Во Велес има 1 семафор само, не па камери насекаде, аха да. И да го нашле автомобилот, пак ќе се случело ова со Вања, сигурно си имале нерасчистени сметки со дедото на Вања, ама нема ни да го дознаеме тоа, ќе кажат друга приказна.
Ако читаше поназад, ќе видеше зошто немаше луѓе на протестот. Бидејќи беше во близина на домот на девојчето. Што овде го проценивме како безосетно. Треба да се остават мајката и другата ќерка да тагуваат на раат.
Темава е извадена од колосек тотално. Теории на заговор, гатачки, днк, јогурти, свадби, протести (???), Миленковци, па поле било, па не било, минутажа колку треба од зграда до селото, па вака ако било тоа немало да биде, 216 пати истите прашања се вртат во круг со сѐ по бизарни одговори. Па ве молам луѓе, кај е осетот. Сите сакаме одговори и одговорните да добијат најстрога можна казна. Ама вака со рекла казала, па дури и се расправате кој е во право и чија теорија звучи по точно кога реално, никој ништо не знае 100%. Одговорите ќе ги добиеме кога ќе заврши истрагата и судењето, а можеби ни тогаш нема да дојдеме до вистината, за жал, познавајќи го нашето судство. Добро е што нѐ има, оддаваме внимание и сме заинтересирани и згрозени сите, ама не мора сѐ што ќе ви дојде на памет да се истресе на јавен форум. Девојчето го нема, една мајка е обвиена во црно за доживот, да покажеме малку почит.
Каква и да е позадината на случајот, дали се работело за нерасчистени сметки или не, сепак едно невино дете не требаше да плати за тоа.
mestoto na protestot lesno mozese da se smeni, toa ne e izgovor ni opravduvanje no takvi sme nie, jaki samo na tastatura jas smetam deka trebase cela mk da izleze so toa ke im se dadese znaenje deka nemoze ova da pomine so kazna od 4-5 god, a tolku ke dobijat "zelezoto se kova dodeka e vrelo"
Знаеш што е трагично? Што сите го спомнувате Панче ко проратна станица до девојчево, а не ко човек по кој требало да се трага, не само зошто, ко што викате "од кај знаеле дека се поврзани и двете убиства", туку дека бил човек, живо суштество, што заслужува да се потрудат да го бараат, што заслужува и без да го убиеа девојчево, да ги најдеа неговите убијци. Не е работата дека требало да го бараат за да не ја убијат и Вања, работата е што никој не се замарал со него, очигледно. Панче е исто што и ти, исто што и јас, исто што и Вања, Марија Брзакова, детенцето Петар.
Да почекаме што ќе биде со казните. Потоа, ако има потреба, да. Тогаш треба сите да бидат на улиците.
a sto ke smenis togas? NISTO! ednas izrecena kazna tolku e pa ako sakas i spij na ulica, nema nova, nema povtorno sudenje, nema veze sami sme krivi, kakov narod-takva vlast
За ова си во право, одкога ќе им изречат казна, после џабе е, ама ни сега не е време. Башка пред зграда кај нив. Нема логика.
Точно, не го спорам тоа. Немаме податоци со кој интензитет се трагало по него. Веројатно ќе го решеа и неговиот случај и без Вања, само не вака брзо.
Веројатно немаше. Тие не се ни замараа со него. Се виде на пресот. Тие во Скопје ако не им се појавеше колата, може уште заспани ќе беа, јер човекот не беше од Скопје, нели. Да не ги фатеа вака, појма ќе немавме дека вакви болесници шетаат меѓу нас. Погледни само колку нерешени исчезнувања и убиства има. На пр. Марија Брзакова. Се заташка, се заќутеа сите, ништо не се направи. Исто и со Петар, што демек диви животни го изедоа Ах бе...
И пак, што кажа, прво дека таткото не признавал првите неколку испрашувања поради совеста на Спасовски , па признал откако бил претепан по наредба на Спасовски,по негово инсајд инфо, па после претепан бил, ама не знаел он, вон негова инсајд инфо и моќ е шо било после тоа.
Не, нема ДНК база. Точно ќе ти кажам и кога си прднал последно во ординација, а ДНК база нема. Ниту треба да има, освен за криминалци/неидетификувани тела. Како не е фатен? Нели беше Ангела и еден албанец? Ангела знам ја осудија, за него не знам, уште е во бегство? Ако е надвор од државава тогаш МВР не ни може да го најде, Интерпол треба.
Колата од Панче се движела зад Реното цело време баш заради таблиците,и ова ви се кажа ама пак едно те исто. Куче да ви избега ќе ви требаат можда 2 саати да го најдете,ама овие можеле за 1 саат да спречат киднапирање...мхм секако. Заборавате една работа,дегениве во притвор се глуперди,ама Палчо не е.
Абе зависи кој поеќе мирисаш партиски, толку се способни Министер се мења, ама џандарите и инспекторите се тие истите, и пред 5 и пред 10 години. Истите што други случаеви не успеваа да решат од којзнае кои објективни и необјективни причини. Иако трагичен случај, а криминал има и ќе има, ова е веројатно ретка светла точка во работата на МВР. Кој прати real crime по светов ќе знае дека вакви случаеви се тешки за решавање ама секаде и во секоја земја, коли исчезнуваат и не се наоѓаат во секоја земја, тела не се најдени децении подоцна, нерасчистени убиства (без најден убиец) постојат итн... и тоа во земји што се неспоредливо понапред од нас.
Ама кој рече дека за 1 саат можеле да спречат киднапирање? Што ги браниш толку неспособниве? Само во Скопје ли се бараат коли/луѓе кога се исчезнати личности? Што правеле овие во Велес? 2 дена го немало човекот, колку коли се возат такви по Велес, Скопје и околина? На прсти се бројат. Да тргнеш од Велес до Скопје минимум еднаш ќе сретнеш полиција ако нигде на друго место, по патарини ќе ги видиш кај што дремат.