Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Веста беше вака пренесена од некој медиум , дека само стаклата и табличките останале. Не можам да ја најдам веста ама памтам што прочитав- јер си помислив, кој криминален мастермајнд пали кола и ги остава табличките.:smirk:

    Е сега, рековме погоре на 27 ми го нашле автомобилот? На овие што им е? https://alfa.mk/dali-mvr-reagirashe...a-1-vi-dekemvri-dvete-tela-dva-dena-podoczna/ Или мислат ако медиуми дознале на 1 ви, тогаш е најден автомобилот(facepalm).
    Медиуми во полн сјај:|.
     
    На Konfetka и cocobomb им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.767
    Или знаеме дека имаат кучиња...

    Факт е дека ако ја најдеш колата на време, ќе имаше шанси да се спречи ова. Ама неспособните не успеале низ Скопје Центар да видат специфична кола пријавена за исчезната.
     
    На Ivan4e04, Sofi.ja, Bubish26 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.381
    Допаѓања:
    20.673
    Пол:
    Женски
    Со валкани пари од убиство на дете ќе прави свадба? Арам да му се.
     
    На Skorpija25, mssuniquee, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. zrnjan

    zrnjan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Ако собрале докази со ДНК, зошто имаше расфрлани остатоци околу местото на закопување? Мислиш ги зеле материјалните докази па ги анаизирале па ги вратиле на медтото? Или можеби мислиш дека зеле еден примерок а останатите ги оставиле? Еден примерок да земиш а другите да ги оставиш во услови кога се изложени на брзо стареење на ДНК трагите заради атмосферски влијанија е ептен нелогично бидејќи си ги скратуваш шансите за позитивна потврда заради мал репрезентативен примерок изложен на атмосферски влијанија. Скоро сум сигурен дека ДНК анализа нема извршено.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Не јавноста ќе дознае сѐ на овој или оној начин.
    Девојче тргнува на училиште. Од 7 ипол до натаму го нема. Не се знае како е земена.
    Не се знае како е транспортирана.
    Не се знае како е мачена.
    Не се знае кој ги помагал, а имале помош, некој ги прикривал и ги чекал таму.
    Не се знае кој го прикривал психопатот палчо низ децениите.
    Јавноста треба и мора да знае кој стои зад ова ѓаволско дело бидејќи јавноста има уште 2 милиона луѓе од кои уште триста илјади дечиња како ангелот Вања и шутраците во сакоа и во безброј криминали има да кажат или во скоро време земјава ќе потоне во протести.
    Животот на Вањичка завршил па ќе мора вистинските виновници да живеат во агонија.

    Табличките од автомобилот биле неоштетени. Без гребнатина, без огин.
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2023
    На Skorpija25, Nataska123, Bubish26 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Факт е дека не барале кола, јер не е најбитна на светот. Исто е факт дека немале појма дека колата е поврзана со убиство. Да имале вработено гатачка може ќе знаеле, ама ете.
    Неспособноста е очигледна на многу нивоа, ама во овој случај, Вања немала шанса , за жал.
     
    На Harper, Bezimenka90, Bratot и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    На Палчо му е одреден 40 дена притвор во Турција.
    Со овие докази нашиве шо ги имаат рекла кажала, знаете кога ке го пуштат у Македонија ???
    Крив е он секако , ама доказите се рекла кажала, засновани на она што кажале другите.
     
  8. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Да и тие згради од удари од авиони паднаа. Лажат оние теоретичари дека стотици кг експлозив од внатре е користен. :tmi:

    Има во здравство, со судски налог може да земе мвр.
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2023
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.930
    Што има? Твоја днк во здравство има? :o
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.078
    Допаѓања:
    21.589
    Пол:
    Женски
    И тоа ко шо разбрав свадба за ќерка му... Уби нечија ќерка за неговата свадба да прави. Мизерно е ова. Мизерно
     
    На mssuniquee, simoncelicius, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    На сите. Знаеш што е она што не ни кажуваат официјално? Од сите има снимки од разговори, комуникации, движења, финансии, днк, сѐ.
    И си имаат нивоа на активирање. Ми е жал што е така ама ако бездомници се потепаат е едно а ако го потепаат или злостават внук му на артан е друго. Е во такви случаи ја отвараат скриената кутија. Институт немаме, бази имаме. Т.е. имаат, странски а кај нас. Ние сол в око немаме.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Нема.
    Ќе чекаме што ќе кажат обвинителството и судот.

    Не.
    Рекоа дека имаат и материјални докази.
     
    Последна измена од модератор: 11 декември 2023
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Едно е да критикуваш работа на институции, друго е да шириш паника и теории на заговор.
    Фамилиите на жртвите не се кренаа како вие неколку што влагате во филмови. Поизвестени се од вас за случајот а веројатно и Палчо го знаат подобро.
     
    На Bezimenka90, Bratot, cutesie_pie и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    IMG_0533.png Mene ova ne mi lici na dupka
     
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам тоа го кажал со сарказам, ако е така уште до зафрканција му дошло, и тој има две ќерки како можел не знам.
     
    На Snowflake92 и lovely91 им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    Како ќе се спречеше? Еве, многу ме интересира да ми објасните? Оти, цело време го слушам истово, па би сакала да знам.
    Само, плс... само со потврдени факти ако може, не рекла казала муабети.
     
    На Harper, Ivan4e04, Nataska123 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.767
    Возилото е поврзано со исчезнат човек. Можеби убиен, киднапиран, украдено возило... Било што. Знаеле дека фали возило на исчезнат човек. Пред нос им се сметало низ центар кога имаше три полицајци на секоја раскрсница, па и на таа кај што била Вања. У близина на влада и на улицата до Борис Трајковски кај што беше самитот.
    Ама не им беше гајле за стар човек и неговата кола. Факт е дека ако сакаат, ќе ја видеа.
    Епа немаше да имаат ничие возило за да киднапираат и пикнат дете. Планот ќе им пропаднеше. Они убиле некој за возилото. Ако го најдеа возилото и тие што го возеа ќе ги фатена и ќе ги уапсеа за панче. Барем Вања ќе беше жива. Логика.
     
    На Harper, Skorpija25, Konfetka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    Како ќе го најдеа?
    Официјално инфо е дека прв пат е забележано утрото, на 27/ми. И тоа подоцна го забележале на камери, откако го пронашле запалено. Никаде нема инфо дека претходно е видено возилото во Скопје, барем не на официјални камери т.е на камери од сејф сити. Па, пак ќе те прашам, како ќе спречеа?
    Тоа дека го убиле Панче за возилото е приказна за мали деца |(
     
    На Bratot, Ivan4e04, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.070
    Допаѓања:
    134.767
    А зошто не го забележале исчезнато возило? Зошто касно?

    И зошто го убиле Панче? Што знаеш ти што не знаат ќерките негови?!
     
    На Sofi.ja, Billy Idol, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    35.423
    Пол:
    Женски
    Да се чудиш зошто? Прво, затоа што можеби воопшто и не било во Скопје. Второ, можеби влегло во Скопје преку локални патишта, каде што нема камери на сејф сити.
    Не знам ништо јас, чиста логика употребувам. Можеби грешам. Ти знаеш нешто повеќе?
     
    На Bratot, CameliaMiller, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.