Денес во 16 ч. е протестот (ненајавен и непријавен) за правда за Палевски... Да видиме што циркус ќе испадне... Овие сметаат дека е политички прогон.
Додатно, ако ја следеле колата на камерите како стасале до тоа место кадешто е запалена и таа со неа би повржале дека е на некој кој е во таа и таа партија/политичко движење, па би направиле вистинска истрага. Секое возило си има сопственик, би ги идентификувале многу бргу и тогаш би можеле да земаат заслуга за нешто. Вака, празни зборови само, какви пофалби, рамни на 0 се.
Spored mene neli taa vrekja e za spienje i ne mozes vo nea da se zadusis..nema logika toaaa! zosto i gi skrsile racete, vilicata...Pa ja ubile kojznae kako se izhivuvalee..
Ако имаа Бубевски ќе кажеше на пресот. Тој рече дека имаат само изјави од осомничените, дека Палчо им рекол така. Толку. Извини, ова се однесува за учеството на таткото, не те разбрав од прва за што ме прашуваш.
Нема шанси психопат ко Палчо да не е виновен и да не го сторил делото, туку мислам дека не е сам во ова. А дека ќе се труди да глуми дека жртва е, тоа сигурно. Еј бе, рака да не ти се укочи и стресе и да пукаш у дете, човек. Не ќе да му е првпат, искусен си е тој сигурно.
Ние сме тотално пореметена нација. https://www.instagram.com/reel/C0oGFb9p4tI/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Јас мислам дека типот (не го знам патем) има до некаде вистина. Држи вода муабетот дека штом еднаш ќе нѐ убедат дека доволно е некој само да се "обезглави" врз база на едно тврдење без понатамошни подробности, истата тактика ќе се применува и врз други неподобни луѓе. И не велам дека не се тие сторители, не знам, не сум видовита, ама не сум ни со заслепено верување. Што да правиме, нѐ научија во овие 30 години со сомневање да сме кон сѐ. Барем се надевам дека народецов сфати или сѐ до наредни избори... Според мене, работава е покомплицирана отколку што изгледа дека толку едноставно ја решија. Како верувате, како знаете во сѐ што ќе кажат? Има некоја политичка заврзлама зад сето ова. Не ми е верно толку брзо да се разреши сѐ, да се откријат убијците и тоа сами се откриле?, па се најде главниот ... Чудно ми е. Кажа некоја погоре, глупо е. И стварно е глупо. Министерот вели немојте од ова да правите поени, а ми оди накај тоа дека ќе ја свртат работава за поени. Некакви игри секако се водат.
Затоа што не ми е сомнително за човек што ја претепал ќерка му со боксови,и НЕ ама ич не верувам дека го местат,нз зошто заборавате дека се работи за убиство на ДЕТЕ,да беше политички прогон сигурно не ќе беше ова начинот,јаката штикла Палчо,ако има компромитирачки снимки а верувам дека има за сите политичари најлесно ќе беше да го ликвидираат,сообраќајка рецимо,најлесно е. Вака сеуште има шанси да ги разоткрие за нешто,ако мислите дека го местат за тоа. А јас мислам дека овој е една таква психичко болна индивидуа што конечно е откриена а ова сигурно не му е прво дело.
И уште еден факт дека случајов има поголема слика. Како тоа за нешто вакво големо ниеден звучен адвокат не се нафати да го земе случајот? Им доделиле по службена должност. Не ќе да е до тоа дека обвинетите немаат пари, туку веројатно страв. Секој со два грама памет претпоставува дека во прашање е нешто подлабоко, и не сака да се компромитира со некого и да си става глава во торба.
Никој не го мести,тоа по штабови измислуваат.Мене повеќе ме плаши да не се вади на некоја психо дијагноза пошто очигледно е дека типот има нарцисоидно пореметување исклучен од емпатија, манипулатор со години,тие секташите негови ко хипнотизирани се. Па сега и ќе барале правда,боже сачувај. Тоа што не сакаат да го бранат мислиш има врска со страв,со моќ?! Не ми е чудно инаку. Убиец на дете да браниш треба да си морална 0.
Ама секако дека е комплицирана работата е и не, не решија ништо, ниту пак се за верување Мвр. Се си стои тоа и дека игри се играат. Туку зашто за жртвено јагне го сметате овој? Не ви делува дека е способен за вакво нешто а? Го местеле невиниот, а он тежок хоштаплер и рекетар поврзан сo сите или па дека проруска му е партијата односно дувлото секташко па затоа може му се осветуваат со местење за убиство? 100% за поголемо и полошо нешто од тоа што си мислиме се работи ама ај, не е крив он.. Не знам кој е наивниот тука.
Ама кој битен политички фактор е Палчо? До вчера појма немавме дека има политички субјект. Што не ги наместија левица на пример, ако збориме за политички неподобни? Како три рандом особи што не го знаат Скопје, одбрале дете од зграда во центар со 3 населени стана (карикирам, ама јасно ми е дека повеќе деловни станови се, отколку станбени). Како било каква теорија на заговор е пологична од логичното? Што признавале ако немаат врска со случајот? Ќотек? Ете ќотек, таткото нема признаено. Ама пред суд мора да ги изведат, тоа ваљда на сите им е јасно.
Ама ајде сега. За Смилковско имаа адвокат/и, Коста од Србија имал еден од најдобрите адвокати... По оваа твоја логика и ако има некој осомничен кому му треба итна лекарска помош, не смеат да му ја пружат, зошто би биле неморални. Тоа им е работа. И затоа сега и имаат статус обвинети, затоа постои презумпција на невиност, се до пресуда. Кај нас дозволивме, или не убедија, по обратна линија да одат работиве.
Некој да сакал да го намести Палчо ќе го наместел порано и за друго. Еве што пишав поназад. Поради ова верувам дека ја убил Вања.
Родителите на Коста ги брани тој адвокат. И што е тоа сега битно за случајов. Не сакаат да бранат убоец на дете ! За мене ништо чудно,не постојат пари кои тоа можат да го платат. Кој тоа не убеди оревокршачке и во што? Невини се?! А признале?!
Македонијо засрами се, само три лица дојдоа на протест за правда на Вања“, реагираат организаторите од Fokus 09.12.2023 Иако јавноста беше згрозена од убиството на 14-годишното дете, се повикуваше смртна казна како и масовен протест, сепак кога дојде денот сликата е сосема различна. https://fokus.mk/makedonijo-zasrami...t-za-pravda-na-vana-reagiraat-organizatorite/ Добро, ова не ме чуди знаејќи колку сплотен народ е македонскиот, така да, ништо невообичаено. Ќе бев изненадена да се собрале сите кои беа демек гневни за протест. Уствари на никој за никого не му е жал. Добро, заборавив дека секој се сили само на тастатура. Ништо, одминете ми го коментарот, гласно си размислувам.