Затоа што само ти такви тврдења изнесе,жива е и со кумот.И ја повеќе би сакала да е со кумот ама реалноста била друга.
Така е. Другари сме од 1ва средно, ама човекот веќе не ми е релевантен. Ај на форумов, ама излажав другари и во живо кога паднавме муабет на темава. И мене ми е непријатно што ве излажав овде, а и другарите. И на нив им се извинив. Ај дека е полицаец па му верував, ама не било така. Нека почива во мир жената.
Не е баш лесно да се пребарува во Вардар, не е рекиче, башка струјата е силна, го носи телото. На почеток тоне, после испливува поради гасовите што се создаваат. Голема површина е, а не мислам дека имаме соодветни можности за пребарување на речно корито, особено кога не го знаеш местото на кое, во случајов, се фрлила жената. Нека почива во мир.
I taka da bilo, kako smeat tie od mvr sve da kazuvaat za raboti sto treba da se sluzbena tajna dodeka trae istraga pa I otposle tie policajci sto odavaat informacii treba odma da se suspendiraat vakvi raboti mnogu me nerviraat a mnogu cesto gi slusam
Не е ова да се чукнеш во некој па да речеш извини, ова се работи што си ги пишал кои извини не ги брише. Ниту на тебе, ниту на сите што си правеа хехенца дека била некаде на швалерај со кумот, дека типот го гледале како влажни марамици си купувал, типична малограѓанштина и лошотилук. Седни и размисли си што си направил. И ти и сите исти како тебе. Нека почива во мир, прежално.
Има многу „можеби ова можеби она“, според вас и Лидија била со кумот избегана, а дур сте го пишувале тоа мислење трупот на сиротата скапувал во Вардар. Дај Боже да не е ништо ама претпоставките и заклучоците од сите нестручни лица се од вишок.
Телефонот му го нашле покрај река, ова многу ме потсеќа на случајот со Лидија.. Се надевам не се фрлил во река.. Искрено, во ваков случај, мој близок да исчезне и да му најдат нешто покрај река, јас сама би отишла да купам дрон, и ќе проверам по течението на реката дали има нешто.. Не е скап дронот, и лесно се маневрира, можат да купат и да проверат дали има нешто по течението на реката, јер ако чекаат на институциите, тешко нив..
Во објавата со повик за помош од граѓани беше потенцирано да се донесат дронови. Мислам дека се вклучени во потрагата.
Ужас, зашто вака се случува, нема ли некој нешто да видел, баш чудно сам да отишол тек така од работа
Дојдов да прашам исто, ама нема ништо изгледа. Туку дали воопшто некој е на терен? Мислам од институцииве? Или сами блиските го бараат?
Мислам дека е пребарано низ реката и не е најдено тело па според тоа сеа сумњаат дека може е засолнет во некој манастир Потрагата трае има од полиција има доброволци некни имало и хелихоптер