Што му е на овој Латас до вчера се фалеше по телевизии дека силувал девојка сега нешто сака да се испере..
Да да ова го памтам ама знам дека бев прво одделение и ме збуни годината 86 зашто знам дека бев забавиште или прво одделение. 89/90 било...језиво беше
Во ваков случај секогаш треба да се тргне од мотивот. Таткото ама баш никаков мотив нема и е држен само врз основа на изјавите на извршителиве а со нив Палчо и те како лесно можел да изманипулира и да ги излаже. Таткото 6 години ја чувал Вања и седел дома не одел на работа, има имот од 500000 евра и во овој случај е сигурно колатерална штета за да се прикрие вистината т.е. нарачателот. Со оглед на тоа што имале спремно бензин и лопата, сигурно не е киднапирана за изнуда на пари. Во 8 влегуваат во селото во 9 ипол колата гори значи се е завршено. Е сега мотивот за ваква ликвидација е некоја голема омраза според начинот на кој е извршено убиствово. Дали Палчо или некој појак од него е организатор и нарачател тоа не знам ама се надевам ќе се дознае. Од она што се знае дека дедовците на Вања се многу богати а едниот имал и доста конфликти, тужби и тепачки додека бил на функција па може да се каже дека имал и непријатели.
Таткото сигурно не го држат само заради изјавите на дегениве,си има материјални докази секако,дали контакт со Палчо и слично,иако јас цело време верувам и пишував и овде дека и таткото е некако колателарна штета,наместен и изигран.
https://mms.mk/337653/ ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“ На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил : „Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.
Обично кредит се зема за свадба, не се убиваат деца... Што им е со мотивите мислам дека никогаш нема да се разјасни. За свадба, за пари шо никад не се побарани, за стан, за дрога, за долг.... Вртење во круг.
Мајката на Вања го има избришано постот. Се надевам, страшно многу се надевам дека нема прочитано ниеден од одвратните коментари....
Се повеќе ми личи на убиство од одмазда ,ама премногу ми е жал зошто невино девојче да пати и да е убиено поради некои нерасчистени сметки од баби дедовци што би се рекло...
Точно, зарем не требало да го побараат телото на велешанецот штом го нашле возилото? Ама чекај бе,они возило не бараа "не било пријавено" Како и да е,во 15ч веќе девојчето е закопано,нејзиниот живот немало да го спасат и да го пребарале местото. Но на време ќе го фателе убиецот. А не емисија да снима!!
Па баш затоа што го барале човекот требало да пребараат да не е и он тука, кога веќе колата му е тука. Врти како да вртиш им нема логика оправдувањето. Тоа го зборам од првиот ден.
Инфомакс уште истата вечер кога се објави, ги избришаа апсолутно сите видеа со Палчо, и стари, а и последното. Ама никаде не прочитав дека коментирале на темата во последниот подкаст, да гледал некој од кајгана или твитер ќе напишаа. Можно е да прокоментирале, сепак подкастот е во живо и трае над 2 саати и никој не обрнал внимание.
Ја читам темава нелогиран и одамна се немам логирано на форумов но сега се логирав по толку време за да кажам и јас откако ја гледав вчерашната емисија од Код каде што рекоа дека имало траги од отпушоци и производи со рок до 15 декември. На снимките од вчерашниот Код видовме ми се чини како да беа чаши од јогурт, ете велат имало и отпушоци од цигари расфрлани. Зошто цајканите инспектори ни еднаш не кажаа дека се прави ДНК анализа на тие расфрлани остатоци? Нигде не видовме изјава за ДНК анализа врз тие остатоци, поправете ме ако грешам. Нека земат на ДНК анализа сè што е расфрлано околу местото каде што ја закопале, нека изанализираат кој оставил траги на чашите од јогурт и на отпушоците од цигари и ете како полесно (најлесно и најсигурно, всушност) ќе потврдат дека тие гнасите нездрави биле присутни таму во тие моменти.