Исчезнати лица

Discussion in 'Општи дискусии' started by friendy, Aug 4, 2017.

  1. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2023
    Messages:
    492
    Likes Received:
    1,192
    Леле да беа комунистите еј, сите ќе идевте на голи оток, голи да отечете. Океј. Еве рецимо Палчо е невин, невин човек стига до азискиот дел од Турција односно Туркије и треба да го бркаме со екстрадиции и глупости да дојде да даде изјава како првоосомничен?
    А телово го најдоа по инструкции на севишниот? Не овие што признаа и кажаа каде е? А да беше политички, сигурно немаше Палчо да го местат пошто им бил член подолго него што има активна кариера надвор од СДСмто.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,273
    Likes Received:
    189,695
    А ти знаеш како оперираат? Како можеш да знаеш ако се тајни?
    14 годишно девојче е таргет на службите, за што?
     
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Joined:
    Oct 18, 2022
    Messages:
    3,950
    Likes Received:
    12,955
    Gender:
    Female
    Од сигурни извори, од прва рака.
    Таргет за страв кај народот, како во короната.

    Биљарке, обично ти си несфатената. Оф леле
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,273
    Likes Received:
    189,695
    Од извори блиски на службите:!:
     
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2010
    Messages:
    4,920
    Likes Received:
    12,080
    Gender:
    Female
    Добро добро, смири страсти.
    Ќе видиме чие масло е, ако дадат некогаш да видиме, колку и за другите црни случаи што дознавме.
    Сега да продолжиме да веруваме ;)
     
  6. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Joined:
    Jul 22, 2023
    Messages:
    214
    Likes Received:
    571
    Мора ли се да има позадина?
    Најјаки сте ми вие теоретичари на завери.
    Да беше за сеење страв немаше да биде приватен сукоб меѓу нив туку ќе беше киднапирање на рандом девојче на пример.
    Кај народот не владее страв туку револт, од човечки аспект секој би бил гневен на такво дело.
     
    oblace1, LiquidLuna, mkdvesna and 8 others like this.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Joined:
    Mar 19, 2021
    Messages:
    2,128
    Likes Received:
    9,827
    Gender:
    Female
    Итоа ко што имаме еден невиден среден, праведен систем, на смртна казна ќе ги судат тие што не се ич криви. Пак криминалци, језиви психопати ќе си хараат по улици.

    Се' се зема и сфаќа со резерва. Има овде многу луѓе што познаваат луѓе (или се вработени) во МВР па случајно или намерно протекуваат одредени информации. Никој нема да ти дојде и на форум да ти пише "командир на таа и таа станица, зборел со тој и тој инспектор што е директно дел од истрагата и вака и вака ми кажа". Не е све теоретизирање и претпоставки. Не сме толку голема земја па да немаат луѓево контакти. Да, не е морално, не е правилно, ама излегуваат информации.
     
    Last edited by a moderator: Dec 9, 2023
  8. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2013
    Messages:
    1,909
    Likes Received:
    3,404
    Gender:
    Female
    Скоро цела недела немав храброст да се вклучам на фемина, само за да не читам за овај хорор. Ни социјални мрежи вклучував, нити пак вести слушав. Ова е страшно, немам зборови.

    Уште не можам да сфатам дека сето ова е вистина! Како да сум гледала некој многу страшен хорор филм! И дај Боже да беше филм.
    Ама за жал е реалност.. Страшна реалност.
     
    Feminka22, LadyD, Skorpija25 and 3 others like this.
  9. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Joined:
    Dec 30, 2012
    Messages:
    240
    Likes Received:
    233
    Ми се слоши за колку голем број има потерница. Дел од нив и убијци.

    https://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/potragi

    А и од бројот на исчезнати лица. Ова е страшно. Се прашувам зошто баш овој случај доби толкаво внимание а другите не?
    Искрено се надевам дека страната не им е апдејтирана и дека бројот е помал
     
  10. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2023
    Messages:
    492
    Likes Received:
    1,192
    Карамарков и Танески ги осудија, океј Танески умре под ? околности ама пак у затвор ги ставија со докази со се, така што и ова ќе помине така.
    А страстите се на место затоа што зимате тука да разглабате како можеби бе не бил крив, па поголемо признание за вина од бегство има ли?
    Ама ај настрана, и како прво-осомничен, шо се крие? Сеедно, гадно ми е од пропагандата дека некој го мести, кур не заболе за Палчо нас...
     
  11. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2022
    Messages:
    311
    Likes Received:
    692
    Gender:
    Male
    Ова за службите... Верувај, точно напишал членот.
     
