Не знам дали е веќе постирано, штотуку го пуштив. Од она што имам веќе гледано за други случаи, детективов прави добри реконструкции на случаите со релевантни информации.
Веруваш во ова дека сакале да прават ликвидации, рекети, да киднапираат или се зезаш? Ако се докаже дека имале план за такво нешто, ќе поверувам дека е дестабилизација финансирана од центри на моќ. Нешто и на српските канали експертите си коментираат дека ова требало да испадне нешто големо, баш кога пола Европа била во Скопје. Види им ги ставовите, вчера отворив на фб да видам што пропагира партијата Десна. По нивно сите пропаѓаат, сите се стока, да ја следиме Русија. Човеков бил дел од СДСМ, не сменил ставови доброволно, туку се знае зошто. И да, многумина мислеа дека девојчето е однесено на Косово за органи и такви филмови. И да, имаше медиум што пушти лажна вест дека е најдена на Косово. Кој и да му плаќал за дестабилизација, требал да знае дека ние не сме народ што ќе го поттикнат на војна, плашливи сме, дури и кога сме нападнати, а не па некого да нападнеме. Ама од внатре можат да ја внесат државата во хаос, да пламнат протести итн.
Четврти ден од пронаоѓањето на осомничените ние сеуште немаме јасна слика за случајов. Се што знаеме е дека се фатени сторителите на двете дела дека го киднапирале Панче за ебани 500 евра и да му ја искористат колата за киднапирање на Вања за откуп кој никогаш не го побараа а зошто ја убиле останува мистерија. И сето ова е поткрепено само со изјава на еден од осомничените. Детали од случајот бе абдали што криете треба да види јавноста детали како била изведена и како течела цела операција, каква улога имал секој од осомничените, зошто е убиено девојчето, материјални докази дали е пронајдено оружјето со кое е пукано, парафинска ракавица кој пукал, днк трагови на место на злосторството, резултати од обдукцијата на девојчето, снимки од камери... Ништо од ова не е презентирано па кога овие морони мислат да ги презентираат сите докази што ги поседуваат ако воопшто ги поседуваат и да не држат во неизвесност со идиотски прераскажана приказна со еден куп нелогичности.
Кога, на судењето ваљда. Или мислиш на форумов да го одржиме судењето, лајк плус минус, решено. Освен ако немате дојава за крај на светот утре, може дз почекаме до судењето мислам. Мајка изгуби дете на страшен начин, они живееле во неизвесност. Божемеопрости
Значи Мк преполна со лешинари само. Од новинари до професори и сезнајковците на фемина. Како едвај да чекаме некој трагедија да трачариме, филмуваме, паничиме а за политизирање па тоа најгадно ми е.Како да се храниме со туѓата мака не мислејќи дека се може да ни се мане од наша глава. Не ми се отвара соц. медиум веќе деновиве.
Јас ќе бидам задоволен само да добијат максимална и најстрога казна. А тоа што како било веќе не ме интересира, девојчето и стариот човек нема да го вратат во живот. Се дополнително е трачарање итн, имам доверба во полицијата во овој случај и се надевам ќе добијат максимална казна.
Случај не се решава за 4 дена но се споделуваат информации и наппредок на истрагата не се чека до судење особено кога се работи за вакво грозоморно дело кадешто цел народ е засегнат
https://vocentar.com/тој-ги-кажа-си...4LVFXhxF-ukfc32GpIjhuxx6TR7EVd8MUQgQbic0Xwd3o А жена му јадна го правдала дека го местат... оффф...
јас затоа претходно реков дека не ми е жал за фамилиите на монструмиве. Ама ич. Ќе ги бранат до последно. Очекувана е ваква себичност, ги боли за своето а за туѓото мало гајле. И нив треба да ги протресат, дали знаеле за планот и егзекуцијата.
А створов има две ќерки и една внука. Женски деца има. Фб му е полн со тоа колку е важно семејството. Мислиш ангел на земјава. А оно монструм..
Јас го гледав видеото и многу чудни работи слушнав. Мислам дека 50% ако не и повеќе од информациите во видеото му се непроверени шпекулации.
кој е модератор тука и зошто ми избриша мислење? Детективот кажа дека обдукцијата покажала дека причина за смрт е прострелна рана една во грбот и една во глава Сокршени две раце една нога и вилица Човекот има луѓе колеги негови во мвр не верувам да не е точно Таткото и Палчо вечерта пред киднапирањето биле заедно испаднати Кажа кој во кја кола се превезувал и дека каратистот препеал прв
Го изгледав и јас, има некои детали што не ги сретнав до сега, барем јас, како на пример, дека и Вања имала стан(наследство од дедо и) на нејзино име, за татко конкретно која од која дрога бил зависник, коцкањето во обложувалници(а не казина), мислам и спомна прекар по кој бил познат поврзан со пороците, неговиот добар однос со дедото на Вања, исто и нејзината насилна смрт ... Не знам, нема што да се коментира повеќе, девојчето нека почива во мир и да се надеваме дека ќе добие правда зашто не може и сигурно не постои причина таа да заслужила вакво зло.
Можеби дека јас го имав постирано истото на истава страна, неколку мислења погоре.Претпоставувам само.
Стварно? Шуба прикаска му раскажале, посебно ме трогна онаа за Аладиновата ламба. Штета заборавиле да му кажат и дека беше висок функционер во редовите на Сдсм, дека е кодош и соработник на службите, дека објавуваше прислушувани разговори и којзнае колку луѓе изрекетирал за истите, итн. Ама Аладин...