Да обично децата што одат во тоа училиште се од тој реон и тој период сите одат на училиште, секое сабајле гледам групи деца заедно одат. Треба да се испрашаат што повеќе деца од училиштето не ми е верно баш никој да не видел.
Баш тоа што го кажува @Black girl. Не знам дали сте имале искуство со полиција, ама најчесто е непрофесионален и незаинтересиран однос. И кога ќе видам кој сѐ се пикна во полиција. Да, верувам дека можеби не знаат за дата на податоци од социјални мрежи. Пред сѐ затоа што треба време да се симнат, а потоа детално да се истражат. За два дена тоа не се прави. И затоа што цел живот сме пасивни како народ, затоа и сме толку небезбедна и утепана држава. Треба да се биде и гласен и да се збори и никако да не придонесеш, секако е подобро од тоа да молчиш @forumce
Не знам бе... Може некој си ги поврзал работите без доказ. Може стварно се губи таму телефонот... Или виделе некое девојче слично на Вања па скокнале пред да кажат оп...
Форумче се знае, знае каков проблем сум имала. Ма ни на обични полицајци ни на инспектори верувам. Ете тој дебилот си нашол врска да се извлече, и тоа преку инспектор. И инспекторите се се некои дамлосани вработени.
Едно е полиција да не се замара со украдена кола (што сепак не е во ред), а друго е да не се замара со исчезнато 14 годишно дете. Верувам дека најдобрите ги имаат ангажирано за случајов бидејќи сепак е дете и се рашири многу приказнава, цело сабајле гледам по странски групи, портали, вести.. Не се сомневам во ангажираноста, а за стручноста.. се надевам дека ќе ја најдат.
https://newz24live.com/avtomobilot-...MJvJTEZU4Q3G1uGSrwUDJMwP_frboBzvGgq8xW7yq4PzY Настрана од Вања... Свашта се дешава во државава дефинитивно.
Од инстаграм можете и сами да ги видите сите пораки што сте ги пишувале од првата што сте ја напишале без разлика дали се избришани или не и многу едноставно е не мора да си професионалец тоа да го направиш, ти се симнува фајл со цела историја на пораки, испраќани слики... Во ситуацијата по чудно е тоа што мајката веднаш се јавила во полиција отколку што наставничката пријавила дека девојчето не е дојдено во школо, да најверојатно постои причина за таков договор без разлика дали е од безбедносни причини или само родителите сакаат децата да им се редовни на часови. Сигурно мајката или знае нешто зошто не би дошла па веднаш се јавила во полицијата, и нормално таа причина не би ја споделил со цела јавност, го кажала потребните податоци на полицијата, од нас бара само помош ако го видиме девојчето да пријавиме. А може и мајчински инстинкт било дека нешто не е во ред.
Скоро секоја од нас бегала од час,меѓутоа никогаш не сме го исклучувале телефонот и да не нема 3 дена..И на крај на денот, да било бегање самоволно мислам дека ќе се појавеше девојчето без разлика дали била со дечко, другарка билокој. Само се молам да ја најдат жива и здрава, дај боже полицијата да има некоја трага и да се среди што побрзо оваа агонија
Допрва во Мракедонија ќе има нерасветлени: киднапирања, убиства, силувања итн. пошто децата што беа капацитети на факултет за безбедност и криминалистика со просеци над 9 ги испратија во еден правец во Мекдоналс да прават сендвичи а плакатолепачите неспособни од Сдс, учк и Дпне со забаваче нојќно ги уштекаа инспектори и началници за да врви бостанот. Чест на исклучоци што се квалификувани но истите се деградирани од погоре споменатите да бркаат ситни арамии на акомулатори по улици и да се расправаат со наркомани. Колку што го најдоа детенцето во Мариово пред извесно време и еден куп други исчезнати толку ќе го најда и девојчево т.е никогаш! Дај боже да го најдат.
Колешкава на работа е во вибер група со наставничката и сите родители. За се си се известуваат, доколку некое дете не дојде, доколку доцни, доколку губат час, доколку некој наставник е болен и нема да дојде. Договараат родителски состаноци, посебно родителите бараат да бидат известени доколку се смени распоредот и децата ќе бидат пуштени порано. Истово што го направила класната, го прават и во школото каде и се децата на колешката. Цело време има увид за се. И воопшто не е чудна реакцијата на мајката, јас 5 минути да не добијам некој ме фаќа паника. Пример мајка ми да не ја добијам одма ѕвонам кај баба ми, па кај тетка ми. За мое дете којзнае каква ќе бидам.
https://fokus.mk/pred-samo-dva-mese...qJiS88QA8Rch5CzMDO8f3wF_axgMrCagxzSOZUp_Z7p5c Го најдов линкот. Не е дека не се жалеле и пријавувале родителите. Им ги тепаат и ограбуваат децата во сред Центар на главен град. Засилени полициски контроли имало, некој што живее во Дебар Маало видел нешто такво?
Моите искуства не инволвираат материјални вредности. Искрено преку глава ми е да се гаслајтнуваме, дека системот ни е ко што треба. Случајот е пријавен во рок од еден саат, во центарот на градот. Се надевам дека полицијата има повеќе инфо кое не го споделува со народот ко што кажувате, иначе сме го допреле дното.
Истово го мислам Кате, од збор до збор. Само се прашувам што ќе направеа ако веднаш не известила класната, тогаш женава ќе беше крива за се, а сега шпекулации што се јавила на време, имајќи таков договор меѓусебе. И јас сум многу паничарка, многу паничам ако некој не ми крени слушалка или не си дојди дома на време, а не па да ми кажат дека детето ми го нема на класен час, ќе полудам. Не во полиција, во ЕБР ќе се јавам ако треба. Многу ми е жал луѓе, многу време помина. Го молам Господ секоја секунда само да се врати дома здрава и жива.
Дебар маало одамна не е безбедно за живеење. Работев таму, искачав, најголемиот дел од денот бев таму и имам видено сешто и целосно разбирам зошто родителите биле загрижени. Најпрометно место ама доста темни и језиви улички. Последно што видов во 10h сабајле како бркаат крадец од куќа, го фатија и викнаа полиција. Нема лош период од денот за криминал.