Не сфаќам што е чудно. Јас на 7 години сто пати го имам и брат ми и братучеди чувано... Можеби се мирни и позрели за нивна возраст. Брат ми пример ни на негови 15 години не беше да чува некој, не пак на 7. Колку деца се само исчезнати додека се чувани од родителите...
Браво за тебе што си ги чувала братучедите☺️ама друго е 2годишно дете. На тоа нон стоп надзор му треба ќе ти истрча, беља ќе направи. Ме разбираш?
Па толкави беа де. Јас дете од 7 години секако ќе ги дофатев веднаш, каде и да трчаа. Никогаш, на никој ништо не му се деси. Ми оставаа и храна што да јадат, и ги ранев. Баба кога ги чуваше, повеќето пати не можеше да ги стаса. Братучеда ми еднаш 5-6 ч ја немаше, и побегнала на баба и отишла во циганската маала, си играла со деца некои таму. Ја донесе после циганга една дома. Не викам дека сите деца од 7 години можат да чуват помали деца. Ама има деца што се позрели за возраста.
Јас на 7 години не знаев дали бев во универзумот на Марвел или на ДС. Ама добро, секое дете и човек е различен.
Дете од 7 години е дете. Не смее и не може да чува дете од 2 години, кое се уште не знае да комуницира и да си ги изрази потребите кои ги има, а трча како лудо и нема осет за опасности околку него. Ќерка ми е скоро две. Не знаеш во две секунди што ќе скраси, и не смееме ни 5 секунди да ја оставиме на само. Почекај само здравје, ќе видиш. Дете од 7 години ќе се заигра, ќе се заборави, оти е само Дете и не смее да има одговорности за друго дете. Тоа што било и како било порано и што на тебе ти оставале деца, е друга тема на муабет, а од страна на родител целосно не одговорно.
Да де, ако си умеела со нив да се снајдеш тоа е за пофалба. 5-6 саата толку долго ја немало?! Па што правела баба ти до тогаш, да не копала компири?! Пријавила ли во полиција? Среќа што жената го нашла
Да де, копала компири. Се јави на чичо, тато на работа беа да си дојдат. Ја бараа низ град. Не знам како сте пораснати, ама пример јас со другарчињата кога ќе се заигравме како мали, по цел ден не се прибиравме. Ни јадење ни требаше ни бутур. Одевме од едно на друго место, нагоре по ридот пешачевме. На рекичката „по риби“. И скоро никогаш во вистинско време ниту еден родител не не знаеше каде сме. И нема како да не знае, немаше мобилни. Ама не е тоа тема на муабет ајде. Иако мислам дека во денешно време многу непотребно се „тресат“ родителите на децата, и затоа секоја помлада генерација што доаѓа се помрзеливи и чекаат на готово. Јас никогаш во живот не сум отишла на школо, курс или било што со родител под рака, или со кола да ме носат ако има дожд или снег, или да ме земат дека е темница. Ама пак ќе речам, секое дете е различно. Јас пр имам први братучеди - двајца по 10 години се. Едниот неколку пати го оставам позади во кола со бебето мое, да ја гледа и заигра ако заплаче. А јас одам до аптека, маркет да земам што ми треба. Ама другиот не би го оставила никогаш на само.
А стварно што е со коментариве? Ние кога бевме деца, сами одевме и на школо, јас памтам 2ро одд. брат ми забавиште, одев го земав и си одевме дома, тоа што имаше спремно за јадење поставував на маса, околу 3 саати во денот бевме сами кога моите беа иста смена на работа, немаше други услови и немаше кој да не чува. А сега и во средно со коли се носат децава, пренежни сите.
Тоа што го раскажуваш можеби било некогаш спрема родителите правилно, но сега е многу погрешно! Се работи за грижа, се работи за заштита спрема сопственото дете. Тоа не значи дека е разгалено ако се грижиш да не оди по дожд, студ или пак ако се грижам каде излага, каде се дружи или каде оди со другарите. И јас исто така после второ одделение сум започнала да одам сама во школо, но никогаш не ми оставиле обврска да се грижам за 2 годишно дете. Неодговорно е! И сега како родител никогаш нема да го оставам моето дете да го чува поголемо дете! Ако барем малку имаш размислено, ќе разбереш дека и ние како деца сме растени доста погрешно! Тоа не ни дава на право да викаме: “Па и ние така сме растени што ни фали..”. И да, ќе се тресам на се живо и диво бидејќи е мое дете. Никогаш не е “непотребно”, бидејќи ако тогаш кога е време не пружиш внимание касно ќе биде подоцна.. Ниедно “тресење” не е непотребно околу дете!
