Не ја правете темава во поле за лични преписки и препукувања, ќе бидете банирани без понатамошни предупредувања.
Според мајката девојчево било весело вечерта,немале проблеми,имале отворен однос и не било проблематично дете. Немале семејни проблеми,не трпела булинг. Неманишто што би било индикација за слученото. Затоа исчезнувањево отвара големо прашање за сите родители.
И не е лошо сите ние барем во делот на градот каде најчесто се движиме да внимаваме малку повеќе на луѓето околу нас.
Во класот кај детево пишувавме изјава кој може да го земе детето, значи ако ние не ја известиме учителката предходно дека некој друг ќе го земе не го дава детето. Иако овде сите се знаеме и рецимо детето на комшиите да го земам не смее без дозвола на родителот. Децава овде до 3 одд не смејат сами да доаѓаат ( освен со организиран превоз кој ги остава пред школо) и сами да си одат. Бидејќи овде се работи за постари деца кој може сами да одат во школо наставничката правилно постапила што ја известила мајката дека ја нема. Тоа што се посомневала одма на киднапирање не е ни тоа чудно во класов има мајка која е разведена и во нарушени односи со бившиот сопруг и освен таа сама девојчето не смее да оди со никој друг тоа го знае наставничката ја знае ситуацијата поради опасност од киднапирање од таткото или некој од неговата фамилија. Се надевам само дека се тинејџерски бубачки и дека ќе се врати жива и здрава.
Ма немој. Ти од кај знаеш што сум трпела јас? Јас барав заштита. Знаеш дека некој ако малтретира психички, понатаму и поголема беља може да направи. Сакам да доловам дека полицијата не работеше ко што треба, во тој случај.
Ако на некој нешто му е чудно овде, одма има напади. Читав за петицијата во Дебар Маало. Е дури сега ми стана јасно зошто мајката така реагирала. Овде ако не доаѓаат децата на настава мора да се известат учителките. Тоа се прави пред да почне наставата. И ако децата доцнат на час. Ако родителот не се јави, тогаш учителките се јавуваат по завршување на часовите. Тука се потпишува изјава дали детето само да си доаѓа ако се заврши порано со часовите или да остане во училиштето.
Во понеделник прв час нас ни беше секогаш со класната, веројатно уште е истата шема, така што целата приказна зошто се јавила толку брзо ми има логика. Во однос на теории ми е многу глупаво да дискутираме, може да се мал милион сценарија. Но, со оглед на тоа дека нема очевидци на присилно киднапирање, а ја снемува во центар, логиката вели дека мора да е со некој што или го познава или имала контакт. Може да е роднина, пријател/познаник на нејзините, дечко, комшија... Многу време е поминато, се надевам дека е живо и здраво девојчево и не е преку граница пројдено.
Ти не си бегала,окау…но девојчето самоволно пешки се движела накај Броз Кафе, озбилни сте? Ако имало насиље по улица, сигурно некој би изреагирал што се движел таму….а реално, најраздвижени улици се тие
Ама таа снимка во бела кола е демантирана од родителите. https://newz24live.com/toa-ne-e-vis...K40bWTq7rJA1ZliFtEXVLss3br1eI5-C8HzZA7F1tHpxk
Мислам дека тоа со колата и Броз не е официјално, туку почна со коментари на ФБ. И мајката кажа дека немаат таков доказ.
Не само од класот треба да се испрашаат и другиве деца, тој период идат накај школо сигурно имало и други ученици кој може ја виделе каде оди.
Кај Мечос влегла во кола, барем така кажуваа, а колку е вистина.... А Мечос не е баш кај Броз, колку што знам. Нема ништо да откриеш со пласирање теории на заговор и чудење зошто вака, зошто онака. Јас лично мислам дека не исчезнала своеволно, премногу време помина. Ама не е мое да шпекулирам, верувам дека ја бараат, и дека се користат сите можни ресурси и начини да се пронајде девојчето. Тешко на родителите, не сакам ни да замислам како им е.
Епа како може со колата да е шпекулација, а да е вистинс дека тука се губи сигналот на телефонот? Не разбирам стварно што се пробува да се направи….