    NoirSerpentine likes this.
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,052
    Likes Received:
    17,281
    Gender:
    Male
    Жалосно е што трагедијава на крај ја искористуваат разни Латасовци, Бетменовци, Миленковци... за партиска пропаганда и меѓусебно препукување.

    На Фејсбук убиства не се решаваат!
     
    Herrera, Tinaaa, MarigoldA and 6 others like this.
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2021
    Messages:
    1,084
    Likes Received:
    2,674
    Gender:
    Female
    Добри ти се прашањата. И сите треба да се прашуваме, а да не оставиме како ќе кажат функционерите. Знам дека сите сакаме разрешница ама смешно е до вчера да ги навредуваме за неспособност, а тие на толку неработење наеднаш за неколку дена го решија случајот и тоа со огромно отстапување од пресумпција на невиност. Да нагласам, никаде не пишувам нека некој е виновен или не, туку дека сево ова ми е многу чудно.

    Инаку, за жал, страната редовно се апдејтира. Толку се.
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Joined:
    Jul 9, 2017
    Messages:
    2,520
    Likes Received:
    5,796
    Gender:
    Female
    Кој е Љупчо Палевски Палчо.
    Сеа на кој да се веруе. :?:
    He said, she said пуштен на најјако.
    Ја би ипак на Сузи од Фемина да и верувам, она е како и секогаш најупатена.
    Впрочем ене ја сега дискутира за смртна казна во емотивно стање, во 23г.од 21ви век. Не бе уопште не е лесна за (политичка) манипулација.
    Впрочем како и во короната.

    Убистсвото на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес до темел ја потресе македонската јавност која не памети вакво злосторство и постави прашања до каде е уништено општеството со политиката дека “секој може да прави што сака“ ако знае дека е заштитен од власта.

    Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиствата, е во бегство и, како што порталот Вечер вчера прв објави, а неговиот адвокат Стојков денес потврди, тој избегал во правец на Турција. На денешната прес конференција министерот на полицијата (МВР) Оливер Спасовски изјави дека тие ќе направат се “убиецот да биде фатен штом згазне на македонска територија“.

    Се поставува прашањето: Зошто од министерот е кажана оваа намера да се уапси ако се врати во Македонија? Дали е тоа порака да не се враќа?! А што ако не се врати?

    Љупчо Палевски Палчо е полициски проект на СДСМ стар повеќе од две децении , а негов ментор е Зоран Верушевски, во време кога власта ја има СДСМ Верушевски е директор на УБК и Агенцијата за разузнавање. Нивното пријателство и соработка Палчо никогаш не го криел, доволно е да се побара на Гугл и следат неговите јавни настапи
    на Инфомакс и други места за да се потврди тоа. Потојат десетици сведоци кои лично ја знаат оваа релација.

    Палчо, спомнувајќи го Зоран Верушевски, секогаш го ословува со “професорот“.

    Палчо е влезен во СДСМ во 1998 година, веднаш по изборите кои СДСМ ги загуби, и воспоставува тесни полициски и политички врски со Зоран Верушевски и тогашниот Министер за одбрана од СДСМ (1997-98) а потоа од 2004-та и директор на агенцијата за разузнавање Лазе Китановски. Патем, за добивање информации и контакти ги користи и релациите со негов братучед кој тогаш бил вработен во УБК.

    Во периодот на опозиција на СДСМ (1998-2002 година) Палчо е назначен за преседател на градскиот СДСМ за Скопје. Со тоа партијата и полицијата, на човек без никакво политичко искуство претходно, му обезбедуваат политичко значење за да може да влезе во светот на политиката и извршува задачи потребни за партијата и “партиската подземна полиција“.

    Палчо е манијанклано опседнат со полициски досиеа, манипулации и моќ стекната со полициското подземје што беше идеална подлога за соработка со Зоран Верушевски, негов брат по таква определба, и Лазе Китановски кого Мирка Велиновска во јавен настап во 2020 година го нарече “спринтер во броење гласови“, или преведено: во местење избори.

    Уште во времето кога имаше печатница на улица Теодосиј Гологанов Палчо имаше сеф со документи и полициски досиеа со кои импресионираше, заплашуваше и рекетираше. Полицијата го штитеше. Од ситен печатар кој по задача преку “печатницата“ соработуваше и со албанското “печатарско“ подземје во Мала речица, Палчо одеднаш стана битен градежник.

