За жолтата куќа и деталите што ги наведе членката се точни. Сето тоа се случувало во близина на Кукс близу границата. Има документарци на Јутјуб.
Ма не викам јас дека не е така, дека не праеле тоа, ама дека се грабнува сега така како што на времето се правело, не е така.
Колку долго треба да се трага пред да се прогласи личноста за исчезната? За девојчево прочитав дека 3-4 саати ја немало, не е тоа малку?
Сигурно зависи на кој начин се исчезнати... ако девојчето го снемало после училиште, веднаш се пријавува ако не се најде. Особено за деца се почнува веднаш потрага... Ние имавме случај со пријатели девојче во парк во огромна гужва ни се изгуби. По пола час барање пријавивме во полиција.. дојде полиција и во моментот и ја најдовме... А инаку по правило мислам 24ч треба, ама за дечиња не важи тоа сигурно..
Функционира, ама тој се пушта во првите 30 минути од исчезнувањето, 4 саати е више премногу. Дај Боже никогаш да нема потреба да профункционира.
Жената уште е исчезната, баш една од ќерките има на фасебоок објавено пред неколку часа дека и недостига, а случајов ко да падна во заборав, а поминаа само 3 недели од исчезнувањето. Страшно е ова.
Уште не е пронајдена. Ова е објавено од ќерката пред нелолку часа, а брат ѝ на Лидија во коментари реплицира дека има многу дезинформации и се уште не е пронајдена.
Јас сега се повеќе мислам дека жената најверојатно се има фрлено во Вардар. Ако беше вратена дома немаше да го кријат тоа од мвр, а и не може да се скрие, ќе ја види некој роднина, комшија. Тој кумот ако беше со него, многу лесно можеа да го најдат него дома, а не е пријавен за исчезнат млад дечко. Што правела како правела, може муабетите да произлегле од нешто, ама многу долго ја нема за да е избегана со некој, пари колку и да имаат, ќе завршат
Ке ја изфрле Вардар кај и да е веќе Ладно е времето и затоа не е испливано телото Фрлена е во Вардар гарант
Imase edna profesorka pred nekolku godini isto ova vreme bese najdena vo Vardar. Brzo ja najdoa otkako bese prijavena za isceznata. Ova vekje eden mesec kje fati.
Многу време е поминато така да логично е да се очекува лоша вест, ама па излегла со црна ташничка, што ќе и е ако мислела да се фрли.
Мене ич не ми се верни ни едното сценарио за Лидија по сè што прочитав, ама кој ќе знае што бива зад затворени врати...
Многу викаат дека била кај кумот на ќерка ѝ, и за да не се обрукале не кажувале.. нек се секира народов..
Иницијално си помислив, сѐ бива, но двете ќерки се уште објавуваат постови дека активно се бара жената и таа се уште се води како исчезната од страна на МВР. Ако постоело сомнеж дека се крие со/кај кумот, МВР тоа би то истражиле и случајот ќе се затвори ако по нејзина волја е со кумот.
Па од тоа дека излегла од дома и се фрлила во Вардар (чудно е што земала и ташна со себе), второ прилично делува дека имала исполнет и среќен живот жената. Втората приказна е дека избегала со швалер, наводно кум на ќерка ѝ, што е уште поневеројатно. Не знам, можеби не сакам да верувам дека се има фрлено во Вардар, но не знаеме кој што мака во себе носи. Само бидејќи гледав слики итн. едноставно личи барем дека е многу поврзана и со ќерките и со мажот, со братот, сестрата... сепак пак ќе кажам, не можеме да знаеме што има зад затворени врати или каква и била психичката состојба, само ми е изненадувачки бидејќи баш делува како личност која со полна плуќа си го живеела животот. Не ми личи на оние кои знам дека посегнале по својот живот, не ми спаѓа некако во таа категорија, макар на тоа упатува, во ниедно време без причина излезена итн. Јас се надевам дека ќе се најде жива, иако ми е јасна реалноста дека се многу мали шансите.