А вие што запнувате за протести, да ве прашам, за што ќе протестирате? Уште не е решено се до крај, нема одредено ни судење ни казни. За што конкретно е протестот тогаш? И аман со таа смртна казна, 183856 пати во темава ви се кажа зошто не треба да има смртна казна и како функционира, деца да бевте ќе разберевте.
Јас сфаќам зашто може да има смисла протест во ваков случај или не знам дали тоа е најсоодветен термин, можда собир. Нормално е над вакво грозоморно дело луѓето да бидат згрозени и да го искажат револтот, да оддадат почит на прерано загубениот живот на Вања, човечки е да се покже солидарност во вакви моменти. Само што мислам дека е лоша организацијата а и местото не било одбрано соодветно.
Јас мислам да се почека судењето, па да се оди според целите што ги наведов на претходната страна. Штом до сега Палчо не бил казнет на долго, постои можност и од ова да се извлече.
Јас на сите неполитички протести сум била, на овој на памет не ми паѓа да отидам или пак да правам било што во околина на зградата. Мајката е во огромна болка и тага, чедото и го нема, да идам таму, да се дерам, да свирам со свирче, да носам слогани е крајно нечовечно, дегутантно и безосетно. Затоа и има тројца. Не е ниту време ниту место некој да и се дере на мајката под прозор.
Прочитав и се согласувам. Ама да се протестира пред домот на семејството е безобразно и безосетно. И не треба сега да се протестира, туку после судењето, ако има потреба. Прво да се изречат казни.
Забораваат дека таа мајка има уште едно дете и дека на тоа дете му е уништена психичката состојба. Колку и да е добронамерен протестот, вознемирувачки е х души да ти се наредат пред куќа.
Протест треба да има кога ќе има судење, да се бара максимална казна, сите сме гневни, сите сакаме цела вистина да излези, сите сакаме правда, но сега, не е момент да се вознемирува мајката и сестричката. Сега нив не им е до протест пред зграда. Протест пред влада за да не се повтори ова, протест пред влада за да си ја вршат работата за која што се платени, на време, протест за секоја жртва која можеше да биди спасена, но не протест пред домот на девојчето. Не треба случајот да биди за собирање политички поени пред избори.
И јас мислам дека колатерална штета е Вања. И не велам за палчо дека е битен фактор или дека е жртвено јагне, типот очито е способен за грозни дејства. Можеби позади сето ова стојат други служби кхм ширење паника, живот во постојан страв и несигурност... Знаете, исплашен народ подобро се контролира. Се сеќаваме од короната многу добро, како комбинација на страв и контрола. Е сега како ги најдоа неколкуте будали, не знам...
Дали вие се читате што пишувате? Така некој реши да сее страв и го најдоа девојчето на тепка, го наговорија татко и да каже кога ќе биде сама и го убедија Палчо и остали да ја убијат? За страв? За што? па после и му кажаа на Палчо да бега преку граница? Колку глупости се изначитав….
Игор Јуриќ, од Центарот за киднапирани и малтретирани деца (Србија), и татко на киднапирано и убиено девојче https://www.topm1.net/игор-јуриќ-за...dgGXrW0M0E2OlbuHdH2tTSH76s#lpy8li5xj80zqyu9s1
Не се знае каде е 22годишна девојка. https://shilomagazine.com.au/2023/1...MunbLP_MlSlNFv0Sgs26FD9R6sD3SJ5kagHt3-P37XKY4
Не знам колку е официјално,но прочитав дека Игор доаѓа во четврток да ја посети мајка и на Вања.Верувам дека Игор Јуриќ е вистинската и единствена личност која може во овие моменти да и пружи поддршка и да и даде сила на оваа мајка која го живее најлошиот кошмар на секоја мајка .Тој затоа што потполно ја разбира нејзината болка,може да ја задржи да не падне и потоне во овие моменти.
@Dilajla123 да, слушав интервју со него, самиот кажа дека ќе биди во Скопје и сака да стапи во контакт со мајката на Вања
Го слушав вчера на Сител. Сè ок кажа, освен тоа. Не е во ред да иде кај жената. Таа и онака не е во состојба да го прими.
Ама баш заради тоа јас мислам дека е најкомпетентен.Никој повеќе од него не може да ја разбере и да сочувствува со нејзината болка.Наместо да падне тој ја пренасочи сета енергија преку своја организација за заштита на децата. Ми излезе пред некое време сторија на мајка која и починало дете Кажуваше дека била спремна и планирала суицид.Се до оној момент кога добила телефонски повик од човек со иста судбина.И кажал неколку збора ,по кои ја издигнал од пепелот и ја спречил во намерата.