Не Неговите изјавија дека не е во манастир Со закон ако има човек у манастир должни се,да го пријават у мвр Вардар е далеку ама не заборавајте Миле е спортист млад човек може да стигне до вардар
Јас за ова го знам токму спротивното, дека тој што одлучил да побара засолниште во манастир и е полнолетен, значи одлучил за себе, црквата не смее ни под точка разно да го пријави, без разлика кој го бара и колку го бара, ниту полицијата или семејството смеат да интервенираат, според црковните закони.
Da I jas taka znam deka crkvata ne smee nisto da oddade ni na policija ako covekot taka pobaral I resil
Не инсистирај, Црквата има свои закони, а не државно-институционални. Не смее да се оддава ако некој одлучил да се засолни во манастир, да биде искушеник, тоа се смета за божја воља и нема веќе предомислување, за никого. Звучи нереално, ама е така. Не можам да го најдам во моментов, имаше случаи со неколку исчезнати лица во Србија кои ги нема со години, за кои семејствата се сомневаат дека се во манастир. Црквата молчи по ова прашање, ама не може да помогне ниту полицијата, џабе се убедуваме. www.telegraf.rs/amp/vesti/srbija/3338207-moze-li-neko-da-nestane-u-manastiru-ko-porodici-treba-da-pomogne-sta-eparhija-ne-mora-da-prijavi
Во ред, се надевам дека е така, но имам длабок сомнеж сѐ додека нема официјално соопштение од Црквата дека "законите се навистина променети". Иако не знам како е променет црковен канон и како можеш да тасташ искушеник кој со своја воља одлучил да води искушенички живот. Битно семејството да знае.
Е па тоа е лошото Шо еве и да сум у манадтир бар домашните да се известени и полицијата да не троше ресурси
Аууу даа, за ова и јас знам. Дедо ми, Бог да го прости, и проф. Шкариќ беа многу добри другари. Од Дојран потекнува професорот. И останато ми е дека зборуваа за ова. Го водеа долго време како исчезнат, ама на крај излезе дека во манастир е.
Јас не знам каде е детево, каде и да е, се надевам дека е добро. Само реплицирав дека еве хипотетички, ако е искушеник, црквата не смее да го избрка или пријави, а тој не смее да се предомисли. Човек кој се одлучува на таков чекор, ако сака, самиот ќе се каже на семејството, значи црквата е должна да ја почитува неговата слободна волја, која и да е, без да суди дали е исправно или не. Во вакви случаи се почитува божјата воља, вољата на искушеникот и црковните канони, не полицијата.