    Со помош на Мирослав Грчев, градоначалник на Центар од СДСМ 1996-2000, Палчо бесправно изгради кат плус на зграда над Бастион, на Ленинова, кoj кат
    потоа ВМРО ДПМНЕ му го урна, а Палчо стана смртен непријател на партијата што “подземната полиција“ вешто го користеше како негов мотив.

    Сите негови криминали и корупции, тргување со полициски досиеа и рекети полицијата педантно ги покриваше и штитеше. Зоран Верушевски, повеќе од две децинии, заедно со своите лојални соработници во полицијата се грижеше за својот извршител.

    Манијалнкалните нагони на Палчо да поседува информации и моќ од полициското подземје не беа доволни. Со престижна титула, претсдател на СДСМ за Скопје тој бараше и јавна демонстрација и моќ со која би стекнал влиајние, респект и пари.

    Со помош на СДСМ и Верушевски, а пари од Комерцијална банка, Палчо во време на опозиција за СДСМ отвори неделник Старт во кој се собраа новинари блиски до СДСМ како Мирка Велиновска и Васко Ефтов кои, по доаѓањето на Љупчо Георгиевски за премиер, останаа без работа. Новото ниво на моќ и влијание му беше дадено, а со тоа и легитимитет да контактира и делува во кругот на новинарите на кои, “спонтано“ им дели полициски информации против ВМРО ДПМНЕ и обезбедува ексклузива.

    Случајно, или не, Палчо од сите битни ликови во таа власт на ВМРО ДПМНЕ а и потоа, имаше блиски релации само со Доста Димовска. Случајно или не, поранешниот министер во владата на СДСМ, Димитар Бузлевски, своевремено јавно кажа дека Доста Димовска и Љупчо Гергиевски биле на списокот на негови соработници во времето кога ВМРО, до 1998 година, беше во опозиција и дека со Љупчо имал состаноци во хотел Гранит каде што престојувал за време на мандатот во Скопје.

    Улогата на Доста Димовска била креирана од Лазе Китановски, кога СДСМ пред избори има мал рејтинг Доста Димовска да се појавува со пробугарски ставови и на тој начин да формира пробугарска ориентација на партијата која не би била прифатлива за јавноста, а би донела корист за СДСМ.

    Проектот на Верушевски и СДСМ - Палчо да се внесе како провокатор, освен во политиката, и во медиумите преку неделникот Старт пропадна кога Мирка Велиновска, тогаш уредник во Старт, препозна која е во суштина улогата и дејноста на Палчо, тоа јавно го соопшти, и со бунт во редакцијата заедно со најблиските соработници го напушти неделникот Старт и со помош на Хари Костов од Комерцијална банка формираа нов неделеник со назив Зум.

    Некаде во тоа време, време на опозиција на СДСМ, Палчо имаше конфликт и со Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ кој секогаш имал дистанца и страв од Зоран Верушевски и неговото полициско подземје. Резултат на конфликтот беше смена на Палчо од претседател на СДСМ за Скопје и нагло опаѓање на неговата политичка и финансиска моќ. Тоа бркање од партијата Палчо никогаш не му го заборави на Бранко Црвенковски, и користеше секоја прилика за личен напад врз него.

    По бркањето од СДСМ, и одјавата од Црвенковски, на Палчо му остана само Верушевски и политичкото подземје со кое соработуваше до денес, денот на убиството на малата Вања.

    Следните години Палчо и понатаму ширеше сплетки, заплашување и рекетираше со полициски информации и документи. Преку полициското подеземје на “професорот“ Верушевски влезе во градежни комбинации со Бетон и едно време работеше проекти во Хрватска, за да не остане без потребните пари за јавно влијание. На сите негови објави и настапи, дури и за време на НАТО бомбардирањето на Југославија и војната со Косово се гордееше со својата проамериканска ориентација и глорифицираше американска политика.

    Финалната фаза, пред убиството на малата Вања, во која Палчо и полициското подземје на Верушевски препознаа своја шанса за големо враќање на сцената беше Шарената револуција и поседувањето на над милион незаконски снимени телефонски разговори кои - ги поседуваше Зоран Верушевски, прибрани од двајца негови соработници во полицијата, а потоа предадени на Зоран Заев, што е јавно докажано со сведочењето пред судот од страна на Зоран Верушевски и неговите соработници од полицијата.

    Тоа му овозможи на Верушевски да го стави Палчо во нов проект: соработка со лидерите на Шарена револуција, од кои едниот е сега претседател на Левица, и афирмација на јавната сцена како “борец против режимот".

