Јасно ми е се'. Мајка ми е учителка од 1во до 5то одделение. Секоја наредна генерација што доаѓа е се' полоша. Па и родителите... Ја жалам, секој ден минимум 2 часа дополнително е на телефон, родителите и ѕвонат нон-стоп. Мене ако не ми текнуваше што имам домашно математика, ќе прашав другарка, а на мама и тато да ѕвонат на учителката. И тоа се случуваше еднаш на три месеци. Ова сега оди на школо, и не си го замара мозокот да запамти што има домашно. А тоа му е обврската денеска. Знае дека ќе си оди дома и мама ќе се јаве на учителката, зошто да се замара да памти кога може на готово. А пак дружењето какво е меѓу децата... Порано биле по 30+ деца во клас и полесно се водела наставата, сега се по 20 ама потешка е работата.
Па имаш милион начини да му покажеш емоции и да ги научи. Ако го караш за грешка и му се извинуваш за тоа, единствено што ќе научи е дека може да ја повтори таа грешка.
Пресмешно дека радо би зборале за авторитет и плескање него очигледниот проблем - родител шо остава сами деца на едвај школска возраст и претшколска возраст. Ама ај, нема да збораме за the elephant in the room оти сите сме парентифицирани деца и нормално ни е. Туку да се вратам на темата, пошто воспитание и ќотек е засебна тема, детето е најдено така? То е најважно.
Возрасните некако многу очекуваат од децата, а многу малку од себе. И не им е никако јасно дека така треба да биде, одма се навредуваат и работи егото. Дете ко дете, што може да знае. Оној што треба да знае е родителот/возрасниот. Ако не знае и не може да научи, не мора ни да има деца. Ама кога веќе ги има, мора да преземе одговорност, тој е возрасниот. @theowndemon Јас прочитав дека е најдено, да. И да, сите како деца сме чувале деца, ама не е нормално и само Универзумот не сочувал од некоја беља, сериозна или помлаку сериозна.
Да за жал од другарки знам дека има родители коишто вината за све им ја префрлуваат на децата и го истураат бесот на нив... Не ми е сфатливо ич. Сакаат да имаат петки, да се одлични, да работат нешто што не ги прави среќни и исполнети. И после се чудиме зошто децата се неодлучни и несамостални.
На мои 8 години сум ја чувала сестра ми што тогаш беше 2ипол години. Дали било правилно тоа? Искрено не знам. Веројатно не. Отсекогаш бев многу зрела и сериозна, уште од мало дете, може затоа мајка ми ме оставала сама со неа. Не бев некој тип што си игра на улица, генерално си играв сама дома или сакав да си седам со возрасните да тепам муабети. На 6 години кога бев и кога се роди сестра ми пеглав тетра пелени и шпикозни да и помогнам на мајка ми или и давав да јаде од кога почна со цврста храна. Сега имам ќерка. Не би ја оставила да ја чува дете од 8 години. Барем не децата што јас ги познавам.
Не си била зрела, дури и да си била "стармало", и јас бев таква колку и да е послушно и паметно детето, сепак е дете. И не е ни фер да му се дава толку ужасно одговорна задача, да чува друго дете. Ситни задачи, одење по леб, варење кафе под надзор, средување соба, алишта, сѐ е тоа начин како да се воспита одговорно и свесно дете. Чување деца не спаѓа во активности соодветни за возраста.
Мене искрено не ми текнува што сум правел во животов пред 12-тата година. Како ви текнува вас што сте правеле на 6, 4, 2 годинки, стварно не знам.
Нема новост за него за жал... Разговарав со човек кој беше вклучен во потрагата, ловџија. Рече дека таму покрај реката каде што биле најдени некои негови лични работи, водата е преплитка и со полно гранки, ѓубриња... Вика шише пластично да фрлиш, не може да помине. Многу е чудно се' некако.
Неговите уште го бараат. Ако има некој некаква информација да не ќути Дали човекот лично го познавал?
Човекот е повозрасен. Лично не се знаеле, ама по видување го знае детето. Се надевам дека ќе се најде детето живо и здраво...
Тешко дека ќе го најдат живкако минуваат месеци се помалку и помалку се надевам. По моја претпоставка веројатно се сампубил
Не знам што да кажам. Ама како и да е, барем да има завршница. Вака му е фамилијата во агонија, жално е.
Мене школото ми беше 2,5 км во една насока и сами одевме чопор деца у 6,30 тргнувавме за да стигнеме со влечкање и тепање по улици. Па по тоа дупките полни со вода немаше кај да поминеме и шлапкај со тие гумените чизми, машките плави женските црвени имавме и во оние мантилите против дожд не ми текнува како се викаа... Сите бевме како во ист калап. Да не сум надвор од тема некако чудно се заташка за дечково, како да не го бараа доволно...
Дечкото изгубил пари на конти ноември месец и многу се повлечил после тоа западнал во депресија и се свртел кон црквата и Бог Посетувал цркви Парите биле земени од брзи кредити Смислено оде на работа не ни влева да работе него одма оде кај газдата дава отказ и си тргнува накај дома Скршнува од главниот пат и оде спрема река која е плитка и нема шанси да се удавиш Ама се влива во Вардар Така да моето мислење е дека е удавен во Вардар
Таа река била плитка шише не можело да помине од гранки не па човек. Вардар е далеку доста далеку. Може се има склонето во манастир зошто се посветил на црквата во последно време. Тоа може да се дознае после доста години. Имаше една приказна за синот на проф. Шкариќ тоа е многу одамна јас не се сеќавам веројатно пред 30тина години му го снемало синот и после доста години се појави како монах.