Не знам, еве нека кажат мајки што имаат 19 годишни деца, дали им се спремни деца да имаат... Иначе приметувам место напред, ние све позатуцани и позатуцани ставови иаме... Страшно. Ма да кај нас може и со 16 да се земеш со дозвола од родители, значи можеш родител да станеш, чим законот така вика, удрете на весеље... Идете зимајте се со 16 годишни, особено муживе, ма да и жениве не сте ништо поарни. 21 век, еј... Среќа што со 14 или 12 години не е дозволено... Па уште и не значело на 19 ако деца имаш дека ќе бидеш неискусен родител и човек, yeah right. Не значи де, али шансите се за многу поголеми, отколку да родиш коа ќе бидеш поискусна личност...
Помали се шансите ама одма почнуваат со генерализирање и автоматско напаѓање, зошто? Нема ли некој на форумов толку млад родител па израснал во ок личност? ИМА.
Сѐ тоа стои, само колку си ментално созреан за дете на 19? Буквално уште си тинејџер. Не е само битно дали можеш да работиш и да си зготвиш јадење.
Има личности кои и на 19 се многу повеќе созреани од некој 30, животот ги научил. Не кај сите зрелоста иди со годините, ниту пак спремноста за да бидиш родител. Се е до карактер и до личност, а не до години
Ја родив на 19 На 19 исто се соочив со предвреме родено бебе операции и тешки дијагнози Преку ноќ пораснав и созреав ко баба стара Еве јас 40 син ми 21 Здрави прави читави
Едно не исклучува друго. Повеќето луѓе не се спремни да се родители како млади, но од друга страна, имањето на дете млад не е под дифолт дека ќе си лош родител. Односно, на темава, не значи дека мајка и' на Клара е лоша мајка, само не знам дали се вмешале и социјалните служби (за да испитаат што се дешава) или полицијава само ја вратила дома. Раѓањето или нераѓањето е лична одлука за секоја жена, на 18 сме полнолетни, спремни или неспремни, на наш грб паѓа да ги носиме тие одлуки. Можеме друга тема да отвориме ако нема, кои се социјалните/економските фактори и зошто тоа се случува кога една млада жена не сака, но се чувствува присилена. Инаку да, со 18 години добиваш покрај право на глас, право на целосна автономија над своето тело, тука некаде спаѓа и "мое тело, моја одлука". Две страни има таа паричка.
Има некоја за соодветна возраст и слично, макар оваа може да ја тераме поинаку, пофилизофски и подалеку од "личен избор"
Наводно госпоѓава не понела со себе никакви документи, ниту телефон, па не можат да ја лоцираат преку тоа. Воопшто ме ми се допаѓа ова вака шо оставила се дома…
Наводно во 05 наутро излегла од дома, не понела документи и телефон, додека сопругот и едната ќерка спиеле. Последно е забележана на безбедносни камери на автобуска постојка во Јурумлери. На работа не одела толку рано, а и денес не се појавила на работно место. Фамилијата тврди дека немало ништо невообичаено изминативе денови и се потполно шокирани од ситуацијава.