    Со увид во неговиот Фејсбук профил, на страна сето она што го нема објавено на социјалните мрежи, може да се види дека Палчо изнесува информации од предистраги и истраги на СЈО и содржини на телефонски разговори пред воопшто тие материјали и да се појават на колегиум на СЈО. Сето тоа во соработка, и со поддршка од Зоран Верушевски, Зоран Заев и Катица Јанева од кои добива телефонски разговори и детали од истрагите на СЈО.

    Во тоа време Палчо телефонските разговори кои му се дадени ги користи и за свои потреби, за рекет. Од многуте рекетирани познати се најмалку два случаи на рекетирање со телефонски разговори на крупните бизнисмени Т.К и М.Ј. Полицијата,
    и тука, го штити и покрива бидејќи им врши потребна политичка работа.


    Палчо не може да се воздржи и наговата манијанкалност го води до тоа да отвара “анонимен“ Јутјуб канал наречен Никола Тесла на кој објавува туѓи телефонски разговори дури и во време кога тоа беше со закон забрането. За јавноста да види колку е моќен, и да шири страв кон потенцијалните рекетирани.

    Во 2017 година, новинарот Драган Павловиќ Латас, еден од целите на Палчо, Верушевски и полицијата на СДСМ чии разговори Јутјуб каналот на Палчо “Никола Тесла“ во серија ги објавуваше, а некои од нив од и дополнително монтирани, официјално поднесе пријава до обвинителтсвото СЈО за објавите на точно посочен автор - Љупчо Палевски. Ниту СЈО ниту полицијата не преземаа ништо и до ден денес

    Иако законот тоа го забрануваше, објавите на Палчо дисциплинирано ги преземаа и објавуваа портали и невладини организации под контрола на СДСМ, со што е докажано дека Зоран Заев, Верушевски и нивната власт преку користење на Палчо и во оваа ситуација вршела систематски политички прогон на десетици јавно влијателни лица.

    По преземање на власта, Зоран Заев и Верушевски продолжија со својата “подземна политика“ во која Палчо беше и остана битен елемент. За да се вовлечат во опозицијата, и да делуваат радикално за контаминизација на целата опозиција да стане неприфатлива за ЕУ и САД, се случија неколку акции.

    Се формира Левица, декларирана како радикална прокомунистичка организација која доби претседател со одлука на судот под контрола на СДСМ, по што Апасиев стана лидер на тие радикали, а Палчо формира движење Трета кое, како и Левица, одеднаш од ултра проамерикански (Апасиев во Шарена револуција) Палчо и Левица станаа радикално проруска опозиција. И, единствена нивна работа беше удар и провокации кон ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и неговите соработници и јавни опозициски личности.

    Во една прилика на неколку свои Фејсбук постови, Палчо најави дека ќе им ги скине главите на Латас и Христијан Мицкоски бидејќи Христијан се опишува и спомнува со прекар Даскалот, кој го користел и Гоце Делчев . За разлика од други вакви закани по живот, полицијата не реагираше. Патем Палчо на Фејсбук објави слика од револвер и негов телефон, како илустрација.

    Палчо од секогаш имал недозволено оружје, од разни видови. Во јуни годинава Палчо беше уапсен при недозволен ископ на артефакти, кај него било најдено и недозволен оружје, а патем не почитувал мерка на забрана на напуштање на домот откако беше вратен од притвор во Србија. Но, како и секогаш птретходно, полицијата не презема ништо, а обвинителството постапи партиски - како и секогаш. Тоа оружје е користено, по се изгледа, и при убиството на малата Вања и фризерот Панче од Велес.

    Напротив, “подземната полиција“ на Верушевски и СДСМ тераше проект на создавање “политичка ѕвезда“ од Палчо, со формирање партија Десна, и форсирање негови јавни политички настапи преку инетрнет поткасти во кои највулгарно се напаѓаше ВМРО ДПМНЕ и опозицијата.

    Палчо се соживеал со својата “политичка и полициска моќ“, верувајќи дека е тоа негов успех а не полициски проект. Друштвото кое учествувало во убиството заедно со него се однесувало како моќна секта, се сликале со оружја и со маски и користеле познат симбол “црното сонце“, симбол на фашистичките секти од минатиот век кој е ставен и за заштитен знак на неговата “Десна партија“.

    Денес, полицијата и обвинителството велат дека го знаат Палчо само од телевизија?! И ќе го уапсиме “ако стапне во Македонија“. Знаете ли некој што верува дека Палчо не им е соработник, дека со децении не знаат за “полициските прокети и инсталации“ на Верушевски и потоа Верушевски и Заев, од Палчо до фалсификтори на пасоши, дилери... и не знаеле со кого имаат работа, и не можеле да претпостават што може да се случи со ваков лик во зададени околности?

