Исчезнати лица

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од friendy, 4 август 2017.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.091
    Допаѓања:
    177.445
    Колку пати треба да повторам дека црквата мора да пријаве на полицијата дека кај нив е особа која се бара
    Оти не читате и само едно исто вергламе цела страна
     
    На happygirl, Panda00 и Antebellum им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Каде го прочита тоа, у весник? Соопштение од Црквата нема, не најдов изјава на свештено лице. Тоа што ти повторуваш е твое мислење, не факт.
     
    На snowqueen и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Мене во случајов ми е нелогично тоа што пред да исчезне оди на работа да си даде отказ. Реално, ако сакаш да се самоубиеш баш ќе те заболе дали ќе имаш напуштено пред тоа.
     
    На Daisy.x., Panda00, Konfetka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.091
    Допаѓања:
    177.445
    Сестра му го изјавува тоа
    Значи не е во манастир она тоа го кажува
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    185.727
    Па од брзи кредити единствен спас е да исчезне, ваљда затоа и отказ дава.:|
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Леле абе со тебе е ко со ѕид да збориш, дали прочита што пишав воопшто? Црквата не мора да пријави никого, уште помалце искушеник, и Црквата не се произнесе по ова прашање, не најдов никаде од нив изјава, кога ќе се произнесат дека правилата се смениле, па и тогаш со резерва би го зела тој податок. Семејството може да изјавува, не е забрането, може така да изјавуваст и за да може да се продолжи со потрагата, мора некаде да биде, никој не испарува од лицето на земјата.
     
    На snowqueen и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    3.465
    Пол:
    Женски
    Ако имал нешто земено и не вратено тие се јавуваат по дома, кај домашните и парите си ги бараат ако е од брзите кредити.
    Ако должи на човек и тој му се заканува некако може затоа се крие.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.091
    Допаѓања:
    177.445
    Според тебе
    ке те убијам ке се скријам у манастир и па-па
    Се читаш ли
     
    На Mumoftwo30 и Asparagus им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    И минута 16, кога ја прашуваат дали можеби Црквата не смее да открива искушеници, жената одговара дека е можно, дека не се запознаени како одат работите. Во држава со триста манастири, без одговор од Црквата, таму ли е или не е, секоја друга информација е практично трач.

    Да, се читам, туку ти дали го ислуша интервјуто, луѓето не знаат многу работи, дали имало булинг, колку имал долгови, дали планирал отказ, некој таму полицаец им рекол дека не може Црквата да го крие, и тоа е тоа, чича мича готова прича. Не се работи за "криење" во манастир, туку искушеничка одлука, не е тоа ќе поседам малце дур не помине гужва, па ќе си одам Не сме му во глава на човекот, па да знаеме што се случувало, мајка му сама вели дека бил психички паднат, тоа не е од што му било арно. Таа самата не ја исклучи можноста. Многу луѓе во светов исчезнуваат поради своја слободна воља, можеби тешко е да се прифати или рационализира, ама реалност е. Нешто да се случило, ќе имаше било каква трага за сето ова време, некаква индиција. Подобро да е искушеник, отколку леш.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.091
    Допаѓања:
    177.445
    Ќешки да е жив и да е скриен
    Ке се знае за месец два најмногу
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти не се читаш, дечкото не го бара полиција за извршено кривично дело. Башка возрасен и полнолетен човек е, да беше дете или малолетно лице полицијата ќе мораше да добие информација ако негде се скрил. Ако сака може и без да каже на семејството да си отиде некаде. Игор Џамбазов колку пати ради коцка се криеше по забутани села, дај боже да е така и во овој случај. Јас знам за 2 случаи кога отидоа во искушенички живот и станаа монаси без да кажат дома. Ги бараа со месеци и по Водно, и мислеа киднапирани и убиени се, па избегале со друга националност за на крај да иападне во манастир отишле. Ок, те свативме дека сестра му рекла не е во манастир ама ако сака може да се скрие било каде и никој не го бара за убиство што би рекла ти, и да се крие кај некој или отишол во планина овци да чува не прави кривично дело. И дај боже да е тоа а да не се фрлил во некоја провалија.
     
