болно или друга причина ок, ако не еве ситуација. Не туку трескајте зашто се јавила класната!! @GirlVolley не на крај на ден, на првиот час се јавува кај родител. Така треба. А не нека помине пола ден па после оп детето го нема.
Да, затоа што пред само некој месец родителите си потпишувале петиции во Дебар Маало затоа што биле исплашени за безбедноста на децата. Така прочитав некаде. Сосема нормално да се договориле да ѕвони ако веќе имаат основа за страв. Ваљда не потпишувале петиции од ќејф.. шо знам. Дај нека пише некој дека е најдено детево...
Кај нас народот сѐ направи, освен што се крена на нозе. Како ќе помогнеш ти? Со тоа што ќе им кажеш на полицајците како да го претресат лаптопот или кои камери да ги погледнат?
Е ова. Зошто се ќути за ова? Зошто не го знаеме сите? На тв да пуштиш ќе се изнагледаш глупи емисии, глупи серии, ама никој нигде не објавува дека во центар на главен град, родители се плашат за безбедноста на своите деца.
Добро, Форумче. Дваесет пати напиша дека не чекале полицајците од народот. Сфативме. Но еве ти мое искуство, кога барав заштита од нив, не ја добив, ги викнав, но тие се брзаа да си одат, а кај тој дебилот што психички малтретираше се задржале еден час бидејќи им се допаднала неговата професија, читај: врски. Ее, моја Македонијо.