Рајти овие беа лично од МВР издадени, исто како што сите вадиме. На тешки криминалци од други земји. За тоа да не го приметиш треба апла глуп да си. Некој внатре средувал тоа.
Да но фалсификувани сепак, со лажен идентитет, а пак со амин од Мвр? Секако. Има злоупотреби на службена должност, подмитувања и слично. Лесна работа тоа за нив. И после зашто се нема доверба у Мвр се поставува прашањето..
Да , за дете се работи, ама знаеш ли во Тетово, Гостивар натаму колку присилна проституција има? Низ тоа кафаните и стриптиз клубовите? И најжално е шо и полицијата, инспекторите, дури и власта е умешана у тоа и затоа никој не ги сопира. Знаеш колку дрога е испродадена од страна на полицијата? Дај боже девојчето да биде најдено живо и здраво ако е земено од некој клошар, но ако се умешани големите сили не сакам ни да помислам... и низ границите со Албанија и Косово најлесно се поминува, таму се е подмитено посебно за такви случаеви. Не нагаѓам шо било, туку ја кажувам ситуацијата во државата како е.
Не се глупи, сегде игра парата. Нас што ни се поотворени очите го гледаме тоа. И тие што работат по Гостивар и Тетово има и добар дел донесени од Косово и Албанија, на сличен или ист начин ко што кажуваме. Ако јас си правам филмови, нека одат во Прифатен центар за мигранти во Гази Баба и сами нека се уверат. Ама не сакам да коментирам повеќе зошто "кај нас такви работи нели нема и не се поминува така граница."
А бе точно, во државава ништо не функционира како што треба, ама не помагаме со тоа што ги критикуваме полицајците/инспекторите, не се сјајни знам, ама неможе секое мислење да е со критики кон полицајците. Само можеме да шпекулираме, не знаеме за што се работи точно. А и полицијата не смее да изнесува детали.
Видете ги последните коментари кај мајката, од некој од Приштина. Зар ова е вистина, или некој толку бесчуствително си поигрува со семејството и пишува од лажни профили?
Да, и тие шо се објавуваат по ТВ дека се пронајдени , тие се доброволно дојдени тука и доброволно работат таму. А тие шо се присилени, на тие места никој не смее да припаре. Сум била Гостивар, Тетово , знам. Имав прилика да запознаам еден Албанец кога бев во Швајцарија. Он викаше дека си заминал од таму пошо не сакал да си има работа со такви прљави игри. Пошо имал братучед, газда на еден од стриптиз клубовите кој се занимавал со тоа. Викаше мене да ми го црнат името со проституција, дрога, киднапирања нема да дозволам. Не ни сакав да го прашам шо како, оти нели колку помалку знаеш толку подобро.
Ја стварно више не разбирам шо треба да бидне за да се освестат дека многу работи не се у ред тука и се премолчува на све, за нормално се прифаќа, и се негира дека постојат милион нерегуларности и криминал. До кога ќе се живее во паралелен универзум? Возрасни луѓе, а да не можат да ги согледаат нештата и да се толку наивни или пак друго е во прашање не знам.
Башка што они зборат за други оддели. Башка што не може и не е во ред целата полициска сила да се етикетира поради глупости на поединци. Значи, треба да се престане. На нозе се, работат.
Така ни одговара. Не ни се случува нас, не е наш проблем. Башка што образложуваш нешто како е возможно, овде ти тврдат дека измислуваш. Сакам и јас да имам розеви наочари, ама одамна ми се скршени. Јас сакала нејќела многу работи знам, ама поарно за мене е да не пишувам, зошто ќе им стане јасно на доста луѓе која сум, лесно ќе поврзат, со оглед на тоа што и име си имам споделено овде.
Што би било тука сите ние да си кажуваме наши случки со полицијата, не помагаме така. Шпекулации само, вака било, онака било, не знаеме ништо како било, тоа се само претпоставки.
На што алудираш? Сфативме, според тебе мајката пријавила и кренала паника прерано. Што сакаш да кажеш со тоа?
На ФБ прочитав луѓе што предлагаат граѓаните на Скопје да организираат потрага. Тоа би било подобро отколку да се тресат глупости на тастатура.
Интересни се сите што очекуваат МВР да сподели информација за истрагата. Исто така интересни се сите што даваат предлози кои мислат дека не би им текнало на инспекторите од МВР да ги спроведат. Камери та камери, има камери каде што не мислите. Татко ми работи во МВР, до ден денешен никогаш не споделил еден единствен збор кога оди во акција. Откако ќе заврши акцијата, кажува каде е, било тоа да е низ Скопје, Дебар, Охрид, Косово итн. Значи дома не се кажува, а не во јавност. Имаше еден случај пред неколку години, за исчезната личност. Сите шпекулираа во коментари, ја видов пред два саати кај што се движи во Автокоманда, ја видов ваму, ја видов таму. Телефонот и бил лоциран овде, па и бил лоциран онде. Се качила во кола, се качила во 57ца. Никој никаде не ја видел личноста, личноста излезе со намера, си пресуди уште веднаш и на крај истрагата заврши со трагичен крај. Така да, не треба на ништо од шпекулираното да се верува. Чекајте инфо и тоа не детално, доволно е да се дознае дека е пронајдена жива и здрава и толку. После дома ќе си решаваат нешто што ние никогаш нема да го дознаеме.