Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.366
    Пол:
    Женски
    Изјава од таксист за хрватски новинари.Мислам дека и те како има сведоци само дел се плашат да кажат што знаат, дел сакаат да се строго анонимни.Биле и во забната ординација одма до зградата што е.Од таму рекле дека не разг со никого освен со пациенти и им затвориле врата

    IMG_5978.jpeg
     
    На Skorpija25, Ahoy, Adidas888 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    11.202
    Пол:
    Женски
    Ама чоек кој рече дека не е крив? Ниту негирам ниту потврдувам, од кај би знаела јас? Не сум видовита.
    Да, сами признаа, тој фати џаде, го фатија па ќе го екстрадираат.
    Да, извршено е убиство, згрозени сме, убијците признаа, наводно доби расплет заплетов. Ама народов сѐ уште сме со прашалници. Сега сакаме да знаеме мотив, причини, начин на извршување, околности. Сѐ..
    Не е работата само дека некој е крив, ете го ако е тој крив, ќе го донесат ќе му се суди и пресуди и доволно ќе биде. Ама сакаме да знаеме повеќе.
    А мислам на власта им одговара да немаме никакви прашања, едноставно да затупиме.
    А дека толку едноставно се разреши, јас не верувам, ниту во стручноста ниту во експедитивноста. Затоа на сѐ и сешто ми оди паметот.
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Вања е очигледна жртва на монструм кој себе си си припишал грандиозна улога на некаков си лидер, комплет со следбеници и идеологија.
    Очигледно приказната е започната многу оддамна, уште од времето кога истиот другарувал со дедо и, во којзнае какви нечесни зделки.
    И очигледно е дека на разни, низ години им бил потребен таков човек, за најпрљави и најнечесни работи.

    Не е случајно Вања, не е случајно ништо во врска со нејзината смрт. Дедо и ја обележал со името кое и самиот го носел, уште повеќе со богаството кое и го оставил.
    Се надевав дека поради крстот околу нејзиниот врат на фотографијата која кружеше, ќе биде сочувана.
    За жал,тоа не се случи.
    Посакувам ова да е крај, се надевам дека Палчо е вистинскиот самопрогласен маг и дека неговото затварање е обезглавување на аждајата.
     
    На *Amethyst*, staycalm, Stressed Out и 6 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Го слушавте што кажа Спасовски на последниот прес дека случајот е затворен со апсењето на Палчо, а ние глуп народ чекаме си некакви снимки..
     
    На Konfetka, Mnik, ideniki1 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Сега друго прашање за правниците: што се случува со постапката, судењето, ако Палчо не биде екстрадиран тука, или ако екстрадицијата се оддолжи на недогледно време? Ќе му се суди во отсуство, ќе му се суди ли и во Турција, дали изјавите кои тој наводно ги дал и кои ги третираат како посредни докази ќе се земат за релевантни?
    Ова сега ме интересира зошто како ги читам правниците по мрежа, така ми се јавува сомнеж дека тој има основа да се вади на нефер судење или политички прогон, сеедно, посебно што се истрча Спасовски (намерно или ненамерно) на пресот и однапред ги прогласи монструми, виновни и сл. Тоа можеме ние на Форумов, ама не и министер, во предистражна постапка! Нема сигурно Турците да паднат на "потресеноста" на Оливер, туку тие ќе ја ценат тежината на зборовите излезени од устата на претставник на извршна власт.
    Друго, од кај да знаеме како го склопиле барањето за екстрадиција, да не излезе дека има (случајно или не) некоја "дупка" која ќе биде причина да речат "не може". Сакам да кажам, возможна е варијантата да не биде испорачан назад.
    И се тресам од нервоза ако и со овој случај не превеслаат, народ има кратко памтење, ќе стивнат емоции, ќе се заборави и ова злосторство по некое време, и никому ништо. А засега ќе не замлатуваат со теории на црни ружи и турски серии, ќе се дефокусираме со глупаштини, и од многу дрва нема да ја приметиме шумата.
     
    На DoubleK, Oriental, DaisyDoo и 2 други им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Ја отварам оваа странава на МВР каде што се бараат злосторници со интернационални потерници.
    Зошто сликата на Палевски сеуште стои?
    Нели е пронајден?
     
    На Mnik и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.330
    Ништо од тоа што по медиуми, не е официјално. Особено не би коментирала ликови како Латас.
    Ќе почекаме. Турција од утре ја отвара постапката и не би рекла дека за вакво дело би дале простор да се извлече.
     
