Стварно овие ви личат дека можат да си дозволат добар адвокат? Дека добрите адвокати не се нафаќаат од страв?
Знаеш ти многу дали никој за никому не е жал. Глеј си сограѓаните шваби горе и не туку плукај кон народот. Нека го остават семејството да тагува во мир веќе,наместо да протестираат пред зграда. Има обвинителство,суд,тие смртна казна ќе барале. па и организаторката се дрзнува да коментира Дегутантно е.
Абе дека нешто многу смрди, смрди корне. Дека народот е запрепастен и дека со емоционалност се гледа на работите, нели се работи за убиство на дете, не се рассудува со чист ум. Што е и нормално, сите рагираме човечки. Но, дека има премногу нелогичности, до тој степен што дури и интелигенцијата ни ја потценуваат, има. Како и да е, убиецот на Вања, Палчо, баграта негова, кој и да е имал помош. Кој кого крие и штити, што точно се дешава, се надевам ќе се дознае. И мислам, дека не Панче, туку Вања е коратерална штета.
Ау кога ке пишете вака, па ви ја вреѓале интелигенцијата. Имал помош? Ако имал помош,како ги фатија?! Зошто ако имал помош не побегна на пр.Мадагаскар и никогаш да не беше најден? Или не му исценираја сообраќајка и да го решат за векови. Фатен е зошто мислел дека има помош,ама секнала помошта,го тинтраа со години. Никој тоа не ве убедил. Не е работата завршена,следи обвинение и судење. Ко да ви е жал побогу гу што го фатиле Палчо рекетарот.
Би да не убедат, пардон, точно. На нас е дали ќе прифатиме. Иначе а зошто престанала поддршката. И дали е поврзана со прљавиот веш што го имал што беше спомнат (не за себе ваљда). И што има во тој прљав веш. Или тоа сега не е битно, извинете за сметња.
Многу прашања и нелогичности има во случајот. Не ми е јасно зошто ја запалиле колата а телата ги фрлиле. Зошто не ги запалиле телата внатре во колата кога веќе носеле бензин?
Капава сѐ кажува И кој политички фактор е Палчо па на ваков начин да му вршат политички прогон? Мислам дека сте опседнати со идејата дека сите нѐ лажат, сѐ е измислено, само вие критички размислувате, другите се овци и го игнорирате тоа што е очигледно само зашто сте убедени дека МОРА да е некоја теорија на заговор.
Не ми извртувај зборови те молам. Криво ми е, да, што ваква личност одамна не е зад решетки, и што некој му дозволи да мисли дека е недопирлив, а сега имаме убиено дете за кое ни сервираат мотив кој не се проголтува.
https://vocentar.com/на-таткото-на-...Oh2Krnd8ln0kw55AblaxUbipdt9Mq0_5nzXOsXEWhYBtU Извинете ако е постирано претходно.
А ти, мислиш дека случајот е монтиран и дека смртна казна фали? И тие за смртна казна и тие за правда за Палчо се ист тип будали. Појма немам кои се, општа генерализација.
Никој не го жали Палчо. И да, ни ја вреѓаат интелигенцијата, пошто ова што го произнесоа воопшто нема логика. И да, тој монструм имал помош. Сакаш да ми кажеш дека никој не му потшепнал да фаќа магла зашто ќе го гонат? Не е битно каде избегал, битно е што избегал преку граница, три дена откако ја убил Вања и една недела откако го убил Панче.
Или Палчо му има на таткото ветено пари и се договориле да исценираат откуп, а таткото поима нема дека спремаат убиство, а всушност планот од старт е да се убие девојчето поради некаква лична освета на Палчо кон мајката. Треба да се испита каква релација имал Палчо со мајката. На Палчо му требале луѓе за да не се открие случајот и да биде надвор од Скопје. Дури мислам дека се имаат договорено ако бидат откриени како што и испадна, да го обвинат таткото и да им се поклопуваат изјавите на суд. И мислам и дека Панче од Велес го спремале за убиец и му ветувале пари, тој одбил и за да нема сведоци за планов го убиваат и тогаш го замешуваат таткото.
Точно дека случајот делува сомнителен, но кога на рекетар му дозволуваш слободно да хара по државава и покрај толку кривични пријави да не биде приведен очигледно делузиона самодоверба си набил и затоа нон шарлантно без никаква претпазлиост го извршил делово мислејќи дека повторно ќе се извлече. А околу протестот таа организаторка да го најавела малку подобро сигурно ќе имало повеќе луѓе дојдено пошто ја никаде не сретнав ни во колку час ни место за протест, каде воопшто она споделила дека ќе има протест?
Протестов бил јавен повик за смртна казна. Многу луѓе мислат дека смртна казна е егзекуција и каменување на плоштад, ко пред сто века. Ако некогаш се воведе кај нас, тоа претпоставувам дека би било на амерички начин, му ставаат инекција и го испраќаат за навек. Значи во случај на смртна казна, обвинетиот би умрел за неколку минути и полесно од било кој човек што умира од хронична болест да речеме. Епа извинете, ама психопативе тој мир не го заслужиле, треба да ги помлати некој во затвор и бел ден да не видат, со ќотек и модринки да живеат и редовно да се потсетувани што направиле.
Знаеме фино што е смртна казна и има причина зошто не постои. Уште таа фали и таман правец во среден век. И ко што гледаме, многу им помогна на американците во сузбивање на злосторства.
Како што беше и кажано, законот и да се промени за нив нема да важи, бидејќи делото е направено пред да е донесен законот. Што значи со ова само повторно се препукуваат политички партии за жал.
Уште ли запнувате со смртна казна? И јас би сакала, но не може. Ви се кажа веќе дека не може да се воведе поради ЕУ. А, и да ја воведат нема да се примени врз овие. И подобро ќе биде да се мачат скапувајќи во затвор.