    Vecer |04.12.2023

    (текстот е превземен од Вечер и вклучува повеќе околу негови финансиски дилови и живот, но е скратен за да не биде предолг)

     
    Last edited: Dec 10, 2023
    Malesia, Wideperpetual and SigmaMan like this.
  15. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2020
    Messages:
    1,459
    Likes Received:
    2,933
    Gender:
    Female
    Додека сеуште се надмудруваат сдсм и вмро,ваквите и сите хорори во државата нема да престанат.
    Се додека мислат дека сс најпаметни,а 2гр.мозок немаат сите до еден што се таму испоседнати.
    31год. они се надмудруваат и глумат лудило пред јавноста,па дури и во овој сериозен проблем,каде би можел секој да биде на местото на Вања.
    Да би чинеле и сдсм и вмро,немаше да бидете тука каде што сме.
    Овие две партии,под итно трена да се изгубат од Македонија,после тоа сите останати партии и да се почне од почеток.
    Не престанаа преку детето да се препуцаваат,значи да не се знаело за доста.
    Едвај се пека да се случи најгрозомоениот чин,за да имаат повод за натпревар,а просто празен мозок,а полна уста имаат.
    Они не се плашат од Господ и од нивните гревови.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Joined:
    Nov 20, 2022
    Messages:
    3,520
    Likes Received:
    14,365
    Gender:
    Female
    Се препуцаваат зашо не им е чист гзот ни на едните ни на другите.
    Прави лешинари, мршојадци, не очекувај ти од лешинари совест, емпатија и милост.
    Гревови скапани, ништо не ги пере нив.
     
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Joined:
    Oct 25, 2018
    Messages:
    3,794
    Likes Received:
    9,171
    Gender:
    Female
    Па кај нас секој со две прочитани книги стана Политичар ,па затоа сега ни ги убиваат децата . И едните и другите нека идат у три лепе више .
     
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2012
    Messages:
    1,035
    Likes Received:
    11,161
    Истото се однесува и за полицијата. Никој ништо не работи, партиски напикани и максимално корумпирани, за мочани 50 евра си продаваат газ у смисла со свои очи , се возиме со братучед без почитување на дозволена брзина и не сопира полицаец и братучедот вади 50 евра и си поминуваме без казна , како ништо да не било.

    Има многуууу примери, ако отворам уста се по список, ама полицијата ич не работат и уште се чудам како може некој слепо да им верува на полицијата, им се чудам :?:

    У меѓувреме

    Сабри од Скопје моли за помош: Мојата тригодишна ќерка е во гроб, а тој што ја згази си е слободен, пее по свадби и заработува пари

    https://insiderevening.com/сабри-од...HC3PI0V3BK-R_Y8luNpIwZqAXLcid-Q6kMATprVddBfmU


    Или другиот пример

    https://shilomagazine.com.au/2023/1...V7Xp2ywsBs3RtixEeIAI4H9Z1S_L-pwQOvvRAPVDxC6Lc

    Каде до ден денес си пишува фино лепо дека не е пронајден убиецот.


    Битно кабелот е крив што изгореа луѓе во модуларната болница.

    Да да, ептен им веруваме на полицијата.

    Пу :puke:
     
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Joined:
    Jun 26, 2010
    Messages:
    1,962
    Likes Received:
    2,214
    Jas bev na protestot prvo od moralna podrska i da ukazeme na toa deka treba kako da ljuge da pokazame deka sme kolektivni svesni i so toa da de izvrsi nekakov pritosok za da se rasvetli slucajot!

    Trebase povekje da ne ima posebno za vakvi moment,,da ne bide samo od doma.!
    Tamu kako sto vidov imase i drugi nacionalnosti duri imase edni od edni partisko zdruzenija no tuka ne sakale da go politiziraat i dojdoa kako ljuge!
    Da vidime sega kako ke tecat postapkite a,pa ako e potrebno treba pomasovno da bide.Samo ako sme glasni ke ne cujat.
     
    eliesaab and SigmaMan like this.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,273
    Likes Received:
    189,695
    Ич не им веруваме, ни на полиција, ни на политичари, ама веруваме дека Палчо звани Упа треба да биде во затвор. Може така?
    Дали веруваме дека тоа ќе се деси -не знам баш.

    Цел живот и дело дека му се монтирани а тој грејниот наивен -тоа не веруваме.