    На snowqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.097
    Пол:
    Женски
    Ако е таков законот сите криминалци ќе одат во манастир да се кријат.
    Мора да е законот над црквата.
    Со налог сигурно може да добијат информации и да направат претрес.
     
    На theowndemon, ALISA0000, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Каков налог, каков претрес, човеков не е криминалец ниту пак се огрешил пред законот и полицијата не го бара за кривично дело, не повторувајте едно исто, прочитајте ги сите коментари или барем неколку на последнава страна.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Разбирате ли дека не се работи за играње криенка и за "криење" колку да не ме фатат? Законот и Црквата се различни ентитети, Црквата не прибира кримоси по манастири, ниту така функционираат работите. Се работи за избор да станеш искушеник, и потоа монах. Не смееш да се откажеш од искушеничкиот живот, многу тежок пат е тоа, мислам до толку да сте неразбрани. Плус црквата не "прибира" криминалци кои бегаат од законот за искушеници, не е тукутака кој ќе дојде ќе стане монах, ниту детево било криминалец, а и не верувам дека се долгови во прашање (барем не сериозни) пошто освен ако не се откажеш од членот на семејството, долговите се наследуваат, барем тоа е јасно, од долгови никој не се спасил.
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.702
    Допаѓања:
    128.896
    Пол:
    Женски
    Што се раправате?
    Веројатно на фамилијата би ѝ кажале ако е во некој манастир.
    Значи, го нема.
     
    На Panda00 и lovely91 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.562
    Допаѓања:
    272.772
    Живееме во секуларна држава, црквата не е над полицијата.
    На семејството не е должна ништо да објаснува, ама на полицијата (и другите државни органи) - да.
     
    На theowndemon, ALISA0000 и crimson им се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    25.836
    Пол:
    Машки
    Ја само да прашам, како тоа некој дозволил црквата да може да не пријавува некого ако отишол да биде „искушеник“? До каде е границата на бидување искушеник? Многу чудно...
     
    На theowndemon, ALISA0000, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.562
    Допаѓања:
    272.772
    Муабети на празно. Ако им чукне на врата полиција, мора да го пријават, а тој искушеникот може да се искушува и понатаму и да не контактира со семејството.
    Ни црква ни џамија не е над закон во државава, барем на хартија де.
     
    На theowndemon, ALISA0000 и crimson им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.091
    Допаѓања:
    177.445
    Ова се трудам да го објаснам од вчера ама не запнале црквата ке го криела
    На почеток сестра му објави дека имаат надеж дека е во манастир,потоа напиша пост дека проверени се манастирите и дефинитивно не е во манастир
    Шо повеќе од ова?
    Детево и не е така наивно и целата случка не е баш ко шо е претставена
    И затоа мислам дека е самоубиство у прашање
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Дечкото бил депресивен и имал проблеми, така кажаа од семејството одма по исчезнувањето. Нивна беше и изјавата дека бараат по манастири, веројатно тоа им е сламка за спас и надеж зошто така барем ќе биде жив, другата опција е да си наштети. Мада пределот колку што гледам се се ниви ама бил физички спремен па не знам до каде може да отиде со оглед на тоа што со дронови го бараа поширокиот предел и не најдоа ништо. Кожув и Тиквешко се далеку, многу личи на случајот на Лидија ама оваа река не е Вардар. Мислам на тој терен мораа да имаат повеќе информации, а може и ги имаат а не ги кажуваат во јавност што е исто ок. Мене па ми е и чудно што отишол до друг град на работа, па дал отказ и као демек имал многу фин разговор со газдата, целата слика не се знае иако мислам дека семејството во голем дел знае.

    И со една претрага на гугл за искушеници најдов сторија за некоја Васе. Имала 20 година и ја снемало, после 10 дена се јавила да каже дека е искушеник и да не ја бараат. Полиција не отишла по манастири да ја бара. Затоа што е возрасна, нејзино право е каде сака ќе биде. Родителите оделе низ цела држава, прашувале и во соседни држави за на крај да добијат некое инфо дека е во Струмичка Епархија. Барајќи по манастири ја нашле, имало и полиција и пријавувале и во суд и пак не ја зеле. И на крај за 10 месеци сама се вратила дома.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.