https://www.facebook.com/profile.php?id=100072309703488 https://www.facebook.com/profile.php?id=100095226221642 Ова се неговите профили. Кај Имфомакс валда бил на 29ти, обично вечерно време е подкастот, на 27ми тој го одложил за 28ми, логички е на 29ти да бил таму. Сега приметив има и на 27ми споделувања, ама не ми покажува во колку саат се. Може од компјутер се гледа и време. Инфомакс многу брзо ги избришаа видеата, се надевам полицијата е известена. Јас лично не го гледав тој последен подкаст, може бил пред 27ми а некој си има напишано дека е после, па сега од кога е избришано не се знае точно што како и има шпекулации. Ефтов на видеото за мембери изјави дека во саботата полицијата била кај Палчо дома кога тој на телеграм им се јавил (валда на жена му) и им кажал дека е во Турција. Така му влегле во трага кај е. И после го приведоа тој од Струмица.
Кажаа дека имаат и материјални докази,или мораше да кажат дека се чаши од јогурт? Башка во ниеден момент нема дилема дека не биле присутни на местото на злосторот бидејќи нели го признаа и го посочија местото на закопување на телото. Толку страници се изнапишаа и пак едни те исти вакви небулози се пишуваат.
https://netpress.com.mk/infomaks-a-izbrisha-poslednata-emisi-a-so-upcho-palevski/ Као била на 17ти ноември епизодата, сега барав по нет.
А зошто би кажувале што нашле и дали анализираат? Па сигурно дека ДА. Спасовски за сите работи рече дека е поткрепено и со докази. АМАН. Не можам да разберам зошто си мислите дека се треба да се каже јавно?! За шерлоците на фемина и фб или?
Анализи се прават на земани примероци т.е.докази и после се изведуваат пред суд. Како што кажа членот на местото кај што е најдена Вања сеуште има предмети и отпушоци расфрлани наоколу. Доказите откако ќе ги испитаат не ги враќаат на местото од каде што се прибавени. Значи овие докази не ни биле земени, од каде знаеш дека отисоците и днк од земените материјални докази се исти со овие што уште се таму? Ништо чудно "професионалното мвр" да пушело цигари и јадело таму додека правеле увид и да си ги фрлиле на земја јогуртите.
Да, сигурна сум дека на никој форензичар не му текнало до сега дека постои т.н. днк анализа. Никој таму не знае како се собираат примероци, верувам дека уствари тие што работат се волонтери средношколци. И точно така - најлесен метод, бидејќи стварно ни еден фактор од околината ништо не им може на отпушоците и чашите од јогурт. Јас мислам дека вонземјани го извршиле делото ама му платиле на Палчо и компанија да молчат, а после преку телепатија им го пренеле начинот на кој го извршиле делото и со хипноза ги натерале да признаат. Веќе кога се претвори темава во тема за пишување глупости кој како стигне, да си кажам и јас теорија.
Нас не чекаат да им кажеме да соберат све од таму и да напраат анализи ја мислам... Каблите и ќебињата може да се од било што ....а ако се оние со кои ја врзале девојката сигурно нема да ги остават таму да си седат
Теренот е испитан. Имаат докази. Милијарда пати ви се кажа дека јавноста не може да ги дознае сите детали и упорно продолжувате...
Пак истото го збориш? Што ти е целта? Требало сите автомобили што поминувале преку Палас да ги сопираат? Зошто? Тоа време не се ни знаело дека има исчезнато дете. Спиела полицијата... Ок Сум го возела патот натака и во таа гужва сабајле ќе да е повеќе од 20 минути. Можеби до Визбегово 20 минути, ама до Бразда, се сомневам. И пак за автомобилот збориш. Еве и да го пребарале околното земјиште, мислиш дека ќе го нашле девојчето? Едно сто пати се повтори дека е закопана подалеку од автомобилот. Освен ако не сметаш дека требале цела Бразда да ја преораат?
Па многу глупи чекори имаат Убаво некој рече, зашо ја запалиле колата, но не и телата Неќам да сум морбидна. Ама тоа е сто пати ,,попаметно” Мислам ако неќеш да те фатат, не оставаш леш кој ќе се бара
А од кај знаеш дека не го прават тоа? Премногу гледате серии од типот CSI, таму пошто се серии го разработуваат секој чекор од истрагата, а во реалноста не се споделуваат информациите со јавноста, она што се споделува е ограничено, не треба сѐ да се кажува, оти баш така може полесно да се најдат осомничените. И друго, вие мислите така лесно е тело да се најде, особено закопано, не ни биле телата во близина на колата па да се пребарува цела околина туку така. Или мислите земаат булдожер и ја копаат цела земја? Најчесто такви тела се наоѓаат по признание на убијците, или некој случајно да налета, особено кога не се длабоко закопани. Ама пак ќе речам, мислите сите дека форензика во мало прсте имате, па вака требало, онака требало. Гледање на CSI и слични серии и филмови не ве прави експерти. Ни МВР не ги величам нешто многу, многу утки имаат, и не требаше да избрзаат со изјавите и пресот, ама можеби немаа избор. Јас да сум, сите оние говеда од редовите на МВР што излајале било каква информација, како и оние што собираат политички поени на овој случај на чело со Петар Богојевски најстрого би ги казнила, па да помислат пак дали би споделувале било какво инфо. Ама не сум јас таа што одлучува.