Башка, гарант не му е прво убиство. На крај памет не му паднало дека ќе го фатат, па затоа и си бил сигурен.
Има нешто што ми падна на памет, ми се наметна едно прашање па ќе пишам. Рекоа, двајца биле што ја врзале и ја ставиле во кола. И на снимката видовме дека беа навистина двајца. Третиот, Палчо, тој што ја убил. Осомничени се петмина. Значи, двајца во Цитроенот и тројца во Реното. Си викам, што барале 5 луѓе таму во Бразда да одат? Зошто толку, немаше ли да бидат ете тројца доволни за киднапирање и за да се јават за откуп? Што ли планирале петмина? И уште нешто, пукањето не ќе да е поради паника и сознание дека е пријавено во МВР, туку затоа што поради некоја причина, девојчето веќе не било во состојба за да можат да бараат откуп. Дали поради верзијата дека било задушено или поради другата верзија, дека било физички повредено, со скршеници, ако можеби давало отпор и се обидувало да се ослободи па го повредиле и, на крај, кога веќе не можело да бараат откуп штом има физички повреди, го докрајчиле со куршум. Двете се неофицијални, непотврдени информации за јавноста. Не знам, само си размислувам. Досега верувам на официјалните информации што ги кажаа, некои прашања останаа неодговорени, но отом потом. Во секој случај, ете и да не дознаеме што точно се случило со Вања, сигурно ќе кажат дека само прострелна рана е причина за смртта, би сакала да ја дознаам инволвираноста и целта на секој еден од овие петмина, кој за што точно се товари, а тоа ќе го слушнеме на судењето.
Го слушав ама на овие новинариве што си кажуваат, не им верувам баш... Инаку, денес пријавена е за исчезната 31 годишна жена од Тетово. https://www.expres.mk/zhitel-36-na-...ako-izlegla-od-kukjata-na-nejzinite-roditeli/
Таткото настрана...нема ни признаено. Еден има признаено за човекот од Велес, друг за девојчето.Кој што стварно не памтам, не знам ни дали беше кажано точно.
Од молчење не не бива.. Додека народот не изврши притисок врз полицијата, полицијата нема со малио прст да мрдне
Имаше интересна емисија кај Бетмен, Латас беше гостин. Лично се знаел со Палчо, убав осврт даде на неговиот лик и на целиот случај. И така некако, ми се отворија и многу прашања. Јавна тајна е дека Палчо имаше јак грб од одредени моќни луѓе, кои го штитеа во криминалот, додека овој одработува за нив. Можеби и затоа бил сигурен дека нема шанси да биде пипнат за злосторствово (засега обвинет) , "грбов" ќе го штити. Ама некој му дошепнува дека нема да биде сега така, и затоа тој бега по неколку дена. И од каде да знаеме дека токму Палевски е организаторот на се ова? Понатаму не одам со нагаѓања. Само знам дека овој Палчо има многу одговори кај себе, и се надевам дека нема во меѓувреме да се удави во кофа со вода. Сите ние заслужуваме одговор зошто и како се случи ова, за да не живееме во страв и обѕрнување наназад, со мисла дека може да се повтори.
Тројцата признале. И во полиција и пред истражен судија. Таткото не признава, Палчо е во бегство. Јас колку што знам, од почеток официјалната изјава е дека тројцата го посочиле Палчо како убиец, а другиве помагале.
Секако дека имал, шо коменторав ја неколку страни поназад. Со Веруш едно беше тогаш, го штитеа сите, самото тоа дека си шетал до сега на слобода треба да светне дека не е сам, не мора некој да каже. Не можи никој да ме убеди дека не е сам во ова се, само ме буни тоа што е на толку глуп начин се изведено.
Татко ми ми кажуваше дека бил сосема нормален човек се додека на се вмешал во политика. Го знае од пред тоа, доаѓал и кај нас дома. Вика сосема просечен, најнормален. Е кога се вмешал со тоа партиите станал сосема друг човек. Дали го повела моќта, парите или што не знам, само не сакам ни да замислам што се има правено кога Црвенковски беше актуелен.... Ако он сега осеќа дека има грб за вакви гадости рачунај дека тогаш правел ×3.
Спојлер Една можна теорија што ми текна е дека сепак ја планирале за откуп ама на татково му проработела совеста во последен момент и им рекол да ја пуштат зашто нема да добијат пари или ќе ги пријави. И овие ко за одмазда да ја убијат