    На Stressed Out, Mnik и Polyincognito им се допаѓа ова.
  8. MissLiebermann

    MissLiebermann Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    23
    Ова дека може да станува збор за секта и тоа Црна ружа првпат слушам.Тие беа актуелни во деведесетите години,па ги фатија во стан ги испоапсија и ја разбија сектата.Ма да искрено убиствава мене ми делуваат малку ритуално.Во смисла на жртво принесување при Барање и копање на злато (злото).Сум слушала приказни од постари за некои забегани по копање што принесувале жртви/корбани,ама животинки не луге.Не се смејте, јас си трипам и бладам ама ова ми дојде на ум кога прочитав и слушнав секта.Што и да е се надевам дека ке се истера правдата .Сочувство и нека почиваат во мир.
     
    На Rubi99, SigmaMan и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    ова со Црнава Ружа не ми е верно. За да искочиш од таму нели треба близок да убиеш.
    Сигурно 60год чичковци не се во секта
     
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Прашањето ми е, како ќе те тече/изгледа судењето во случај ако Палчо не биде испорачан? Ете нека е само хипотетички прашањето?
     
  11. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    За бакарната Книга и луѓе се жртвувале. Се плашам дека е тоа у игра.
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.330
    Ќе му се суди во отсуство.
     
    На CameliaMiller, nextredstyle, Polyincognito и 3 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Добро, така и мислев, знам дека на многумина им се судело во отсуство. А постои ли варијанта (хипотетичка), Турците (или било која друга земја) да го пуштат на слобода (по некој правен основ), без оглед што овде ќе има и пресуда за него?
    Крајно сериозна сум со прашањата, некој го имаше пишано случајот со Фетула Ѓулен, Америка не го испорачува на Турција, и си живее како слободен човек таму, како што прочитав. А обвинет и веројатно осуден за тешко дело, тероризам или убиство, чинам беше во Турција.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Партијата на Палчо е секта во случајов. Видето го симболот на партијата
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.330
    Па да, исто како Грујо. Ама со Турција имаме потпишано за екстрадиција, така што не верувам да не биде испорачан. Бугарија да беше да, ама не и Турција.
    Ќе видите, за брзо ќе го испорачат.
     
    На CameliaMiller, Stressed Out и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    20.675
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека нема да забават многу со екстрадицијата.
     
    На CameliaMiller, Stressed Out, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    абе ќе го вратат, а и да не го вратат, ни одговара и тоа. Има животот пекол да му го напраат Турците, ви кажав, кај муслиманите за деца се... изгор
    боље така
     
    На ideniki1, Anyshka и Curious cat им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Па и со Унгарија имаме потпишано, нели испраќаа барања за екстрадиција? Тоа што не го испорачуваат, е друга работа.
    Затоа сум полна со сомнежи, баба ми велеше "дур не видам шарен сандак и два попа, не верувам".
     
    На simoncelicius и Curious cat им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.330
    Да, имаме, ама со Грујо знаеме што е работава, он си е пуштен од Владата, барањето за екстрадиција си беше про форма само. Нему и делата му застареа, еве сега и ќе го ослободат. Тоа е друга тема и нема никаква сличност со овој случај.
    Ќе го испорачат како попче.

    Мене реков ме чуди што не се нафаќаат адвокатите да ги бранат. Не ми зборувајте за морал, ако се кривичари јасно какви луѓе ќе бранат. Тие се најскапите, најбогатите и најдобрите адвокати. Ваков случај е предизвик за кариерата, особено во Мк. И зошто гнев да предизвикуваат во јавноста?
    Ако вам ви треба кривичар, ќе гледате какви случаи имал. Затоа велам, не ќе да е морал, туку немаат пари. Освен еден од нив.

    Јутерњи лист има низа грешки. Вели бил уапсен кога сакал да оди во Сирија. Така да и они се како наш Курир и Инфомакс. Засега само официјални информации се веродостојни.

    За таткото, како од грижлив татко кој еве не работел и ги чувал, се претворил во монструм и си го убива детето, треба допрва да се открива.
    Дали е можно сосема случајно да му излетува информацијата за ќерка му, ако се дружел со Палчо? Дали е можно да бил и он искористен за ликвидација на ќерка му?
     
    На Harper, Ivan4e04, Konfetka и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.936
    Па Грујо беше премиер и обвинет за финансиски криминал, има полно право да се повикува на политички прогон. Овој е лево сметало во политиката и обвинет за убиство. Ич не е исто.

    За адвокатите-тие што им биле доделени од државата, имињата се држат во тајност, да не бидат предмет на линч. Во нивниот случај (бар за тројцата) мотивот може да е користољубие, пошто за 2 шушки и мајка би продале. Со други зборови, сиромаштија се. За таткото не знам што да мислам, ми оди натаму дека е наместен. За мотивот на Палчо-болен ум ми е доволно објаснување.
     
    На CameliaMiller, Ahoy, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.