Никако случајно, обично коа некој те лаже предходно се праи тоа цели филмови ќе ти свртат, од кај да се знае може нешо и ветиле па требало само да подаде нешо у 5 саат сабајле според договор.. не се знае ова е еедна варијанта шо би можела да се случи. Може и излегла да си рипне у Вардар и тоа може. Ние си праиме сценарија тука, ама кујзне шо ќе да е. Ако избегала барем торбица ќе си спакувала и лични документи.
По кометарите под објавите на фб сите познаници ја потвдуваат приказната на семејството дека живееле сложно и имале складен брак, но којзнае реално што се случува дома. Од друга страна ако не е така или би имало сомнеж во нешто, немаи брат и заедно со сопругот да излезе пред камера.
Од арно никој во 5 саат не излегува да си оди. Или идеалново не било баш идеално, или е замината со швалер или имала психички проблем и отишла да заврши.. без документи и мобилесн не би излегол никој од дома денес..
Сигурно и го вештачеле телефонот, ако комуницирала со некого ќе се знаело, преку гулаб сигурно не комуницирале, пак мора на некоја апликација да имале комуницирано или да се слушале на телефон.. Швалер да беше, ќе се дознаеше, има записи од телефонски повици, од пораки, вештачење има, вие мислите тоа така е..
Не верувам ништо од муабетиве, иако се изнаслушав на триста верзии. Човек не се самоубива баш сабајле во тоа време ниту пак бега поради не знам која причина. Жената има семејство, ќерки. Поверојатно ми е да добила некоја закана, па да ја терале дома да остави телефон и излезе. Повеќе верувам дека е можно да е трговија со органи отколку тие гнасните муабети што се вртат низ град. А башка и народот никако да се научи да сочувствува. И да, они сето го ,,знаат".
Зарем има погодно време за самоубиство?Мозокот е чуден орган,се случува наеднаш да скрене човек.Наша познаничка се обеси,шок беше за целото маало а највеќе на фамилијата.Вистински и реални проблеми немаше ама во нејзината глава си постоеле и биле големи и нерешливи.
Пример, станува сабајле и ги гледа најблиските - скроз доволен мотив за да се предомисли да си наштети. Поверодостојно е да посегне по сопствениот живот после полноќ, во период околу два часот сабајле. Зашто, тогаш мислите највеќе лутаат. @simona_baby човек не скренува туку-така, а сликата е секако поголема позади тоа.
Според мене не постои доволно добра причина за самоубиство,а не се сложувам ни со тоа дека блиските ќе го предомислат.Оној што решил не го предомислува ништо чак што више размислува дека така и олеснува на фамилијата,а не дека ја повредува.
Женава ми личи на многу депресивна особа. Како да се борела сама со себе со месеци и сега само сакала да избега од сѐ и од секого. Никој не ја знае вистината! Деновите кога беше исчезната беа премногу ладни за човек да талка само по дуксер како што пишуваат дека носела, а зарем човек во тој момент ќе размислува што да облече? И цело време ми е во мислите каде е дали е најдена. Со швалер не верувам дека е, не е тинејџерка па да бега така од дома. Ние од страна мислиме за секоја фамилија дека се сложни ама реалноста не е таква, брат со брат не збори а сестра со сестра очи си вадат! И многу долго ја нема за крајот да биде среќен, дајбоже да сум грешка.
Многу тажно, многу време помина, после првите 48 часа станува се потешко да се пронајде некој. Мистериозно ми е се ова, како без ништо заминала од дома толку рано, ни телефон не зела. Млада жена. Се надевам на среќен исход од оваа ситуација
Да ја немаше на камери (а ја имало во 5 сабајле) и мене сомнително ќе ми беше да не е нешто поврзано со убиство.... Дај боже жива да се најде, но многу време е веќе.. кај би лутала жива. Ако се фрлила во Вардар телото ќе се издигне за некој ден... прво потонува тело, потоа се крева горе
Го пишувам ова како општа информација а не како претпоставка за женичката. Во зимски период телото не се издига толку брзо, и може да се издигне дури и кога ќе се затопли.