Не лупајте бе, кажаа девојчето каде е најдено, каков контејнер. Профилот е лажен, има многу будали кои сакаат да бидат центар пажња во вакви ситуации.
Мене ми е чудно што никој не се нафаќа да ги брани. На адвокатот особено кривичарите тоа им е работа и предизвик за кариерата. Не ми скокајте, кај нас нема многу вакви случаи. Или немаат пари па не им се интетересни. Ради морал секако не е, бранат и поголеми монструми од овие. На пример, Коста во Србија за адвокат ја има една од подобрите. И на вакви случаи обично слушаме звучни имиња.
Страв им е претпоставувам дека народот ќе ги осуди. Белград е огромен за разлика од Скопје, ако народот се сврте и против адвокатот ќе му трпи кариерата долгорочно. На страна што изгледаат дека не можат да си дозволат звучно име за адвокат. Ќе видиме за Палчо како ќе биде.
Би се нафатиле они да има кој да ги плати, од сите тие морони само Палчо бил колку толку со пари другиве се клошарана.
Не можеш да споредуваш со Коста од причина што таму населението беше поделено, Коста преку ноќ стана " звезда ". Имаше многу поддршка за него, затоа што истите што го бранеа Коста го напаѓаа училиштето и општо системот дека не превземале ништо кога Коста барал помош. Еден дел го имаше представено Коста како жртва, во смисла му пукнал филмот постојано да биде малтретиран од сооучениците без никој да го заштити па морал да си ја превземе работата во свои раце и сам да се заштити. Овде го немаш тоа. Го бранат Палевски да, ама Палевски не е жртва во ниеден случај. Не бил малтретиран од никој па да насрне на девојчево или нејзината фамилија. Едноставно споредуваш два тотално различни случаи.
За некој што се држи до морални вредности и те како ќе му биде гајле. Не на секој му е дојдено до кариера преку вакви работи.
Па во тој случај ниеден криминалец не би требало да бранат ако се гледа по морал, не е само ова убиство. Мислам дека и Ангела со случајот за Пино имаше добар адвокат ми се чини.
Искрено и јас се чудам. Јас мислев ќе се испотепаат адвокативе да ги бранат, имајќи предвид дека добар дел од нив се скарани со морал.
Ќе се самоцитирам, ова беше неколку саати пред да објави МВР дека се најдени. За тоа треба затвор да лежи чупето Знае некој овој Момировски дали објави "докази дека мвр лаже"?
Нема тука морални вредности, за тоа учеле и тоа им е работа. Исто така има пресумпција на невиност - "секој е невин додека не се докаже спротивното", колку бесчувствително да звучи во моментов, пресуда се' уште нема.
И каква поврзаност има тоа со каква ни е државава? Секаде има пресумпција на невиност, сигурно ние не измисливме овде
Луѓе полека..колку и да сме гневни си има правна постапка . Ке се најде адвокат да ги брани,ако не ,секако државата им доделува по должност и по избор.