Пред некоја година имаше случај каде жена од Драчево исчезна.... после недела дена ја најдоа мртва... А мислам дека се јавила на познаник и едвај зборувала. После телефон исклучен, се испразнила батерија... Дали беше некој удар, незнам не ми текнува дали кажаа кога ја најдоа што беше. Така и ова ми наликува, дека можеби имала некој мозочен и несвесно залутала без ништо во неа... Живеев со дедо кој имаше мозочен удар додека беше во двор без никој да го види, подвижен остана... но нејасно зборуваше, не не познаваше нас... не знаеше каде тера буквално. Но од час за час беше полошо и полошо...
Мене не ми мириса ова на добро, 14 дена нема ни трага ни глас, а и која е веројатноста на локацијата каде што се движела, кај мостот да пронајдат баш такви цигари и запалка. Логично ми е да пронајдат само такви цигари или само таква запалка, ама и двете, па баш исти како нејзините, укажува само на едно...
Најискрено чудна е целава ситуација, некако после првичните објави се стиши многу работата. Дали се дошло можеби до сознанија дека е вистина дека избегала со некого, па се чека да ја лоцираат и контактираат и затоа не споделуваат повеќе? Од друга страна делува како жена среќна во својот брак, башка со внучиња, не знам можеби јас се ставам на нејзино место дека не би направила такво нешто... а па не би си ни наштетила доколку се работи за несреќен брак или нешто слично...
Ако е точно дека избегала со некој, не верувам дека ќе кажат на тв. Од семејството кажуваат дека немале проблеми, ама жената можеби си имала мака. А сопругот мислам потврдил дека работите што ги нашле се нејзини?
Pa sigurno nema kjerkata da objavi deka e najdena so ljubovnik. Moze i od sram pisala deka se dezinformacii. Ako e tocno seto ova, jas mislam deka e, nekako mi izgleda deka izbegala .
Не да објави дека е најдена со љубовник туку обично кога бараат ги репостираат објавите во насока "мајка ми сеуште не е пронајдена" итн, вака луѓето да не знаат што да мислат
Нормално дека нема да објават кај е најдена, доколку е најдена, али и сестра и пред неколку часа има постирано. Така да не е пронајдена
Постои нешто, мвр се викало https://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/ischeznati Ако ја нашле, ќе ја тргнат од листата и не должат објаснување каде ја нашле.
И мене некако ми е во мисла дека не би објавиле медиуми доколку навистина побегнала со швалер. Работата мислам привидно се “стиши” поради тоа шо нема нови докази или дојави, ама претпоставувам од фамилијата уште активно бараат. Инаку да, сопругот потврди дека се нејзини цигари и запалка пронајдени во близина на некој мост на Вардар, имало и џемпер, но наводно тој не бил нејзин.
Мене не би ме чудело. Пред пандемијата(мислам), имаше слична ситуација со професорката Тројачанец од Земјоделски Факултет. Таа излегла од дома многу рано, по пижами, без да понеси мобилен и документи. Тогаш, нејзиниот сопруг призна, дека веќе некое време таа се лекувала од депресија, но наводно имало подобрување. Мислам тогаш имаше очевидци кои ја забележале по улици, ама доцна беше. Си го одзеде животот во Вардар.
Може сепак дека излегла сама од дома таа со намера тоа го направила, може се крие, може се самоуби сепак не треба да се измислуваа и шири дезинформации. Полицијата треба и да продолжи да ја бара се додека не се најде, ако сепак ова е точно дека излегла во 5часот дали е доказ или така кажаа нејзините. Дали се бара преку границата да видат некаде да не си замина.
Муабетиве се подраширени, ама доволно е еден да ги почне. Гледам почнаа да им оставаат и коментари под објавите од типот "нели ја најдовте", "заминала со дечкото", "заминала со швалерот" итн, ама ги бришат. За да се тргне од страната на МВР ќе помине повеќе време, не ја ажурираат одма. Не знаеме, може навистина имаат такви сознанија, дека избегала со некого, но сеуште немаат трага каде и не е пронајдена, па се чека. Како и да е, јас лично само чекам информации дека е жива, бидејќи ме потресуваат вакви случаи, никој нема да каже заминала со дечкото, ама доволно е некој да каже дека е најдена и жива