Баш тие што личат среќни даваат огромен напор да личат такви и кријат во себе и чуваат и чуваат и на крај burn out.Тоа е момент и нема назад. Мене тоа ми е логичното објаснување за жената , се фрлила во Вардар.
Најдена е и таа од Свети Николе, а и оваа од Јурумлери. Таа од Свети Николе е најдена во Прилеп/Битола. А оваа кај кумот. Полицијата може и нема да извести за ова или ќе извести после неколку месеци.
Прашај ја ќерка и дали е најдена и како можеш да помогнеш и одма ќе те блокира. А зошто да те блокира кога сакаш да помогнеш? Значи дека има нешто што јавноста не го знае...
А како ти ќе помогнеш? Па и јас да сум на нејзино место ќе те блокирам. Народот само сака сеир да гледа, ништо друго.
Многу глупи муабети има...дефинитивно не е тоа што се пласира во јавност.... Ама некако се стиши работата, како да дознаа нешто па заќутеа.
Да беше најдена ќе кажеја дека е пронајдена, сепак стои во исчезнати, зошто да кријат, и да се шпекулациите точни не е играчка да се скрие, човек е
Се согласувам, но споредбата ја направив со луѓе од приватен живот, неа приватно не ја познавам и затоа велам не можам да знам.
Имаше пишано некој, да беше и Вардар ќе испливаше. Нешо со времево поврзуваа. Ова за пишување и блокнување, не е само овде пишано.
@Feminka22 ама сестра и на Лидија пред 3 дена има постирано дека сеуште ја нема, на тоа и брат и има искоментирано, ми нема логика да пишуваат такви работи доколку жената е пронајдена. Фино лепо како и за други може да се каже дека е пронајдена, не мора ни каде, ни зошто ни како
На маалски и форумски муабети не се верува. И за Вања какви глупости трескаа, па дознавме нешто страшно. За што и да се работи, се кажува во полиција. Или полицијата и самата дознава со проверка на камери и распрашување. Штом не ја тргаат жената од листата, уште ја нема.
А, бе, ок тоа не беше тајна. Ама, треба малку да се одмери кога се збори нешто. Народот е таков (не само нашиов, и другите) што речиси секогаш за исчезната жена одма лупа дека отишла кај швалерот и се крие.
Трачарат бесрамно. Ќерките напишаа истовремено дека жената НЕ Е НАЈДЕНА, не само што не е најдена, не се задоволни како тече истрагата на МВР. Зошто не се задоволни - не знам, кога и ако решат да зборуваат јавно можеби ќе дознаеме. Знам дека барале да се пребара Вардар и да се бара со кучиња трагачи, едното што е за живи луѓе било болно, зошто овие за кадавери не се искористени не знам, нуркачи веројатно не се нафаќаат ако е надојдена реката. И нормално дека ќе ги блокира ќерката кога само глупости пишуваат и во рана ѝ брцаат, не се од помош.
Јас за Вања не верував во ништо од напишаното овде пошто мојот мозок уште не може да ги свари некои работи кои испаднаа вистина. За овој случај само ќе кажам тешко на фамилијата...