Има ли нешто ново во врска со исчезнатото лице од Неготино? Гледам се ширеа доста гласини за разно разни работи, па кој знае дали се точни…
Какви гласини? Искрено јас не гледам да споделуваат на телевизија. Има луѓе не користат социјални мрежи како би слушале за ова. Освен блиските го бара ли некој друг?
Па се зборуваше тука дека наводно бил навлезен во коцкање, имал долгови, дека бил во бегство и се криел по манастири и напуштени викендици… Мислам дека беа демантирани ама не знам точно…
2 годишно девојче исчезнало во Србија. Последен пат видена во 14 часот, ја чувале браќата од 6 и 7 години, мајката пријавила во 17 часот кога се вратила од работа. Многу работи нелогични ама ај да видиме како ќе тече истрагава. За 3 саати сегде може да ја однесат, ама се надевам на позитивен исход овој пат.
WTF Замисли да одиш на работа и оставиш 2 годишно дете само со другите деца од 6 и 7 години. Во секој случај другиве 2 деца мора да знаат што се случило.
Доста се правите паметни, ја чувале браќата од 6 и 7 години, а што да прави жената ако нема избор и мора да работи.. Сигурно не одела да брка кариера и си ги оставала децата мали дома да се чуваат, работела за да имаат што да јадат.. Најлесно е да осудиш некого, секој би го пратил детето во градинка, ама градинката кошта пари..
Нека не ги прави ако не може да ги чува. Нека ги прати у рудник ако не и другиве 2 да почнат да заработуваат, таман се на таа возраст.
Како што кажав најлесно е да судиш, и најлесно е да кажеш па не раѓај, или абортирај.. Секој си знае за себе, а и башка, еве мајка и на Данка не работеше, само деца чуваше, па и нејзиното дете залута и го удрија со кола.. Еве на неа не и го чуваа поголемите деца помалото, па и се деси што и се деси, и тоа сама си ги чуваше децата.
Мајка и на Данка во дождлив ден, бремена, со две мали деца реши да оди на место што не го видела со години, и тоа сама, без друг возрасен. Така да ај... А за ова, ако морала да работи, зошто не побарала од другарка, од комшика да ги чува?
Исто така е најлесно да го родиш и да го оставиш само на себе. Затоа на време треба да се мисли и да се калкулира пред да се направи дете барем за основни работи. Не е поентата да ги штанцаат децата па после да се одгледуваат сами. Ако биле децата способни да се чуваат сами уште на 6 години немало да постојат родители, дадилки, градинки.