Дај боже само да е жива па нејзина работа зошто и каде избегала. Откога прочитав во билтенот на Мвр дека излегла со црна чанта не ми е логично дека си направила нешто.
Реално да, ми го задржа вниманието и мене кога прочитав за црната чанта. Ако заминала да се самоубие, зошто би и требала чанта во која не носи ни лични документи, ни телефон, а и треба наменски да го извадила новчаникот и сл. Може да ја носи само за повеќе пари доколку и требаат за да замине некаде. Цигари и запалка се носат и во џеб. Нејзина работа е да замине каде сака и со кого сака, наша е само да знаеме дали е жива и пронајдена, бидејќи исчезнувањето е споделено со нас и покрај емпатија, создава и загриженост за безбедноста на местото во кое живееме
Секогаш го одбираат периодот од 3 часот до 5 часот изутрината, затоа што нема многу луѓе кои гравитираат во тој период. И на тој начин најлесно може да го сторат тоа што наумиле без никој да ги забележи.
Од нејзини блиски слушнав муабет дека биле многу сиромашни порано со маж и, едвај ги израснале ќерките, немале да јадат, ама сега си го средиле животот, имаат ќерки и внуци, имаат куќа со маж и, конечно малку здивнале од сиромаштија, цел живот сиромашни биле, си купиле пред некое време и кола од 6 илјади евра.. Не можам да сфатам зашто кога конечно малку им се насмевнал животот, малку од малку од беда и кал се извадиле да не трпат сиромаштија, женава решава или да избега или да се самоубие?
И да се работи за друг маж, бегство во кое ќе нанесеш тежок срам и траума на семејството, родителите, децата, а и внуците не е решение. Не се работи за тинејџерка, туку жена во години која е веќе и баба. Сакам да кажам и да била во несреќен брак, на ваков начин ја крена цела држава на нозе и заслужуваме барем информација дека е жива во скоро време
на две места има и вакви коментари, малку е чудна работава, се стиши случајот, некои слични коментари плус ги бришат најверојатно од семејството, на почетокот не кажаа дека носела ташна на страницава на МВР пишува, на све ќе помисли човек...
На 19.11 снемало исто некој тип. Виктор Николиќ. Ја не сфаќам шо се дешава у вакви ситуации? Бегаат? Имаат психичка попреченост? Ги крадат за органи? Познаници од полиција за вакви работи ми викаат само уживај нема нишо лошо. Као да уживам коа здрави прави особи ги снемува. Некои не се никад најдени. Кај може да отидеш? И да отидеш у друг град, ќе те познаат од слики нешо. Мн искачаат од дома така, не носат пасош лична да каеш да идат преку граници. Стварно не сфаќам.
Коцкаришта, заразени со дрога, немаат да платат и завршуваат во некој бунар или во некоја дупка во некоја пустелија.. Шансите да се најде некој жив после 3-4 дена од исчезнувањето се скоро па никакви.. Овие што се на листата на МВР за исчезнати, мислам дека никој не е жив.. Ако не е тоа, си страдале од депресија, никој не знаел од блиските, имале суицидални мисли и нашле начин да си помогнат со тоа што се самоубиле.. Не верувам во тоа дека ги киднапираат за органи, проституција,особено не луѓе што имаат семејства што ќе ги бараат, оние што се без семејство, никој што нема да ги бара, ни документи што немаат, такви може да киднапираат, вакви со семејства, семејни луѓе дека ќе киднапираат за органи или трговија со луѓе не верувам, мислам секогаш има исклучоци ама јас генерално зборувам.
Па шо не ги зимаат циганине од раскрсници? Тие шо имаат бизнис за трговија со луѓе се најретардирани. Не знам дали имаш читано за Жолтата куќа на Косово? Види таму шо праеле. По тоа сфатив дека нема врска, фамилија и здрав-нездрав
Абе какви органи што ви е на вас.... За органи дете може да исчезне, ама жена возрасна, дечко возрасен, кој ќе ги земе, женава може притисок да има, дечково да е наркоман, пијаница... Не е тоа така едноставно. Од здрави прави луѓе па не се зимаат без проверка а не па од непознати. Тие приказни се само од нашето детство за заплашување. Се повеќе има и деца со хронички болести, не е тоа така едноставно.
Pisi Zhuta Kukja da vidis kako na fabricko gi vrakaat. Gi trcaat ko konjii, gi potat, jadat zdravo, za da im se iscistat organite. Ne treskam napamet
Јас почнав еден документарец да гледам и не стигнав ни до 20 мин и го искучитв. Желудникот ми се препраќа. Ене кај е Косово, како тргнала работата и кај нас вака ќе биди не дај Боже.
Па, не може луѓето да ги снема тука така и со години да не се знае. Кој сам се отепал, кој е отепан. Туку... Зар нема ништо ново за жената?
Се стишти фамилијата, дај боже да е знак дека знаат каде е. Кога ќе се сетам на мајката на Пино или пред 2 год.на ќерките на човекот што го снема кај народна банка, не се симнуваа од Тв, фб и секој ден притискаа, молеа и делеа флаери додека не ги пронајдоа после 1 год.за жал не беа живи но не застанаа додека не ги пронајдоа.
Не знам што има да помислувате. Ако сеуште стои на страната на мвр сеуште не е најдена. Освен тој фамозен љубовник ако не е Чак Норис па не може да му се влезе во трага. Мислам, си праите циркуз од човечки трагедии.