Како е чудно што веднаш се јавила во полиција? Прво, дознала дека детето не отишло во школо а се упатило натаму и во меѓувреме не се јавува на телефон. Друго, има 14 години и најверојатно не бегала од часови претходно. Трето, сигурно свртела и на телефони на родители да праша дали е со некое друго дете и дознала дека не е.
Родителите се запознаени со случаеви за обиди на киднапирања па затоа правеле петиција Значи свесни се и затоа стравуваат и одма сумњаат на киднапирање Но тука е друга приказна Ја страв да се врати а типот е над 18 и го страв да не одговара за киднапирање
Добро навистина ли мислите дека полицијата ништо не прави откако цела држава за ова зборува? И јас немам доверба во институции ама луѓе дете е, нема шанси да не прават се што е во нивна моќ.
Мене како мала само моите родители не ме пуштаа да одам во школо сама, а сите од клас си доаѓаа и идеа сами. Толку ви е неверојатно ако родител и наставник се грижат за детето? Или немате свое или курац ве заболе за блиските. Јас да не ја добијам мама на телефон по милион пати ќе и вртам и морам да знам каде е цело време. Се повеќе и повеќе се развива трговијата со луѓе, особено жени. Ако отиде нема никад да ја најдат, затоа подобро чувајте се меѓусебно одколку да се јадете цел живот каде ви е блискиот и дали е жив.
Какви се сценарија имам изнагледано во документарните серијали criminal minds, што стварно немам во никој доверба. Во НИКОЈ! И сите опции се во игра. И педофили, секти и родители, роднини, познаници све! И полицијата секогаш ги зема во предвид сите опции само што нашава полиција се знае колку е (не)способна а во многу ситуации и вмешана.
99% од телефоните на денешниве деца им се на сајлент.И многу не се јавуваат веднаш,не го чуле телефонот.Со ова се соочуваат многу родители на тинејџери, не се јавуваат веднаш во полиција.
Дечки општо правило е дека за деца, лица со попречености или стари луѓе со деменција ако се изгубат, се делува и пријавува ОДМА
И 99% седат на инста, гледаат сториња, тик токс, читаат блогови, си пишуваат на чет. Реткост е денес дете да не е на телефон често, а не обратно.
Не реков не користат телефон туку дека ѕвонењето им е исклучено и не се јавуваат веднаш. И баш поради тоа,биле на чет,се загледале сториња итн. Мајкава сигурно пред 15 до 08 не знаела дека детето не е во школо. Значи во рок на половина час пријавила во полиција.
Камерата на банка снима само бакомат и влез на банка. Не смеат да снимаат подалеку. Брат ми е класен на средношколци во едно од подобрите средни училишта. И за средношколци се ги известува одма родителите во вибер група. Не е ко порано ништо.
Ова со безбедносните камери има логика да не снима подалеку зашто ти како поединец не смееш да си дозволуваш да снимаш било што што не е во корист на безбедност на твојот дуќан, објект итн. То ест не може секој да си снима кај му текне За општа безбедност на улиците треба општината/градот да си води грижа. Ама камери на семафори и раскрсници би требало да фаќаат поголем простор.
Блек Мирор. Ете тоа се дешава. Побитно е наставничката што направила, мајката зошто пријавила, колку муабет да се врти. Срамота. Животот ни се сведе на социјални мрежи, страшно. Инаку за полицијата, братучед мој е инспектор, од друг град е не е од Скопје, и тој е повлечен овде и сите други од сите градови максимално се активирани. Али побитно е трач муабет е нели да се врти нешто, па кој е крив па зошто, наместо да се даде поддршка. Јас како мајка сега би отишла да ја држам мајка и на Вања за рака цел ден и колку толку да и бидам утеха, ако веќе не можам да се уклучам во барањето на детето. Срамота што плукате и поставувате безвезни прашања. Греота родителите, греота сестричето, најгреота детето. Се молам на Господ се да заврши како што треба.
Јас се сеќавам на само еден случај каде дете беше киднапирано на еден ден,пред едно 20 год.семејството должеше пари на лихвари,затоа го грабнаа. Досега стварно ваков случај немало. Но тука според изјавите на мајката нема такви проблеми.
Абе да ама види, нема ваљда и на 14-15 и поголема возраст со мама и тато да иде у школо, си сакаат децата слобода и независност, што е нормално. Точно е дека живееме во опасно време али не може па и децата да ги чуваме у стаклено ѕвоно константно, не е изводливо ниту добро и тоа. Вакви страшни хорори како киднапирања може да се десат и во присуство на возрасен, ако стварно се работи за криминална банда. Тие си се искусни, многу добро уиграни и користат најразни тактики и алатки за да можат да ја намамат жртвата. Премногу е чудна ситуацијава, под чудни околности се има случено и многу работи се матни. Да се надеваме дека ќе се реши позитивно случајов и се ќе биде во ред со девојчево. Спојлер Дај Боже да се работеше за смислено изрежирано сценаријо и да не е случајно темпиран тајмингот поради актуелниов собир денес и да е за поени, тоа во најдобар случај посакувам да беше. Немојте да се чудите луѓе, ништо више не е за чудење и све бива. Стварно денес на никого не се верува. Или да е доброволно замината со некој дечко ко што викате, и страв им е да се појават, само да не е најлошото.
Само да се плукало по некого, ништо друго, можеби не ни е сјајна полицијата, ама како што пиша една членка друго е за кола украдена да се работи, друго е за дете исчезнато, каде што цела полиција е крената на нозе, и насекаде има објави од девојчето. Што побрзо да се најде само. Па шпекулации како била со дечко итн, и да била со некој дечко до сега ќе беше најдена. Па страв им било да се појават, ќе одговарал дечкото за киднапирање, и да е така, неможе да се кријат толку. Мешаат баби и жаби, па си кажуваат приказни што им се случило нив за обиена кола итн. За дете исчезнато се работи.
Незаконски е да имаш камера во кола поставено и да снимаш во сообраќај,си има и за тоа правила и прописи (не мислам дека сите се соодветни),но ги има,не е тоа туку така,планирано е ова и добро смислено,не сум оптимист ни јас,дај Боже да грешам
Добро за изгубена кола ок ама им се провлекоа низ прсти легално издадени пасоши на криминалци пред неколку години. И никој не одговараше. Така да дека се глупи, да се.