Замисли оправдуваш нешто што е неодговорно како родител. Во друга земја поради ваков случај детето ќе биде одземено од социјално.. Пренежни се дека одат со кола наместо пешки?? Тоа што немале услови порано не го оправдува фактот дека е погрешно
Има автобус, зашо да се носи со кола на 15 години? Можеби и не е за оправдување на 8г да чуваш дете од 2г и јас лично не би оставила, ама веќе 8 и 6г се океј според мене, во некои школи нема целодневен престој, а родителите мораат на работа, и што правиме сега? Солуција, решение?
Дај не претерувајте, ние се чувавме сами од 7 години и сме биле надвор по цел ден, но тоа беа други времиња. Не споредувајте тотално различни времиња во кои растевме ние и сегашните деца. Едноставно безбедно беше, сега не е баш. И сегашните деца сами одат на училиште, еве ги гледам во маало никој не ги носи, дел и се чуваат сами ама од 10 год, не се размазени децата туку мора да се прилагодиме и да ги научиме на претпазливост во ова време.
Не мислам дека сум растена погрешно, баш напротив, фала богу што не ме разгалиле, и што не се треселе на мене, и денес сум ова што сум. Кога ќе видам дека родител се извинува на дете не можам да си поверувам… затоа и се толку разгалени и тешко нас со генерацииве. Мајка ми мене да ми се извинувала, нит па татко ми. Се знае дека чим ме кара сум заслужила, нешто сум направила како што не треба. Ужас од родителство е дојдено денес. Ужас!!!
А зошто да не се извинува? Родителите безгрешни се ? Јас им се извинувам на моите деца секогаш кога ќе погрешам и сметам дека е сосем нормално о во ред.
Потполно си во право. Мене на пример мајка ми ме има воспитано дека треба другите да ги почитувам, да не ми влијае ниедна критика на самодовербата, да се сакам себеси и исто да не ги осудувам одлуките и однесувањето. Ама е заштитнички настроена, уште од мала кога бев се плашеше да не ме згази кола, да не ме киднапира некој. Кога бев помала 14 години нити пушев, нити имав лошо друштво бев вредна и учев. Секогаш морав да и пратам порака пред да стигнам на школо а ако не ми звони и се секира до бесознание. Се нервирав, и зборев џабе. Ете сега повеќе има доверба во мене, но на моменти и е страв. Ја разбирам и сега немам проблем со тоа. Да децава се многу невоспитани сум приметила дека деца од трето одделение користат вулгарен речник, страшноси викам дали овие имаат родители дома
Шознам. Само зошто порано било нормализирано дете да гледа дете не значи дека е исправно. И јас бев дете шо гледа дете и не дека ми било тешко, или дека сум била неодговорна. Едноставно сум била дете. И ко ќе се сетам сега на некои инстанци шо биле опасни ама тогаш не сум ги перцепирала така - ми мрзни крвта. Пошто сум била дете и не можев поинаку да расудам, нели. Ај покасно ко бев тинејџер веќе е друго и поќе можи да се размисли и пресуди.
За што се извиниуваш? Што направило нешто што не требало и си ги скарала? Па со тоа што се извинуваш пак истата грешка ќе ја направи. Се знае кој е родител, затоа немаат авторитет ни малку денешниве деца.
Грото денешни родители немаат никаков авторитет. Децата не почитуваат ниту повозрасни, ниту родители, ниту учители. Не знам кој начин на воспитување е подобар или полош, ама како што тера работава, не оди на поарно. Јас сум против ќотек, ама детето мора да почитува авторитет и да си ги знае границите. И да, сметам дека е подобро да оди пеш и по дожд на училиште. Нема да се стопат. А можат да си фатат и автобус. Ако се им се сервира се', до каде ќе им бидат границите?!
Недај боже да му подвикнеш на детето, или пак да му кажеш не. Одма си лош родител. Децава си дозволија да ако плачат мама ќе му купи ова она или еве ти телефон. Да не збориме дека деца од трето одделение и средношколци слушаат рап песни и турбо фолк со морбиден текст... Ужасми се повраќа
Бидејќи е битно да знае за емоции, да знае и да го вреднува психолошкото здравје. Пак ќе повторам, тоа што го правеле нашите родители не значи дека било правилно