Пишува дека се преземаат мерки за пронаоѓање, не дека е пронајдена. Во друга вест подоле видов дека ја пронашле на Железничка. Добро е.
Auuu strasna drzava sme pak pocnaa da isceznuvaat lica da ti e strav da ispadne dete tinejdzer so drustvo na kafe da otide ccc rezil ako e najdena togas dobro e.
Може ќе наидам на осуда, ама ништо добро не очекувам од родители на 19 год возраст. Прочитав мајка и имала 33 сеа. Тоа нит знае да воспита нит ништо
Мерило за добро воспитување не е возраста на родителот. Повеќето невоспитани деца што ги знам имаат баш повозрасни родители. Не судете ако не знаете што и како било дома.
Мајкава 33, детево 14.. И јас мислам дека избегала поради тоа што семејството и е комплетно дисфункционално..
Нормално дека возраста на родителите не е мерило за добро воспитување, ама што очекуваш од мајка која останала трудна на 17 и родила на 18, што таа може на своето дете да му пренесе врз основа на сопственото искуство, какво знаење и искуство има она во животот за да може да му го пренесе на детето? И сама била дете кога родила, а сега има тинејџер со кого не дека не сака, него не знае како да се справи..
Ќе наидеш на осуда пошто тресеш глупости. Возраста кога раѓаш нема врска со тоа колку ќе со умешен како родител. Не е за сите родителство толку млади, ама дека по дифолт не ги бива, баш е тешка глупост.
И сакаш да кажеш дека поради тоа што родила млада потфрлила како мајка? Па какви “родители” има кои створиле семејство во подоцни години, да ти се згади. Кога не им ја знаеме ситуацијата, најдобро да не коментираме.
19 години не е и не треба да е дете. Е сега од дома што ги галат до 30… што од лажица друго немаат кренато, тоа е проблем баш на постарите кои така ги учат. 19 годишна личност е работоспособна, полнолетна личност. Учете ги децата ваши дека на 19 се уште дечиња, па затоа ќе се такви какви што не треба да се. Избегавме оф топик, ама се нервирам со вакви муабети. Само на балканов мама ве смета за детуле до 30 со наместен доручек, и спиење до 12.. пари од пензија за кафе…_-па нацијава ни е таква како што ни е. Не велам дека секој треба на 19 да раѓа, далеку од тоа, ама дека си неспособен родител на 19 тоа е сосема непотребен муабет.
Абе дете бара пари и стабилност, не само љубов. На 19 немаш образование уште доволно, пример. Ама со добар систем на поддршка, се' се може.
Да така е, повозрасните имаат некаква предност, ама и на 19 може да работиш во маркет пример и на 30. Не дека сите што родиле на 30 се високо образовани со високо платени професии. Тоа сакам да кажам. Не значи дека 30 годишен родител ќе биде секогаш зрел, среден во секое поле. И не мора да значи дека таа што родила на 19 е зелена и недоквакана зависи од личноста и околностите нели муабетот ми е, не можеме да судиме ако не ја знаеме ситуацијата.
Мајка ми е родила на 19 и апсолутно ништо не ми фалело во животот, воспитана, паметна и фина особа пораснав. Кога некој има дете тоа го созрева на некој начин, и апсолутно годините не можат да те подготват да бидеш спремен за родител, секогаш ќе има предизвици, може ќе бидеш материјално и духовно поисполнет ама дека пак нема на моменти да се прашуваш каков родител си… Не велам дека сите созреваат со раѓање дете ама тоа нема врска со возраста туку со самата личност. Точно дека не е идеално на родиш на 19, ама не значи дека вината е во мајката што детето избегало. Тинејџерите имаат секакви бубачки, се скарале и избегала, може никаде немало да оди ама ете така сакала да се бунтува малце.